Она што го предупредуваше ДУИ веќе се случува. Нема никаква интервенција од Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост на случувањата, велат од ДУИ.
„Република Северна Македонија во моментов функционира без функционално Министерство за економија, во време кога се очекува значително зголемување на цените на основните производи, на трошоците за транспорт и, воопшто, поскапување на животот за граѓаните.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги информира граѓаните дека, доколку итно не се имплементираат предложените мерки, цените воопшто може да се зголемат за повеќе од 10%, што сериозно ќе ги оптовари семејните буџети во земјата.
Оваа Влада нема соодветен капацитет да управува со кризи кои се случуваат дури и на илјадници километри од земјата. Поради тоа, Владата треба веднаш да го разреши министерот за економија, кој очигледно нема ниту визија ниту план за справување со економските кризи.
Уште еднаш ја повикуваме Владата сериозно да ги разгледа предлозите на ДУИ, кои ќе ја имаат нашата целосна поддршка доколку мерките за заштита на граѓаните се процесуираат и усвојат во Собранието“, се вели во соопштението.
ДУИ: Ако итно не се имплементираат предложените мерки, цените може да се зголемат за повеќе од 10%
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 1 месец -
Македонија
Поврзани содржини
„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата
Македонија | пред 1 ден
ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки
Македонија | пред 2 дена
Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН
Македонија | пред 3 дена
Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам
Македонија | пред 4 дена