Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

САД и Индија постигнаа договор: Што му вети Моди на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, наведувајќи дека е постигнат трговски договор меѓу двете земји.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, исто така соопшти дека Индија се согласила да престане со купување руска нафта.

— реклама —

„Од пријателство и почит кон премиерот Моди и, по негово барање, со моментално дејство, се договоривме за трговски договор меѓу Соединетите Американски Држави и Индија, со кој САД ќе наплатуваат намалена реципрочна царина, намалувајќи ја од 25 на 18 отсто“, наведе Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Американскиот претседател напиша и дека една од темите на разговорот била војната во Украина и дека, во тој контекст, Моди се согласил Индија да престане со купување руска нафта и да го зголеми увозот на енергенси од Соединетите Американски Држави, а потенцијално и од Венецуела, што, според неговите зборови, би можело да придонесе за завршување на војната во Украина.

— реклама —

Според наводите на Трамп, Индија се обврзала да ги намали своите царини и нецарински бариери кон американските производи на нула, како и значително да го зголеми купувањето на американска стока во рамки на политиката „Купувај американско“.

Трамп додаде дека станува збор за купување американски енергетски, технолошки, земјоделски и други производи во вредност поголема од 500 милијарди долари.

Тој оцени дека односите меѓу САД и Индија во наредниот период дополнително ќе бидат зајакнати, истакнувајќи дека тој и премиерот Моди „постигнуваат резултати“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 18 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 19 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања