Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Алијансата на Зијадин Села излегува од ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
sela-2

Алијансата за Албанците на Зијадин Села од денеска тргнува по свој политички пат. По состанокот на партиското Претседателство, крилото под раководство на Села соопшти дека ја напушта коалицијата Национална алијанса за интеграција предводена од ДУИ и дека пратениците на партијата во Собранието ќе формираат независна пратеничка група.

Во соопштението се наведува дека изминатите локални избори и начинот на кој завршија биле клучниот момент за ваквиот чекор. Иако коалицијата во која учествуваше АА освои најмногу гласови на национално ниво во советничките листи, партијата тврди дека резултатите во битките за градоначалници биле деформирани од, како што велат, „државен инженеринг“ и координирани дејствија меѓу албанските партии на власт и македонските политички субјекти. Според Села, целта била исполнување на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ за „дефакторизација на Албанците“.

— реклама —

„Под ваквите сценарија, најмногу изгубија самите Албанци, кои по централната власт се деградирани и на локално ниво“, стои во текстот потпишан од Села. Партијата нагласува дека, и покрај изборниот исход, останува целосно посветена на националната кауза и на заштитата на правата и рамноправноста на Албанците во државата.

Членовите на Претседателството, по долги дискусии, едногласно ја поддржале одлуката за самостојно делување. Во следните денови, пратениците на АА ќе ја формализираат одлуката во Собранието со оформување независна група.

— реклама —

Партијата наведува дека ќе продолжи активно да ја критикува политиката на актуелната власт и да соработува со другите субјекти на албанската опозиција. Националната кауза, уставните права и санирањето на, како што велат, „штетите од оваа Влада“ остануваат нивна централна платформа за понатамошно дејствување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
ali-ahmeti

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

Македонија | пред 2 дена

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН

Македонија | пред 3 дена

media-libraryeajdf2kqgpndeEl5is8

Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања