Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Акциска контрола во Струга: 57 казни, одземено возило и едно лице уапсено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library37s0fjk665nb39UZPfh
Скопје1.мк

На 12.03.2026, од 14:00 до 21:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот спроведе акциска контрола во СВР Охрид – ОВР Струга за санкционирање прекршоци. Изречени се 57 мерки (истечени дозволи, несоодветна категорија, технички прегледи и лекарско уверение за јавен превоз, претовар, опрема, мобилен, неисправни светла и др.) и поднесени 11 барања за прекршочна постапка. Едно лице е лишено од слобода за „безобѕирно управување“ без возачка дозвола, а едно возило е одземено поради истечена сообраќајна дозвола над шест месеци. Контролите продолжуваат.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вчера изречени 57 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Струга, лишено од слобода едно лице, одземено возило

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден (12.03.2026 година) во периодот од 14:00 до 21:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид - ОВР Струга со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

— реклама —

При контролата изречени се вкупно 57 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив четири за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на моторно возило со несоодветна категорија, три мерки за неизвршен вонреден технички преглед на возила кои вршат јавен превоз на патници, една мерка за возач кој врши јавен превоз на патници без лекарско уверение, седум мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, пет мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, две мерки за користење на мобилен телефон, две мерки за неисправни светлосно сигнални уреди и 21 мерка за останати прекршоци. Поднесени се и 11 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

— реклама —

Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола и одземено е едно возило поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

За сите сторители на сообраќајни прекршоци изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 9 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 13 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 15 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања