Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ изразува сериозна загриженост за најавената реорганизација во МВР со укинување на над една третина од раководните позиции, оценувајќи дека тоа не е само организациско прашање туку ризик за правичната застапеност и меѓуетничката рамнотежа. Од партијата бараат целосна транспарентност за новата систематизација и критериумите за избор, со јасни механизми за гарантирање застапеност, особено бидејќи значаен дел од позициите ги држат Албанци. ДУИ предупредува дека отстапувања ќе ја нарушат довербата и кохезијата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост во врска со најавите за реорганизација на раководната структура во Министерството за внатрешни работи, која вклучува укинување на значителен број раководни позиции. Намалувањето на повеќе од една третина од раководната структура, во една од најчувствителните институции на државата, не е само организациско прашање. Тоа има директни последици врз правичната застапеност и врз меѓуетничката рамнотежа во безбедносните институции, велат од ДУИ.

„Тврдењата дека овие позиции не треба да се поврзуваат со етничка припадност, туку исклучиво со професионални критериуми, занемаруваат еден од темелните принципи врз кои е изграден институционалниот баланс во државата – правичната и соодветна застапеност.

— реклама —

Овој принцип не е политички компромис, туку уставен стандард и клучен елемент за довербата на граѓаните во безбедносните институции.

Во сегашните околности, кога значителен дел од овие позиции ги држат Албанци, нивното укинување без јасни механизми за гарантирање на застапеноста создава реален ризик од нарушување на постигнатата рамнотежа.

— реклама —

Општите изјави за „нема потреба од загриженост“ не се доволни.

Потребна е целосна транспарентност за новата систематизација, критериумите за избор и конкретниот начин на кој ќе се обезбеди правичната застапеност во раководните структури на Министерството за внатрешни работи.

Безбедносните институции не смеат да се третираат како простор за организациски експерименти без проценка на нивното политичко и општествено влијание.

ДУИ смета дека секоја реформа во овој сектор треба да го зајакне професионализмот, но истовремено да ја зачува меѓуетничката рамнотежа и институционалната доверба.

Секое отстапување од овие принципи ќе има долгорочни последици врз демократското функционирање и врз општествената кохезија во државата“, велат од ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
ali-ahmeti

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

Македонија | пред 2 дена

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН

Македонија | пред 3 дена

media-libraryeajdf2kqgpndeEl5is8

Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања