Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Андонов: Ново матично одделение е отворено во Василево, го слушаме гласот на граѓаните и им го олеснивме пристапот до ваквите услуги

објавено пред 7 месеци -

Македонија

Славе Андонов, актуелен и кандидат за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа. Андонов зборуваше за отворање на ново матично одделение во општина Василево, и истакна дека претходно тоа било проблем за жителите на општина Василево. Тој додаде и дека направил се во рамки на неговите надлежности како градоначалник.

,,Ова беше навистина голем проблем за граѓаните на нашата општина. Меѓутоа и за граѓаните на две други населени места од општина Струмица бидејќи ова матично одделение, матична канцеларија во општина Василево опфаќаше покрај сите населени места во нашата општина и две населени места од општина Струмица. Со тоа се кажува и значењето на оваа канцеларија“, рече Андонов.

— реклама —

Андонов истакна дека како градоначалник на општина Василево, во рамки на неговите надлежности, успеал да издејствува кај Управата за водење на матични книги.

,,Како градоначалник ја гледав таа потреба, го слушав гласот на граѓаните, и направив се што е во мои можности и рамки како градоначалник да издејствувам кај Управата за водење на матични книги, повторно да се отвори канцеларијата во општина Василево, поточно во зградата на Културниот дом во Василево, и таму граѓаните да поднесуваат барања и истите да ги подигаат изводите од било која област“, кажа Андонов.

— реклама —

Според него, ова ќе ги олесни услугите за граѓаните при вадење на документи: ,,Со тоа го олеснивме пристапот до овие услуги и мислам дека и тоа е интенцијата и на мене како градоначалник, но и на нашата администрација. Администрацијата да биде поблиску до граѓаните, а не далеку од нив“.

Андонов додаде дека вработените во општината во Василево, допринесоа општината да биде финансиски стабилна.

,,Со домаќинско работење, со чесно работење, со алоцирање на средствата таму каде што се најпотребни за граѓаните. Со работа и труд докажавме дека можеме и да го надминеме и не само тоа, општина Василево имајќи во предвид ваквиот долг успеа енормно задолжена општина да стане едно големо градилиште каде што се градат големи капитални објекти“, заклучи Андонов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 58 минути

— реклама —
media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 1 час

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 18 часа

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања