Денес, Демократската унија за интеграција излегува со конкретни факти кои покажуваат како граѓаните се оштетуваат во време криза со енергенси. Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела, наместо да реагира навремено, вели Албана Мустафа од ДУИ.
„Оваа пракса директно оди во корист на одредени бизнис интереси, а на штета на граѓаните.
Затоа бараме:
• Итна промена на правилникот за утврдување на цените
• Воведување на пресметка на цените најмалку двапати неделно
Фактите се алармантни:
• Неделна потрошувачка: околу 12 милиони литри дизел
• Разлика во цена: околу 9 денари по литар
• Вкупен дополнителен трошок: над 1,5 милиони евра за само една недела
Ова значи дека граѓаните и малите бизниси плаќаат милиони повеќе, додека некој профитира од нефункционален систем.
На крај, се поставува логичното прашање:
Во чиј интерес работи Владата – на граѓаните или на неколку привилегирани компании“, додава Мустафа.
ДУИ алармира: Граѓаните плаќаат милиони повеќе поради застарен модел на РКЕ
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 седмици -
Македонија
Поврзани содржини
„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата
Македонија | пред 1 ден
ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки
Македонија | пред 2 дена
Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН
Македонија | пред 3 дена
Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам
Македонија | пред 4 дена