40 унапредувања во Централниот регистар. 0 за Албанците. Демократската унија за интеграција го смета овој развој како сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции, велат од ДУИ.
„Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок.
ВЛЕН, како дел од владата, сноси директна одговорност за оваа состојба.
Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат.
ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања, како и преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност.
Албанците не можат да бидат третирани како невидливи во институциите на оваа држава“, се вели во соопштението.
ДУИ алармира: Ниту еден Албанец не унапреден во Централниот регистар
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 седмици -
Македонија
Поврзани содржини
„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата
Македонија | пред 1 ден
ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки
Македонија | пред 2 дена
Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН
Македонија | пред 3 дена
Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам
Македонија | пред 4 дена