Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ДУИ: Речиси 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
Dalekovod_Pari

Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, велат од ДУИ.

„Само од почетокот на 2026 година, ЕСМ, со цел да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, била принудена да набавува електрична енергија во најмалку два наврати:
• Јануари: 104.160 MWh по цена од 119,50 евра за MWh
Вкупно: 12.447.120 евра
• Февруари: 94.080 MWh по цена од 126,90 евра за MWh
Вкупно: 11.938.752 евра

Вкупно, за само два месеци се потрошени 24.385.872 евра за увоз на електрична енергија.

Овие бројки јасно покажуваат дека ЕСМ нема доволен производствен капацитет за да ги покрие потребите на регулираниот пазар. Ова директно води кон зголемен притисок врз цената на електричната енергија за граѓаните.

Електроенергетскиот систем се соочува со сериозни предизвици, а последиците од недомаќинското и нестручното управување ќе ги сносат граѓаните, преку зголеми фактури“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
ali-ahmeti

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

Македонија | пред 2 дена

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН

Македонија | пред 3 дена

media-libraryeajdf2kqgpndeEl5is8

Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања