Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Администрацијата на Трамп во отворен судир со ЕУ: казната за X ја разгоре политичката битка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп влезе во отворен конфликт со Европската унија, претворајќи ги долгогодишните тензии околу слободата на изразување, Украина и миграциите во официјална политика на Вашингтон, пишува „Аксис“.

— реклама —

Ескалацијата следува по казната од 140 милиони долари што Унијата ѝ ја изрече на платформата X на Илон Маск, откако европските регулатори утврдиле дека ја довела јавноста во заблуда, прикривала информации за огласувањето и го ограничувала пристапот на истражувачите до јавни податоци.

— реклама —

Маск жестоко возврати, обвинувајќи ја ЕУ за „бирокатска тиранија“ и задушување на слободата на говор, при што под хаштагот #UkiniteEU се собраа десничарски политичари и милиони негови следбеници. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски порача: „Оди на Марс. Таму нема цензура на нацистички поздрави.“

— реклама —

Американски високи функционери се ставија во одбрана на Маск. Државниот секретар Марко Рубио ја нарече казната „напад врз американските технолошки платформи“, потпретседателот Џ. Д. Ванс го оцени како „смешна пресуда“, а сенаторот Тед Круз повика Трамп да воведе санкции кон ЕУ „додека оваа срамота не биде поништена“.

Во најновата американска Стратегија за национална безбедност, Европа е опишана како геополитички ривал. Документот ја обвинува Унијата за „регулаторно задушување“ и „поткопување на демократските процеси“, посочувајќи ги масовните миграции како главна спорна точка.

Според Белата куќа, европските власти создале „демографски промени“ со отворање на границите, а истовремено ги замолчуваат критичарите. Илон Маск и Ванс на Минхенската безбедносна конференција отворено дадоа поддршка на европски крајнодесничарски партии, меѓу кои и германската АфД.

„Ова е политичка објава на војна“, изјави поранешниот висок претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. „Трамп сака бела Европа поделена на држави, зависна од неговите политички потреби. Престанете да се преправате дека не е наш противник.“

Европските лидери предупредуваат и на вмешување во внатрешните политички процеси. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта порача дека „вмешувањето во европскиот демократски живот е неприфатливо“.

Позицијата на ЕУ беше дополнително заострена со колумната на комесарот за одбрана Андриус Кубилиус, кој оцени дека стратегијата на Вашингтон покажува „јасен антагонизам кон Унијата“ и дека зад говорот за „цивилизациски закани“ стојат исклучиво американски геополитички интереси.

Трамп, во големо интервју за „Политико“, ги нарече европските лидери „слаби“ и додаде дека „Европа пропаѓа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 1 ден

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 1 ден

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања