Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Индија првпат по седум години купи нафта од Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
SeKXr-

Индија првпат по седум години купи нафта од Иран, потврди тамошното Министерство за нафта и гас, пренесе американската телевизија Си-Ен-Ен. Станува збор за редок официјален чекор на Њу Делхи, кој со години избегнуваше вакви набавки поради санкциите на Соединетите Американски Држави.

Покрај нафтата, Индија набавила и 44 илјади метрички тони течен нафтен гас, кој во моментов се истовара во пристаништето Мангалор. Земјата најголем дел од енергенсите ги увезува од странство, вклучително и околу 85 проценти од течниот нафтен гас, претежно од Блискиот Исток, поради што е особено погодена од затворањето на Ормускиот теснец.

— реклама —

Иран практично го блокираше Ормускиот теснец како одговор на американско-израелските напади, што предизвика сериозни нарушувања на глобалните енергетски пазари.

Во меѓувреме, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец издаде привремена дозвола за Иран да продаде околу 140 милиони барели нафта кои се наоѓаа на танкери на море, со цел да се намали притисокот врз пазарот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

SeKXr-

Индија: Два брода под наше знаме нападнати при обид за минување низ Ормускиот теснец

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Два индиски танкера поминаа низ Ормускиот теснец

Свет | пред 4 седмици

873x400-1-16

Индиски рафинерии го избегнуваат увозот на руска нафта

Свет | пред 2 месеци

Нема фотографија

САД и Индија постигнаа договор: Што му вети Моди на Трамп

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања