Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Актерот Владо Јовановски револтиран: „Нема дизел – затоа што чекате поголем профит?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-libraryvnsactlmjg6c6mWGCxd

Актерот Владо Јовановски јавно реагира на актуелната состојба со недостиг на гориво на бензинските пумпи, споделувајќи лично искуство од посета на пумпа на „Макпетрол“.

Тој раскажува дека отишол да ги напумпа гумите на своето возило и да наточи бензин во вредност од 1000 денари, за автомобилот кој, како што вели со доза хумор, е „скоро со ист датум роден како него“, произведен во 1999 година.

— реклама —

Додека бил на пумпата, зад него стоел човек кој побарал дизел гориво, но добил краток одговор од вработените дека дизел нема.

„Зад мене некој бараше дизел. ‘Нема бе’, беше одговорот. А зошто нема? Затоа што сакате поголем профит по 24 часот во понеделник или...?“, прашува Јовановски.

— реклама —

Тој нагласува дека во вакви кризни ситуации не треба само Владата да обезбедува субвенции и помош за граѓаните, туку и компаниите кои остваруваат профит да покажат општествена одговорност.

„Не треба само Владата на Македонија да дава субвенции како помош за граѓаните во вакви кризни состојби. Треба и вие, на кои ви се полнат џебовите, да бидете општествено одговорни“, порача актерот.

На крајот од реакцијата, Јовановски кусо ја оцени состојбата со зборот: „Срамота“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

avion

И по отворањето на Ормутскиот теснец: млазното гориво ќе се нормализира дури по неколку месеци

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
benzine

Најскапо гориво во светот – еве каде возачите плаќаат најмногу

Свет | пред 2 седмици

media-librarygkqn877akssrfF3DxeF

Зошто автомобилот одеднаш ви троши повеќе гориво? Проблемот можете да го решите за малку пари

Магазин | пред 5 месеци

benziska-guzva-goriva4

Горивата поскапуваат, цените стануваат енормно високи

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања