Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Акција на МВР во Штип: 40 казни и три лица приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
IMG_6897

Во акциска контрола спроведена денеска во Штип, полицијата изрече 40 санкции за сообраќајни прекршоци и лиши од слобода три лица поради безобѕирно управување со моторно возило.

— реклама —

Како што информираат од МВР, контролата била реализирана во периодот од 07:00 до 13:00 часот од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи.

— реклама —

Од вкупно изречените мерки, три се однесуваат на измината важност на сообраќајната дозвола, една за неисправни светлосно-сигнални уреди, една за возач почетник, шест за товарни возила поради претовар, вонреден превоз и некористење на церада, три за непоседување задолжителна опрема, две за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон при возење, една за некористење заштитен шлем и шест за останати прекршоци.

— реклама —

Дополнително, поднесени се девет барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.

Три лица се лишени од слобода за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување без возачка дозвола.

За сите сторители се изготвени соодветни поднесоци, а од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, нагласувајќи дека само со одговорно однесување може да се придонесе за побезбедни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 2 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 5 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 7 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања