Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Инцидент во трговски центар: Нападнат 16-годишник, повреден и маж кој се обидел да го одбрани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp
Скопје1.мк

Полицијата постапува по случај на физички напад меѓу малолетници во трговски центар на подрачјето на Аеродром, при што бил нападнат и 25-годишен маж кој се обидел да интервенира.

— реклама —

Од МВР информираат дека на 17 мај 2026 година во 13:50 часот, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот 16-годишен син бил нападнат претходната вечер.

„36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет“, соопшти полицијата.

— реклама —

Според пријавата, напаѓачот потоа физички го нападнал и 25-годишниот М.Д. од Скопје, кој се обидел да го заштити малолетникот.

— реклама —

И самиот М.Д. подоцна го пријавил настанот.

„На 17.05.2026 во 11:45 часот, М.Д.(25) од Скопје пријави дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од 16-годишник, додека бранел друг малолетник“, велат од МВР.

— реклама —

За случајот е известен јавен обвинител за малолетници, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 6 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 6 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања