Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Адвокатот на Штекли: Обвинителството не докажа ништо, постапката со сериозни пропусти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU
Скопје1.мк

Одбраната на Раде Трајковски-Штекли во завршните зборови наведе сериозни пропусти во постапката и тврди дека обвинителството не ја докажало теоријата, бидејќи нема релевантни докази и при претрес во неговото „ауди“ не било најдено ништо сомнително. Адвокатот посочи и повреда на правата поради здравствената состојба на обвинетиот и спорно вештачење (еден вештак без важечка лиценца), тврдејќи дека тој не можел активно да учествува. Обвинителството гони 10 лица за организирана продажба на дрога; дел веќе се спогодиле, судењето продолжува.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со низа забелешки за, како што оцени, сериозни пропусти во постапката, одбраната на Раде Трајковски-Штекли ги изнесе завршните зборови пред судот, тврдејќи дека обвинителството не успеало да ја докаже обвинителната теорија.

Адвокатот посочи дека обвинението не е поткрепено со релевантни докази и факти, нагласувајќи дека при претресот во возилото „ауди“ на обвинетиот не било пронајдено ништо сомнително.

— реклама —

Дополнително, одбраната укажа на повреда на правата на обвинетиот, особено во делот на неговата здравствена состојба. Според адвокатот, судот прифатил вештачење од вештак, од кои едниот немал важечка лиценца, што, како што беше истакнато, сериозно ја доведува во прашање валидноста на доказите.

„Во овој предмет со напори се обидувавме да докажеме дека неговата здравствена состојба не дозволува да следи вакво судење, дека поради психичката состојба не беше во можност активно да комуницира во текот на постапката. Без добра комуникација невозможно е да се разбере проблемот на обвинетиот“, истакна адвокатот.

— реклама —

Одбраната нагласи дека обвинетиот не дал свој придонес во постапката не затоа што се чувствува виновен, туку затоа што не бил во состојба да учествува.

Претходно, Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против 10 лица, по истрага која траела речиси една година и вклучувала посебни истражни мерки. Според обвинението, станува збор за организирана група која се занимавала со набавка и продажба на кокаин и марихуана, со комуникација преку апликацијата „Снепчет“ и докази обезбедени преку системот „Селебрајт“.

Дел од осомничените веќе склучиле спогодби со обвинителството и добиле затворски казни. Судењето за останатите продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

(Видео) Штекли не се чувствува виновен: „Не го разбирам делото“, рече во судницата

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU

(Видео) Штекли ѝ предал писмо на докторката со аманет: „Да ми ги закопаат коските во дворот“; Таа смета дека е психички стабилен

Македонија | пред 6 месеци

rade-trajkovski-stekli-3

И рочиштето на Штекли одложено, добил еден вид епилептичен напад во судницата

Македонија | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Осомничен 24-годишник за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања