Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 48 мерки, две лица се лишени од слобода и одземени се три возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ
Скопје1.мк

Според информации од МВР, денеска, на 25.03.2026, во периодот од 07:00 до 13:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на градот Тетово, со акцент на општа контрола на возила и возачи во јавниот сообраќај.

— реклама —

При контролата изречени се вкупно 49 мерки за различни прекршоци, меѓу кои пет за јавен превоз на патници без лекарско уверение, една за технички неисправно возило, три за измината важност на сообраќајната дозвола, три за управување моторно возило со несоодветна категорија, три за возачи почетници, шест за непоседување на пропишана опрема, десет за претовар и необезбеден товар, четири за користење мобилен телефон за време на возење и четири за други прекршоци.

— реклама —

Поднесени се девет барања за поведување прекршочна постапка за правни и одговорни лица. Две лица се лишени од слобода и две возила се времено одземени поради кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ според член 297-а од Кривичниот законик, додека едно возило е одземено поради измината важност на сообраќајната дозвола над шест месеци.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбедни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 56 минути

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 4 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 6 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања