Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ДУИ

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“ – со вакви квалификации Демократската унија за интеграција ја оцени работата на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.Од партијата тврдат дека за нешто повеќе од една година власта „ја уништила економијата, го саботирала европскиот пат и ги нападнала правата на Албанците“, обвинувајќи и за политички притисок врз коалициската групација ВЛЕН.Според ДУИ, економските ветувања не се реализирале, посочувајќи дека минималната потрошувачка кошница достигнала речиси 69.000 денари, додека странските директни инвестиции, како што наведуваат, паднале за 61 процент и изнесуваат 468 милиони евра.„Пазарот го оцени ова владеење со бегство на капитал, не со аплауз“, се наведува во соопштението.Партијата оценува дека европскиот пат на државата останува блокиран не само поради надворешни фактори, туку и поради, како што велат, „активното одбивање на Владата да ги почитува постигнатите договори“.Во реакцијата се тврди и дека Албанците, кои сочинуваат значителен дел од населението, се „мета на владините политики, а не партнери“, при што се доведуваат во прашање клучни елементи како Охридскиот рамковен договор, јазичните права и институционалната застапеност.ДУИ упати и критики за улогата на ВЛЕН во власта, оценувајќи дека нејзините лидери се под политичка контрола.Од партијата бараат „итна одговорност“, оценувајќи дека Владата „нема морален мандат да продолжи“ и дека граѓаните заслужуваат повеќе.

Македонија | пред 1 ден

ali-ahmeti

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како што се наведува во нивното соопштение, изразува загриженост за, како што го оценуваат, сериозната политичко-правна ситуација поврзана со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.Од партијата тврдат дека постојат информации за судско досие од 320 страници поврзано со наводни неправилности во областа на нелегална градба во Чаир, кое, според нивните наводи, содржи обвинувања за штета врз општинскиот буџет во износ од 72 милиони евра.ДУИ во соопштението наведува дека ваквата состојба претставува и правен и политички скандал, при што изразуваат став дека, како што велат, постои впечаток дека документите се користат како средство за политички притисок.Во реакцијата се посочува и дека, според нив, останувањето на Меџити на функцијата претставува товар врз граѓаните на Чаир, кои ги трпат последиците од, како што велат, недоволно одговорно управување.ДУИ наведува дека штетата од 72 милиони евра значи недостиг на инвестиции во инфраструктура, образовни и здравствени објекти, како и во јавни услуги за граѓаните.Како што се додава во соопштението, партијата бара Меџити да поднесе оставка од функцијата градоначалник и да се соочи со, како што велат, правните постапки надвор од политичката функција.ДУИ истакнува дека ќе продолжи да инсистира на одговорност за, како што наведуваат, секоја штета направена врз општинскиот буџет и повикуваат на реакција од институциите и јавноста, нагласувајќи дека молкот и неактивноста претставуваат соучесништво.

Македонија | пред 2 дена

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН

Се заострува политичката пресметка меѓу ВЛЕН и ДУИ околу прашањето за употребата на албанскиот јазик при полагањето на правосудниот испит, при што двете страни изнесуваат спротивставени тврдења за одговорноста.Од ВЛЕН обвинуваат дека поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, со свој потпис во 2019 година дозволил законско решение во кое албанскиот јазик бил изоставен, иако Законот за употреба на јазиците веќе бил на сила. Според нив, станува збор за „чист политички печат“, со кој, како што велат, свесно биле оштетени студентите Албанци.„Талат Џафери не побара усогласување на законот за правосудниот испит со одредбите за употреба на јазиците, туку даде зелено светло за текст во кој албанскиот јазик е изоставен“, велат од ВЛЕН, прашувајќи и на кој јазик бил полаган испитот од неговиот син.Од друга страна, ДУИ ги отфрла овие обвинувања како обид за префрлање на вината и политичка манипулација. Од партијата посочуваат дека во самиот закон воопшто не постои одредба што го регулира јазикот на полагање, ниту пак има забрана за албанскиот.„Нема јазична клаузула во законот. Прашањето е уредено со Законот за употреба на јазиците, кој има предност доколку другите закони не се усогласени. Правната основа постои, но недостасува политичка волја“, наведуваат од ДУИ.Оттаму додаваат дека ВЛЕН, наместо да се залага за спроведување на постојните законски решенија, се обидува да ја прикрие сопствената, како што велат, неефикасност во Владата.Спорот се отвори по протестите на студентите по право, кои бараат можност правосудниот испит да го полагаат и на албански јазик, што повторно ја стави темата за јазичните права во фокусот на политичките судири.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryeajdf2kqgpndeEl5is8

Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам

Поранешниот градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, реагираше откако полицијата поднесе кривична пријава против него и уште едно лице, оценувајќи дека станува збор за политички притисок, а не за правна постапка.„Вчера Мицкоски имал ‘чувство’ дека ќе има кривични пријави. Денес Министерството за внатрешни работи го реализира тоа ‘чувство’. Случајност? Не. Ова е чист политички притисок“, изјави Беџети.Тој посочи дека кога, како што вели, кривичните пријави се најавуваат од политиката, а потоа се реализираат од институциите, тоа отвора сериозни дилеми за функционирањето на државата.„Но нека им биде јасно: јас не запирам. Не се уценувам. Не се повлекувам. Ова се обиди да се замолчи политичкиот глас кој не прифаќа да се потчини“, додаде Беџети, нагласувајќи дека, според него, ваквите постапки само ја зајакнуваат неговата убеденост.Претходно, Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднело кривична пријава против Б.Б. (49) и З.Д. (61) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.Според МВР, З.Д. како овластено службено лице во Град Скопје овозможил правен субјект од Сарај да стекне противправна имотна корист од 3.224.064 денари, иако немал надлежност да издава решение за режим на сообраќај.Воедно, Беџети како градоначалник на Општина Сарај, во два наврати донел решенија за режим на сообраќај и нивни измени без соодветен надзор и спротивно на урбанистичкиот план, со што, според полицијата, му овозможил на истиот субјект противправна корист од 42.851.205 денари.И покрај обвинувањата, Беџети порача дека „вистината не запира, само доцни, но доаѓа и победува“.

Македонија | пред 4 дена

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на „Вреди“ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Од ДУИ наведуваат дека вчерашната објава на пратеник од „Вреди“, со која се обидел како успех да го прикаже двојазичното објавување документи во „Службен весник“, завршила како јавен доказ за, како што велат, неспроведување на Законот за јазиците од страна на институциите.Од партијата посочуваат дека „Службен весник“ не функционира по политичка желба или моментален каприц, туку има законска обврска објавите да ги публикува на два јазика, согласно важечкиот правен поредок.Од таму оценуваат дека пратеникот на „Вреди“, во обид да се пофали, всушност промовирал примена на законска обврска што, според нив, институциите секојдневно ја оспоруваат.Од ДУИ додаваат дека, со споредбите што биле направени со други институции, јавно се потврдило оти дел од нив не ја почитуваат законската обврска за употреба на албанскиот јазик.Според партијата, тоа покажува дека проблемот не е во толкувањето на законот, туку во неговото неспроведување.Од ДУИ порачуваат дека Владата и Претседателката не можат да се кријат зад, како што велат, пропагандата на своите пратеници, и дека кога целта е манипулација со јавноста, вистината излегува на површина.Тие додаваат дека со ова, „Вреди“ потврдил дека албанскиот јазик се потиснува од институциите преку систематско неспроведување на законот.На крајот, од ДУИ бараат целосно и итно почитување на Законот за употреба на јазиците од секоја државна институција, без исклучок.

Македонија | пред 5 дена

izet-medziti

ДУИ бара итна оставка од Меџити: Од буџетот на Чаир редовно се плаќа партиски активист, а за воспитувачките пари нема

1.000 евра месечно за активист од надвор од Чаир, додека воспитувачките без 100 евра шест месеци – Меџити мора да поднесе оставка, велат од ДУИ.„Во Open Finance е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра од Општина Чаир за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник од друга општина.Ниту живее во Чаир.Ниту е даночен обврзник во Чаир.Ниту има врска со реалните потреби на граѓаните на Чаир.Сепак, од буџетот на граѓаните на Чаир редовно се плаќа партиски активист, додека воспитувачките и вработените во градинките во Чаир шест месеци ја немаат добиено исплатата од само 100 евра и си заминуваат една по една од работните места.Ова е реалноста што ја создаде Изет Меџити.Пари за партиските кадри има.За воспитувачките што се грижат за децата во Чаир нема.Ова е морална, политичка и институционална злоупотреба на општината.Изет Меџити го загуби секој кредибилитет да зборува за одговорност, развој и грижа за граѓаните.Бараме итна оставка од Изет Меџити.Нема да запреме сè додека не замине и додека на Чаир не му се врати институционалното достоинство“, додаваат од ДУИ.

Скопје | пред 6 дена

media-libraryo1lfgro1ecpj5ZnBGoi

(Фото) Ахмети со Гаши и министерот Лимани беа кај Рама на „Самит на албанската дијаспора“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, учествуваше на отворањето на четвртиот Самит на албанската дијаспора во Тирана, каде упати порака за единство и заедничка иднина.„Задоволство е да се учествува на отворањето на Самитот на албанската дијаспора – ‘Преку корените се издигнуваме’. Ова е момент што нè потсетува дека нашата сила произлегува од идентитетот, историјата и нераскинливата поврзаност едни со други“, напиша Ахмети.Тој истакна дека самитот претставува важен мост за поврзување на Албанците ширум светот, со цел зајакнување на соработката, размена на искуства и заеднички ангажман за развој и европска перспектива.На настанот присуствуваа и Фатмир Лимани, министер за труд и социјална политика, како и претседателот на Собранието Африм Гаши.Самитот во Тирана собра претставници на дијаспората, политички лидери и институционални претставници, со фокус на поврзување и зајакнување на националната и економската соработка.

Македонија | пред 1 седмица

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Политички тензии: Османи тврди дека се подготвува план за укинување на Законот за јазици

Поранешниот министер и функционер на ДУИ, Бујар Османи, обвини дека постои континуирана и, како што рече, „добро осмислена политика“ за поткопување на Законот за употреба на јазиците.Османи тврди дека уште во минатото пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обиделе физички да го спречат донесувањето на законот, а подоцна истиот бил оспорен пред Уставниот суд.Според него, по доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ ја „инструментализирало“ Уставен суд на Република Македонија со цел, како што вели, да се затвори ова прашање.Тој посочи дека се прават институционални чекори кои, според него, водат кон слабеење на примената на албанскиот јазик, вклучително и, како што наведе, намалување на надлежностите на инспекторатот, маргинализирање на агенциите и отстранување на јазикот од официјални документи и ознаки.Османи предупреди дека, како што рече, се подготвува наратив за измена на клучните одредби од законот, оценувајќи дека станува збор за долгорочен и координиран процес.Во обраќањето, тој повика на обединување и поддршка за студентите кои протестираат, нагласувајќи дека прашањето за јазикот ги надминува партиските разлики.„Јазикот не е на никого поединечно, туку е резултат на генерациска борба. Денес треба да бидеме заедно – не само Албанците, туку сите граѓани кои сакаат еднаква и европска држава“, порача Османи.

Македонија | пред 2 седмици

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

ДУИ остро реагираше на изјавата на премиерот во Собранието во врска со употребата на албанскиот јазик, оценувајќи дека станува збор за еден од најзагрижувачките моменти во политичкиот дискурс од потпишувањето на Охридскиот мировен договор.Во реакцијата, партијата наведува дека ставот дека албанскиот јазик може да се користи „колку сакате“, но дека службен јазик е македонскиот, претставува сериозно отстапување од уставниот поредок.„Тврдењето дека албанскиот јазик може да се користи ‘колку сакате’, но дека службен јазик е македонскиот, не е само политичка изјава, тоа е директно враќање на логиката на Уставот од 1991 година и тогашниот член 7, игнорирајќи го Амандманот V од 2001 година, кој претставува темел на уставниот поредок и на меѓуетничката рамнотежа во државата“, се наведува во соопштението.Од ДУИ оценуваат дека ваквиот пристап ја нарушува суштината на Охридскиот договор.„Овој став ја нарушува суштината на Охридскиот договор, кој не е симболичен компромис, туку реална архитектура на соживот, изградена токму за да ги надмине изворите на конфликт што ги создаде Уставот од 1991 година“, стои во реакцијата.Партијата предупредува дека релативизирањето на статусот на албанскиот јазик отвора сериозни ризици.„Релативизирањето на статусот на албанскиот јазик не е прашање на толкување, туку отворање на опасен пат што директно ги засега меѓуетничките односи и функционалноста на нашата мултиетничка демократија“, наведуваат од ДУИ.Во реакцијата се додава дека ваквиот пристап претставува обид за ревизија на постигнатите резултати.„Овој пристап претставува чекор назад и обид за ревизија на темелните достигнувања на државата, инспириран од логики што се во спротивност со концептот на мултиетничка и демократска држава“, велат од партијата.ДУИ го повика премиерот да се повлече од ваквата позиција.„Го повикуваме Премиерот веднаш да се повлече од оваа позиција и целосно да го почитува уставниот поредок произлезен од Охридскиот договор. Секое отстапување од овој поредок не е само политичка грешка, тоа е удар врз самите темели на соживотот и функционалноста на државата“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост за влошувањето на животниот стандард на граѓаните, како резултат на недоволните економски политики на Владата.„Иако Владата се пофали со зголемување на платите за околу 1.600 денари, реалноста на терен покажува дека трошоците за живот во изминатата година се зголемени за најмалку 6.000 денари месечно по домаќинство. Ова значи дека граѓаните реално се соочуваат со пад на куповната моќ и секојдневно се борат да ги покријат основните потреби.Цените на храната, електричната енергија, горивата и основните услуги бележат континуиран раст, додека мерките на Владата остануваат задоцнети и недоволни. Наместо системски решение граѓаните добиваат зголемување со кои не можаат да ги покриваат ни трошоците за храна и пијалоци.ДУИ оценува дека е неопходно итно преземање на конкретни мерки за стабилизирање на цените и заштита на животниот стандард. Во спротивно, ќе продолжи трендот на осиромашување на граѓаните и зголемување на социјалната нееднаквост.ДУИ останува посветена на предлагање реални и одржливи решенија кои ќе обезбедат економска стабилност и подобар живот за сите граѓани.Да почнеме со зголемување на минималната плата од 35.000 Ден“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Тоа што ДУИ го објави во однос на купувањето на електрична енергија, вчера го потврди и Државниот завод за статистика, со тоа што бруто-производството на електрична енергија од страна на термоелектраните е намалена за цели 22.5% споредено со истиот период од претходната година, велат од ДУИ.„Овој недостаток е целосно компензиран со купување на базна електрична енергија.За да бидат граѓаните во целост информирани, електричната енергија е купена од ТЕ-ТО и тоа е јавна достапна информација.За да се утврди, кој ја кажува вистинита, ја повикуваме ЕСМ да ги објави сите јавни повици и договори за купо-продажба на електрична енергија, за граѓаните да имаат увид во тоа како се менаџира со електро-енергетските капацотети на државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypqk10lh40i1i6zWGhdd

„Мицкоски е ироничен“, му вратија ДУИ на Мицкоски

Демократската унија за интеграција останува доследна на својот пристап – аргументирана дебата заснована на факти, особено кога станува збор за прашања што директно влијаат врз економијата и стандардот на граѓаните, велат од ДУИ како реакција на изјавата на премиерот Хирстијан Мицкоски.„Во однос на изјавата на премиерот, сметаме дека теми од ваква важност бараат сериозен пристап и јасни одговори, а не обид за релативизирање преку иронија. Фактите се јасни.Од 1 јануари 2026 година, според достапните податоци, се реализирани набавки на електрична енергија во вредност од околу 25 милиони евра.Станува збор за набавка на базна енергија од 140 MWh, што значи купување и во ноќните часови, кога побарувачката е намалена.Притоа, неспорно е дека количините на увоз ја надминуваат продажбата. Ова не е прашање на политичка интерпретација. Ова е прашање на бројки, економска логика и одговорно управување со државните ресурси.Доколку Владата смета дека оваа политика е оправдана, тогаш треба тоа јасно да го образложи пред јавноста – со факти и аргументи.ДУИ не бега од бројки. Напротив, токму бројките покажуваат дека јавноста има право да бара објаснување.ДУИ ќе продолжи да настапува со конкретни предлози и конструктивен пристап, со единствена цел – заштита на интересите на граѓаните и обезбедување стабилен и одржлив енергетски систем.Јавната дебата мора да се води со факти, затоа што граѓаните заслужуваат одговори, а не досетки“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост во врска со најавите за реорганизација на раководната структура во Министерството за внатрешни работи, која вклучува укинување на значителен број раководни позиции. Намалувањето на повеќе од една третина од раководната структура, во една од најчувствителните институции на државата, не е само организациско прашање. Тоа има директни последици врз правичната застапеност и врз меѓуетничката рамнотежа во безбедносните институции, велат од ДУИ.„Тврдењата дека овие позиции не треба да се поврзуваат со етничка припадност, туку исклучиво со професионални критериуми, занемаруваат еден од темелните принципи врз кои е изграден институционалниот баланс во државата – правичната и соодветна застапеност.Овој принцип не е политички компромис, туку уставен стандард и клучен елемент за довербата на граѓаните во безбедносните институции.Во сегашните околности, кога значителен дел од овие позиции ги држат Албанци, нивното укинување без јасни механизми за гарантирање на застапеноста создава реален ризик од нарушување на постигнатата рамнотежа.Општите изјави за „нема потреба од загриженост“ не се доволни.Потребна е целосна транспарентност за новата систематизација, критериумите за избор и конкретниот начин на кој ќе се обезбеди правичната застапеност во раководните структури на Министерството за внатрешни работи.Безбедносните институции не смеат да се третираат како простор за организациски експерименти без проценка на нивното политичко и општествено влијание.ДУИ смета дека секоја реформа во овој сектор треба да го зајакне професионализмот, но истовремено да ја зачува меѓуетничката рамнотежа и институционалната доверба.Секое отстапување од овие принципи ќе има долгорочни последици врз демократското функционирање и врз општествената кохезија во државата“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryt0r3c14d19rvdLoBNlk

„Не ја владеат материјата“, им врати Мицкоски на кадрите на Ахмети откако го обвинија дека лаже

По објавата на ДУИ дека за само два месеци се потрошени над 24 милиони евра за увоз на електрична енергија, што според партијата укажува на недоволен производствен капацитет на ЕСМ и зголемен притисок врз цената за граѓаните, премиерот Хистијан Мицкоски ја поздрави новата реторика на ДУИ, нагласувајќи дека партијата конечно се фокусира на реалните проблеми што ги засегаат граѓаните, како што е моменталната енергетска криза„Сакам да го поздравам ова ново однесување од страна на ДУИ бидејќи излезе од оние ретро политики коишто беа политики на политичарите од пред неколку децении, кон крајот на минатиот век, и што конечно почнаа да се интересираат за реалните теми коишто, коишто граѓаните вистински ги интересираат. меѓу кои е и овој предизвик којшто денеска се случува, историски предизвик, а тоа е војната во заливот.Тоа е добро што излегоа од оние пранги на национализам, на етно политика, на фолклор и така натаму, и што конечно ги интересираат реалните проблеми на граѓаните. Но лошото е што не баратаат добро, не ја владеат материјата и тоа што го кажуваат е спротивно на вистината. Затоа што денеска ЕСМ, односно поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќните часови извезува, односно продава на берзите околу 850 мегават-часови, што дневно на компанијата ѝ носи додадена вредност меѓу 100 и 150 илјади евра. Инаку, да, постојат периоди од годината кога се увезува струја, постојат периоди кога ќе се извезува, еве да речеме, сега е отприлика 12 часот, и ако ја погледнете берзата, ќе видите дека цената на струјата е нула или минус. И би било, лошо како компанија ако сега не превземаат електрична енергија од берзата кога е нула или, или минус, и да речеме произведуваме електрична енергија од акумулациите.Јас сум на дневна комуникација со раководството на АДСМ, односно поранешно АД ЕЛЕМ, и, ааа, оние долгови коишто беа својствени на владата СДСМ и ДУИ, оние трансфери од буџетот 150-200 милиони евра коишто завршуваа во фирми со сомнителни бизнис делки во набавката на мазут, инстант компании коишто носеа јаглен од соседството и така натаму, по цена којашто беше 30 до 50% поскапа, се во минатото. Така што, да бидат спокојни, АД ЕСМ не е таа веќе АД ЕСМ кога беше владата на, на СДСМ и ДУИ. Ова е компанија којашто денеска продава на берза и заработува на дневна основа помеѓу 100 и 150 илјади евра“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 седмици

Dalekovod_Pari

ДУИ: Речиси 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на 2026 година

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, велат од ДУИ.„Само од почетокот на 2026 година, ЕСМ, со цел да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, била принудена да набавува електрична енергија во најмалку два наврати:• Јануари: 104.160 MWh по цена од 119,50 евра за MWhВкупно: 12.447.120 евра• Февруари: 94.080 MWh по цена од 126,90 евра за MWhВкупно: 11.938.752 евраВкупно, за само два месеци се потрошени 24.385.872 евра за увоз на електрична енергија.Овие бројки јасно покажуваат дека ЕСМ нема доволен производствен капацитет за да ги покрие потребите на регулираниот пазар. Ова директно води кон зголемен притисок врз цената на електричната енергија за граѓаните.Електроенергетскиот систем се соочува со сериозни предизвици, а последиците од недомаќинското и нестручното управување ќе ги сносат граѓаните, преку зголеми фактури“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

grehrjtdzdk-196814

ДУИ бара оставка од директорката на Централниот регистар и одговорност од Владата

По објавувањето на фактите дека во Централниот регистар се реализирани 40 унапредувања без ниту еден Албанец, ова прашање повеќе не може да се третира како административен пропуст. Ова е сериозен чин што бара итна одговорност, вели Имране Велиу од ДУИ.„Кога во една јавна институција целосно се исклучува една заедница, тоа укажува на еднострано одлучување и директно нарушување на принципот на правична застапеност.Поради тоа бараме:Итна оставка од директорката на Централниот регистар, како минимален чин на одговорност.Политичка одговорност од Премиерот, бидејќи ваквиот пристап создава перцепција на повторлива практика што ја нарушува довербата во институциите.Директна одговорност од претставниците на ВЛЕН во Владата, кои не успеаја да ја заштитат правичната застапеност и на најјасен начин покажаа како не треба да се претставуваат граѓаните. Бараме нивна итна оставка.Ваквиот начин на постапување создава реални последици врз општествената кохезија и функционирањето на мултиетничка држава.Ја повикуваме меѓународната заедница внимателно да ги следи овие случувања и да реагира превентивно.Особено, ја повикуваме Мисијата на ОБСЕ во Скопје да биде на нивото на својата задача и да ги активира механизмите за рана реакција и предупредување што ги има на располагање, со цел да се адресираат ситуации кои го засегаат принципот на еднаква застапеност и правата на заедниците.Јавните институции треба да ја одразуваат структурата на општеството на кое му служат“, додава Велиу.

Македонија | пред 4 седмици

regulatorna-energetika

ДУИ алармира: Граѓаните плаќаат милиони повеќе поради застарен модел на РКЕ

Денес, Демократската унија за интеграција излегува со конкретни факти кои покажуваат како граѓаните се оштетуваат во време криза со енергенси. Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела, наместо да реагира навремено, вели Албана Мустафа од ДУИ.„Оваа пракса директно оди во корист на одредени бизнис интереси, а на штета на граѓаните.Затоа бараме:• Итна промена на правилникот за утврдување на цените• Воведување на пресметка на цените најмалку двапати неделноФактите се алармантни:• Неделна потрошувачка: околу 12 милиони литри дизел• Разлика во цена: околу 9 денари по литар• Вкупен дополнителен трошок: над 1,5 милиони евра за само една неделаОва значи дека граѓаните и малите бизниси плаќаат милиони повеќе, додека некој профитира од нефункционален систем.На крај, се поставува логичното прашање:Во чиј интерес работи Владата – на граѓаните или на неколку привилегирани компании“, додава Мустафа.

Македонија | пред 4 седмици

grehrjtdzdk-196814

ДУИ алармира: Ниту еден Албанец не унапреден во Централниот регистар

40 унапредувања во Централниот регистар. 0 за Албанците. Демократската унија за интеграција го смета овој развој како сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции, велат од ДУИ.„Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок.ВЛЕН, како дел од владата, сноси директна одговорност за оваа состојба.Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат.ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања, како и преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност.Албанците не можат да бидат третирани како невидливи во институциите на оваа држава“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

dui-

ДУИ: Кои се корисниците на 200 милиони евра од унгарскиот кредит?

Кои се корисниците на 200 милиони евра од унгарскиот кредит? Врз основа на официјалните податоци на Државниот завод за статистика на Северна Македонија, ја информираме јавноста дека индустриското производство бележи драстичен пад од 9,4% во споредба со јануари минатата година, велат од ДУИ.„Ова е јасен показател дека над 200 милиони евра од унгарскиот кредит не дале никаков ефект врз економскиот развој на државата. Напротив, и денес нема транспарентност за тоа како се распределени овие средства и кои се нивните корисници.Дополнително, податоците покажуваат и пад од 3,6% на бројот на вработени во индустрискиот сектор – сериозен аларм за економијата и за животниот стандард на граѓаните.Оваа состојба укажува на континуирано влошување на економските прилики, додека Владата не презема конкретни мерки за поддршка на граѓаните. Во исто време, државниот буџет се соочува со сериозни притисоци.Демократската унија за интеграција ги повикува надлежните институции итно да ја објават листата на компании корисници на средствата од унгарскиот кредит. Падот на индустриското производство со право го поставува прашањето: каде завршија овие средства и како се инвестирани?Владата мора веднаш да ги информира граѓаните – кои на крајот ќе го носат товарот од враќањето на овој кредит од 200 милиони евра – за начинот на распределба на средствата и за конкретните корисници“, се вели во соопштеието.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd6i7nhq6kbn6aGmy0Rj

ДУИ: Неинтервенирањето за горивата ги чини граѓаните 685.000 евра дневно

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) обвини дека Владата не презема мерки за ублажување на растот на цените на нафтените деривати, што, според нив, директно ги погодува граѓаните и бизнисите.Имране Велиу Алиу од ДУИ изјави дека партијата изработила анализа врз основа на годишната, месечната и дневната потрошувачка на горива во државата, според која потрошувачката за транспорт изнесува околу 720.000 тони годишно.„Тоа значи дека месечната потрошувачка е околу 60.000 тони, неделната 15.000 тони, а дневната околу 2.000 тони, односно околу 2 милиони литри гориво дневно“, рече Алиу.Според пресметките на ДУИ, непостапувањето на Владата во услови на зголемени цени чини околу 685.000 евра дневно, односно над 5,15 милиони евра неделно.„Само во последните две недели, граѓаните платиле повеќе од 10 милиони евра за нафтени деривати“, посочи Алиу.ДУИ тврди дека зголемувањето на цените од 21 денар по литар има значителен ефект врз семејните буџети, особено кај граѓаните кои секојдневно патуваат кон Скопје.Според нивните податоци, годишниот дополнителен трошок по лице изнесува околу 600 евра за граѓаните од Тетово, 780 евра за оние од Гостивар и 579 евра за граѓаните од Куманово.Од партијата оценуваат дека станува збор за „алармантни бројки“ кои го влошуваат животниот стандард и бараат Владата итно да преземе мерки за заштита на граѓаните и економијата.

Свет | пред 1 месец

dui

ДУИ: Ако итно не се имплементираат предложените мерки, цените може да се зголемат за повеќе од 10%

Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата, велат од ДУИ.„Република Северна Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на животот за граѓаните.Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги информира граѓаните дека, доколку итно не се имплементираат предложените мерки, цените воопшто може да се зголемат за повеќе од 10%, што сериозно ќе ги оптовари семејните буџети во земјата.Оваа Влада нема соодветен капацитет да управува со кризи кои се случуваат дури и на илјадници километри од земјата. Поради тоа, Владата треба веднаш да го разреши министерот за економија, кој очигледно нема ниту визија ниту план за справување со економските кризи.Уште еднаш ја повикуваме Владата сериозно да ги разгледа предлозите на ДУИ, кои ќе ја имаат нашата целосна поддршка доколку мерките за заштита на граѓаните се процесуираат и усвојат во Собранието“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt0r3c14d19rvdLoBNlk

ДУИ реагира на изјавата на Мицкоски: Полагањето на правосудниот испит на албански јазик е уставно право, не „наследен проблем“

Изјавата на премиерот дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик е „наследен проблем“ претставува обид да се избегне одговорноста за неспроведување на право кое произлегува директно од Уставот и од Законот за употреба на јазиците, велат од ДУИ во реакцијата на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.„Албанскиот јазик е службен јазик во Република Северна Македонија. Ова не е политичка интерпретација, туку уставна и законска реалност која мора да се почитува од секоја државна институција.Законот за употреба на јазиците беше донесен за да ја гарантира јазичната еднаквост и да го зајакне мултиетничкиот карактер на државата. Обидите овој закон да се претстави како „проблем“ или одговорноста да се префрли на други не ѝ служат ниту на вистината, ниту на институционалната стабилност на државата.Студентите Албанци не бараат привилегии. Тие бараат само спроведување на Уставот и на важечките закони.Владата има обврска да го спроведува законот, а не да го релативизира преку политички оправдувања. Секое одложување или попречување на остварувањето на ова право претставува чекор назад за еднаквоста и за демократските стандарди на државата.Република Северна Македонија е изградена врз принципот на еднаквост меѓу заедниците и почитување на јазичните права. Овие принципи не се предмет на преговори и не можат да се третираат како „наследени проблеми“, туку како обврски кои мора да се спроведуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

dui-

ДУИ со предлог мерки – зголемување на плати, замрзнување на цени и ваучери за превоз

Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети, велат од ДУИ.„Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги трошоците за живот на граѓаните и за бизнисите.Во ваква ситуација, улогата на институциите е да дејствуваат. До сега не видовме ниту план, ниту мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на граѓаните.Демократската унија за интеграција смета дека постојат итни чекори што можат веднаш да се преземат:– Линеарно зголемување на платите за 3500 денари, почнувајќи од мартовските плати.– Привремено замрзнување на цените на основните прехранбени производи.– Активирање на државните резерви на нафта, кои се набавени по цена пониска од 70 денари за литар, со цел да се ублажи пазарниот удар.– Ваучер од 3000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење, како компензација за зголемените трошоци за превоз.Ова се изводливи мерки кои можат веднаш да се спроведат доколку постои институционална волја.Граѓаните имаат потреба од брза реакција и економски политики кои ќе ги заштитат во време на криза. Институционалната тишина не е одговор на растот на цените“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

dui-

ДУИ: Кога во Владата има заробен и потчинет ВЛЕН, антиалбанските сили се охрабруваат

Демократската унија за интеграција оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во државата, велат од ДУИ.„Кога во Владата имате слабо, заробено и потчинето претставување како ВЛЕН, тогаш антиалбанските сили се чувствуваат охрабрени и зајакнати. Денес сме сведоци на изјави и постапки кои порано никој не се осмелуваше јавно да ги артикулира.Наместо да ги бранат уставните права и достигнувањата од Охридскиот рамковен договор, претставниците на ВЛЕН во Владата избраа молк и сервилност. Овој молк се толкува како дозвола за напади врз албанскиот јазик, за релативизирање на еднаквоста и за поткопување на темелите на мултиетничката држава.ДУИ јасно порачува дека албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат или релативизираат. Тие се уставни права и дел од политичкиот поредок што ја гарантира стабилноста и соживотот во државата.Затоа, одговорноста за оваа клима не паѓа само врз оние што даваат антиалбански изјави, туку и врз оние кои, иако се на власт, избираат да молчат и да не ги бранат овие принципи.ДУИ ќе продолжи да реагира и политички да дејствува за заштита на еднаквоста, Охридскиот рамковен договор и мултиетничкиот карактер на државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd425t4ot7lcnbsHXkcN

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Владата продолжува да биде глува на предупредувањата и да ги игнорира ризиците што го загрозуваат животниот стандард на граѓаните, без да преземе мерки за нивна заштита од нови ценовни удари, велат од ДУИ.„Сите професионални прогнози и движењата на меѓународните енергетски берзи покажуваат дека од наредниот понеделник се очекува ново и значително зголемување на цените на нафтените деривати. Ова зголемување може да предизвика нов бран на поскапување на производите и услугите, дополнително оптоварувајќи ги семејствата и бизнисите.Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува надлежните институции да ги земат предвид нашите предлози презентирани пред неколку дена, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и компаниите и да се спречи нов ценовен шок што на крај ќе го платат сите граѓани.Доколку за спроведување на овие мерки се потребни одлуки преку Собранието, ДУИ уште еднаш изразува подготвеност за целосна поддршка, со цел оваа криза да не падне на товар на граѓаните на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања