Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Американското оружје „Леонидас“ урна 49 дронови со еден удар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryvqjh7ubgs9ag3x1mkHQ

Американската компанија Epirus објави видео од демонстрација на своето противдронско оружје „Леонидас“, во кое со еден единствен импулс на насочена енергија биле урнати 49 дронови одеднаш. Настанот предизвика голем интерес во јавноста и медиумите, а експертите го нарекуваат вистинска технолошка пресвртница.

— реклама —

Дроновите, како што посочуваат безбедносни аналитичари, се двојна закана – се појавуваат од непредвидливи насоки и се доволно евтини за да се користат во огромен број. Поради тоа, тие претставуваат ризик не само во воени конфликти, туку и за цивилното воздухопловство.

— реклама —

„Леонидас“ функционира со микробранови, зраци кои ја уништуваат електрониката на беспилотните летала. Системот е базиран на нова генерација полупроводници од галиум нитрид, кои овозможуваат помала потрошувачка на енергија и поголема мобилност во споредба со старите вакуумски цевки.

— реклама —

Особено впечатлива е способноста на системот да делува „еден спрема многу“ – односно истовремено да уништува цела група на дронови. Покрај тоа, може и прецизно да таргетира само еден летечки објект без колатерална штета или да програмира забранети воздушни зони.

Демонстрацијата се одржа пред месец дена во Камп Атербери, Индијана, каде што „Леонидас“ успеал да собори 61 дрон со 100% ефикасност. Кулминација било моментот кога системот едновремено се справил со група од 49 дронови.

Ова е пресвртница за Epirus. Веруваме дека демонстрацијата покажа дека „Леонидас“ е единственото оперативно решение против рој дронови по принципот ‘еден спрема многу’, изјави извршниот директор на компанијата, Енди Лоури.

Видео-снимката објавена од компанијата прикажува како дроновите речиси во исто време паѓаат од небото, како „невидлива рака“ да ги пресекла нивните врски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Два индиски танкера поминаа низ Ормускиот теснец

Свет | пред 1 седмица

873x400-1-16

Индиски рафинерии го избегнуваат увозот на руска нафта

Свет | пред 1 месец

Нема фотографија

САД и Индија постигнаа договор: Што му вети Моди на Трамп

Свет | пред 1 месец

nafta

Индија ќе купува нафта од Венецуела, Трамп вели: Договорот е веќе постигнат

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања