Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Алкохол, возење без дозвола и забрана: 13 возачи приведени во еден ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
kazni-policija-policaec

Полициски службеници на Министерство за внатрешни работи на Македонија вчера на подрачјето на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.

— реклама —

Според МВР, четворица возачи од Скопје, Свети Николе, Радовиш и Богданци управувале возила под дејство на алкохол. Шест возачи од Скопје, Македонски Брод, Гостивар и Струга возеле без да поседуваат возачка дозвола, додека двајца возачи од Кичево управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување.

— реклама —

Во еден случај во Скопје бил запрен возач кој управувал такси возило без да поседува возачка дозвола, при што вршел превоз на патници.

— реклама —

Полицијата соопшти дека во два од случаите возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни незгоди. Лице од Свети Николе со измерени 1,96 промили алкохол во крвта удрило во бетонски ѕид, додека возач од Богданци со 1,99 промили алкохол излетал од патот.

Од МВР информираат дека биле одземени шест возила, а по целосното документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството апелира дека безобѕирното управување со возило, особено под дејство на алкохол, без возачка дозвола или и покрај изречена забрана, претставува сериозно прекршување на законите и директна закана за безбедноста во сообраќајот. Полицијата најави дека ќе продолжи со засилени контроли и доследна примена на законските мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 8 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 11 час

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 13 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања