Ина за пратениците: Одмор за време на ваква трагедија не е дно, треба лифт да викнеш да те качи до дното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Коментари
sobranie-nov-sostav-sdsm

Инфлуеснерката која пишува под името на Ина Многуфина, остро го искритикува Собранието кое реши да не работи две недели, за да пратениците не се караат на пратенички прашања поради трагедијата во Кочани.

— реклама —

Нејзиниот статус:

„Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние што имаат дупки што станале тунели, оние кои се донесени за да може да шиба корупцијата, оние закони кои доведоа до оваа трагедија.... собранието си зема две недели одмор. Да одморат они од не знам што. Од праење планови како со седење во Скопје да кешираат патни трошоци, како да идат пијани на работа, како да дремат по цел ден во бифето кое е поевтино и од студентска менза, како да се местат да позираат додека се сликаат како се потпишуваат во книгата на жалост со поглед во камера и поза кума во матично, како да дремеат на седници куцкајки на телефон, да одморат од пикање на штабските потрчковци во собрание за решение, од тоа?

— реклама —

Собранието го носи барјакот за системот кој го немаме, слика и прилика на еден непрофесионализам и неетичност. Да одмореле, демек да не се испотепале за ситуацијата. Еј, немој бе. Демек ќе излезат и ќе се скараат за тоа кој е крив? Па тоа ќе ескалира? Немојте, па ние сите знаеме дека они се другарчиња кои сложно гласаат за плати и патни трошоци како едно. Земале одмор две недели, да не биде полошо.

Демек елоквентниве, дел од нив со фонд на зборови комад три, а дел само послушно дигаат рака. Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа. Да одморат од тоа што нигде ги немаше во време на трагедијата. Има допирање на дно во политика ама зимање одмор во време на ваква трагедија кога треба да се анализира системот и да се средува да земеш две недели одмор, не е дно. Од овде треба да викнеш лифт да те качи до дното. Беда“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања