Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Именувана нова портпаролка на Белата куќа: Која е Кејти Захарија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryqn6p4ibd45n46Ni9XYZ

Американскиот претседател Доналд Трамп ја именуваше Кејти Захарија за нова портпаролка на Белата куќа, која ќе ја замени Каролин Ливит.

— реклама —

Кејти Захарија моментално работи како виш советник за комуникации во компанијата „Трамп Медиа енд Технолоџи Груп“, а претходно била портпаролка и заменик-помошник секретар за односи со јавноста во американското Министерство за внатрешна безбедност.

— реклама —

Таа е адвокатка, дипломирала на Универзитетот „Пепердајн“ и на неговиот Правен факултет „Карузо“, а често гостува како коментаторка на телевизиите „Фокс њуз“ и „Њузмакс“.

— реклама —

Трамп истакна дека Кејти Захарија учествувала во неговите предизборни кампањи и му помагала во клучните сојузни држави, во кои, како што наведе, победил во сите седум.

— реклама —

„Таа е посветена поддржувачка на движењето МАГА и негова членка! Уверен сум дека Кејти ќе постигне одлични резултати за нашата земја на функцијата портпаролка на Белата куќа, како што го правеше тоа и досега. Ја почитуваат претставниците на медиумите, американскиот народ и членовите на мојата администрација, со кои одлично ќе соработува“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library52u4i4co6s1m4lgWAkj

Најмалку осум загинати во серија пукотници во САД за време на Ноќта на вештерките

Свет | пред 15 минути

— реклама —
media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Како изборите во САД можат да ја променат американската поддршка за Украина?

Свет | пред 1 час

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску

Свет | пред 1 ден

media-library362ucteqq34kcKqKHyw

(Видео) Крвав инцидент во САД: Едно лице загина, осуммина ранети во пукање пред стадион

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања