Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

37 обвинети, десетици пропусти и едно прашање: кој требало да спречи 63 млади животи да згаснат?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarysfmkgf2j6o6q27o89zt

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а повеќе од 200 беа повредени. Процесот продолжува со произнесување вина и воведни зборови на одбраната, откако на претходното рочиште обвинителството побара одговорност по име и презиме за сите кои дозволиле, премолчеле или не ја спречиле трагедијата.

— реклама —

Обвинителот Борче Јанев во воведниот говор нагласи дека општеството мора да се соочи со болната вистина, бидејќи „не е важно само кој го запалил огнот – важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“. Тој истакна дека катастрофата не е последица само на пиротехниката, туку на години институционален молк, пропусти, игнорирани опасности и изостанати контроли што го претвориле клубот во „смртоносна стапица“.

— реклама —

Јанев рече дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил небезбеден уште од неговото отворање. „Никулците на оваа невидена катастрофа се појавиле одамна, а сите предуслови биле поставени години наназад“, истакна тој. Според обвинителството, ниту еден од обвинетите не реагирал на опасностите, бидејќи и нивните претходници не преземале ништо.

— реклама —

„Од изведените докази нема да видите ниту една активност што би го променила текот на настаните. Никој не излегол од долгогодишната рутина на непостапување“, додаде Јанев. Тој нагласи дека сите обвинети, како службени лица, го прифатиле молкот како службен протокол и со тоа создале „преплет од кривичноправни дејствија“ кои довеле до трагичниот исход на 16 март 2025 година.

Според обвинителството, трагедијата била резултат на систематска негрижа и игнорирање на безбедносните закани: дискотеката работела без противпожарен систем, со затворени прозорци, лесно запаливи и токсични материјали, само еден излез за евакуација и без дозвола за пиротехника. Во критичната вечер бил дозволен влез на над 600 гости, меѓу кои и малолетници по полноќ, без контроли за опасни средства. При согорување, вградените материјали – особено сунѓерот на плафонот – ослободиле смртоносни гасови што довеле до масовна загуба на животи.

Судењето се одвиваше под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на загинатите, претставници на обвинителството и одбраната, како и домашни и странски новинари.

Осум месеци по трагедијата, на обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Обвинетите се: Дејан Јованов, Митко Стојанов, Михаил Јованов, Гроздан Милковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Ратко Димитровски, Николчо Илијев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Мартин Горгиев, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џеват Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сараќини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шовкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кузмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, како и правните лица: „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани, „Рубикон Секјурити Солушнс“ и „Венци Проект“ ДООЕЛ Кочани.

Паралелно со главниот процес, се води и постапка против полициски службеници за кои се сомничи дека повеќе од една деценија давале лажни уверувања и дозволувале дискотеката да работи без исполнети безбедносни стандарди. Некои од нив се во притвор, а други под мерки на претпазливост.

Истовремено, Обвинителството отвори и постапка против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска, а предметот го застапува тим од 15 јавни обвинители. Таа порача дека ќе бара дисциплина од сите учесници во процесот и дека секое неоправдано одлагање ќе биде санкционирано.

Трагедијата од 16 март 2025 година останува најголемата цивилна несреќа во поновата македонска историја – оголен пресек на системски пропусти што годинава конечно се разгледуваат пред суд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања