Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Акциска контрола во Гостивар: Изречени се 59 казни, одземени се пет возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryslrc65evp7jg1ucKgj9

Денес (04.03.2026) од 07:00 до 13:00, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Тетово – ОВР Гостивар за санкционирање прекршувања на сообраќајните правила. Изречени се 59 мерки (истечени дозволи, прекубројни патници, без лекарско уверение, претовар и др.) и поднесени 15 барања за прекршочна постапка. Едно лице е лишено од слобода за безобѕирно управување без возачка дозвола, а одземени се 5 возила поради долго истечени сообраќајни дозволи. Контролите продолжуваат.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска (04.03.2026), во периодот од 07:00 до 13:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Тетово - ОВР Гостивар со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

— реклама —

При контролата изречени се вкупно 59 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив шест за измината важност на сообраќајната дозвола, шест мерки за превоз на патници повеќе од пропишаното во автобуси, минибуси и такси возила кои вршат јавен превоз на патници, една за неизвршен вонреден технички преглед на автобус, девет мерки за возила кои вршат јавен превоз на патници без лекарско уверение, 10 мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, шест мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, шест мерки за останати прекршоци. Поднесени се и 15 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

— реклама —

Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола“ и одземени се пет возила поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

— реклама —

За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 2 секунди

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 3 часа

media-libraryssdat1nbjj506qU2n1f

Жена пронајдена почината во стан во Битола

Македонија | пред 3 часа

media-libraryotrv38dbbpjg0gSI8pf

Трагедија во семеен дом: Син осомничен за убиство на татко во Гостивар

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања