Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Не ја владеат материјата“, им врати Мицкоски на кадрите на Ахмети откако го обвинија дека лаже

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-libraryt0r3c14d19rvdLoBNlk

ДУИ обвини дека за два месеци се потрошени над 24 милиони евра за увоз на струја, што според нив значи слаб капацитет на ЕСМ и притисок врз цените. Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави „новата реторика“ на ДУИ, но рече дека изнесуваат невистини. Тврди дека ЕСМ ноќе извезува/продава околу 850 MWh и заработува 100–150 илјади евра дневно, а увоз има кога цените се нула/негативни. Додаде дека спорните практики од времето на СДСМ и ДУИ се минато.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По објавата на ДУИ дека за само два месеци се потрошени над 24 милиони евра за увоз на електрична енергија, што според партијата укажува на недоволен производствен капацитет на ЕСМ и зголемен притисок врз цената за граѓаните, премиерот Хистијан Мицкоски ја поздрави новата реторика на ДУИ, нагласувајќи дека партијата конечно се фокусира на реалните проблеми што ги засегаат граѓаните, како што е моменталната енергетска криза

— реклама —

„Сакам да го поздравам ова ново однесување од страна на ДУИ бидејќи излезе од оние ретро политики коишто беа политики на политичарите од пред неколку децении, кон крајот на минатиот век, и што конечно почнаа да се интересираат за реалните теми коишто, коишто граѓаните вистински ги интересираат. меѓу кои е и овој предизвик којшто денеска се случува, историски предизвик, а тоа е војната во заливот.

— реклама —

Тоа е добро што излегоа од оние пранги на национализам, на етно политика, на фолклор и така натаму, и што конечно ги интересираат реалните проблеми на граѓаните. Но лошото е што не баратаат добро, не ја владеат материјата и тоа што го кажуваат е спротивно на вистината. Затоа што денеска ЕСМ, односно поранешно ЕЛЕМ, во текот на ноќните часови извезува, односно продава на берзите околу 850 мегават-часови, што дневно на компанијата ѝ носи додадена вредност меѓу 100 и 150 илјади евра. Инаку, да, постојат периоди од годината кога се увезува струја, постојат периоди кога ќе се извезува, еве да речеме, сега е отприлика 12 часот, и ако ја погледнете берзата, ќе видите дека цената на струјата е нула или минус. И би било, лошо како компанија ако сега не превземаат електрична енергија од берзата кога е нула или, или минус, и да речеме произведуваме електрична енергија од акумулациите.

— реклама —

Јас сум на дневна комуникација со раководството на АДСМ, односно поранешно АД ЕЛЕМ, и, ааа, оние долгови коишто беа својствени на владата СДСМ и ДУИ, оние трансфери од буџетот 150-200 милиони евра коишто завршуваа во фирми со сомнителни бизнис делки во набавката на мазут, инстант компании коишто носеа јаглен од соседството и така натаму, по цена којашто беше 30 до 50% поскапа, се во минатото. Така што, да бидат спокојни, АД ЕСМ не е таа веќе АД ЕСМ кога беше владата на, на СДСМ и ДУИ. Ова е компанија којашто денеска продава на берза и заработува на дневна основа помеѓу 100 и 150 илјади евра“, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 3 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 14 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања