Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Алкохолизирано возење попладнево заврши со сообраќајна несреќа и кривична пријава во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Возач од Скопје е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во која биле повредени две лица, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Како што соопшти МВР, денеска (01.02.2026) полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.М. (50) од Скопје. Околу 16:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила – „сеат ибица“, управувано од М.М., „тојота“, управувана од А.Г. (25), и „мерцедес“, управуван од М.В. (32), сите со скопски регистарски ознаки.

— реклама —

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Г. и сопатничката Л.Г.

— реклама —

По преземените мерки и извршеното алкотестирање, било утврдено дека М.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,32 промили алкохол во крвта.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 39 минути

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 41 минута

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Насилен инцидент зад решетки: Осуденик повреден во Затвор Прилеп

Македонија | пред 3 часа

media-libraryssdat1nbjj506qU2n1f

Жена пронајдена почината во стан во Битола

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања