Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ана Чупевска по изјавата на Мицкоски за Ристоска: Изгледа некои премиери го помешале Обвинителството со сопствен избор на "мис"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Функционерката на СДСМ, Ана Чупевска, реагираше на јавните изјави на премиерот поврзани со изборот на обвинители, оценувајќи дека извршната власт не смее да си зема за право да утврдува кој е „подобен“, а кој не за гонење криминал.

— реклама —

„Изгледа некои премиери го помешале Обвинителството со сопствен избор на ‘мис’, па почнаа јавно да оценуваат кој е ‘подобен’, а кој не“, наведува Чупевска во својата реакција.

— реклама —

Таа посочува дека во демократски систем премиерот нема надлежност да ги бира обвинителите според лични или политички критериуми, нагласувајќи дека доколку политиката дефинира кој ќе гони криминал, тогаш наместо правда ќе има, како што вели, „нарачана послушност“.

— реклама —

Чупевска прашува уште колку пати јавноста ќе сведочи на, според неа, сценарио на „заробена држава“, оценувајќи дека секое директно политичко влијание врз правосудството ја нарушува неговата независност.

„Кога политичарот ќе влезе во судницата, правдата по дефиниција излегува низ прозорецот“, наведува таа, апелирајќи на почитување на поделбата на власта и институционалната автономија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 3 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 7 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања