Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ева Петковска

media-libraryqdj99mff90v59Euni4C

Потпретседателот Венс на пат кон Исламабад со американска делегација

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, заедно со американска делегација, во наредните часови треба да пристигне во Пакистан, каде ќе се водат разговори поврзани со ситуацијата во Иран, изјави претседателот Доналд Трамп во интервју за New York Post.Трамп додаде дека и самиот би бил подготвен да се сретне со иранските лидери доколку се постигне напредок во разговорите.Од иранска страна, висок функционер изјави дека Техеран позитивно ја разгледува можноста за учество во потенцијални мировни преговори со САД, но конечна одлука сè уште не е донесена. Според него, Пакистан игра важна посредничка улога во обидите да се намалат тензиите и да се обезбеди учество на Иран.Извор вклучен во разговорите посочи дека двонеделното примирје истекува на 22 април во 20 часот според источноамериканско време.Во меѓувреме, односите меѓу САД и Иран остануваат напнати, особено околу Ормускиот теснец, клучен морски премин. Иран ја засили контролата врз сообраќајот во теснецот, додека САД ја продолжуваат блокадата на иранските пристаништа. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повика да се искористат сите можности за намалување на тензиите со Вашингтон, но нагласи дека претпазливоста и недовербата кон САД остануваат „непобитна неопходност“, пренесе државната агенција IRNA.

Свет | пред 2 дена

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Пакистанскиот генерал не ми препорача ништо во врска со блокадата на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги демантираше извештаите дека началникот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, му посочил оти поморската блокада на Иран претставува пречка во преговорите со Техеран.Трамп за американскиот медиум The Hill изјави дека Мунир „не препорачал ништо за блокадата“, со што ги негираше претходните наводи.Демантот следи по тврдењата на пакистански извори пренесени од агенцијата Anadolu Agency, според кои генерал Мунир во телефонски разговор му рекол на Трамп дека блокадата е „пречка во преговорите“ со Иран, на што американскиот претседател наводно одговорил дека ќе го „разгледа советот“.Телефонскиот разговор се одржал пред можниот втор круг преговори меѓу САД и Иран во Пакистан, при што Исламабад продолжува да игра улога на посредник меѓу двете страни.

Свет | пред 2 дена

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп: Израел нема улога во мојот став за војна со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги отфрли тврдењата дека Израел го поттикнал на војна со Иран, наведувајќи дека неговиот став произлегува од нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година.Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп истакна дека Израел „никогаш не го наговорил на војна“, туку дека одлуките се резултат на случувањата од октомври и неговото долгогодишно уверување дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје.Тој воедно упати остри критики кон медиумите, кои ги нарече „лажни вести“, обвинувајќи ги дека шират невистини и манипулираат со анкети. Трамп повторно ги спомена и претседателските избори во 2020 година, тврдејќи дека биле наместени.Американскиот претседател повлече и паралела со Венецуела, наведувајќи дека „резултатите во Иран ќе бидат неверојатни“, слично како, според него, во оваа латиноамериканска држава.Во пораката до идните ирански власти, Трамп нагласи дека земјата може да има „голема и просперитетна иднина“, доколку новите лидери донесат „паметни одлуки“, при што во заграда додаде и „промена на режимот“.

Свет | пред 2 дена

media-libraryoj7709emep6k7ztT6O4

Падна ChatGPT: корисници ширум светот без пристап

AI алатката ChatGPT на компанијата OpenAI денеска е недостапна за голем број корисници ширум светот.Според првичните информации, корисниците пријавуваат дека алатката не одговара на барањата, додека кај дел од нив страницата воопшто не се вчитува. Проблемите се појавуваат глобално, што укажува на поширок технички прекин.Во моментов не е познато колку долго ќе трае нарушувањето, но сервисот или е целосно недостапен или функционира со значителни потешкотии.Од компанијата засега нема официјално соопштение за причините за прекинот.

Свет | пред 2 дена

ChatGPT

Студентите што користат ChatGPT покажуваат 55% помала мозочна активност

Зголемената употреба на алатки со вештачка интелигенција, како ChatGPT, може да има сериозни последици врз човечките когнитивни способности, предупредуваат научниците.Истражувачката Наталија Космина забележала дека биографиите на кандидати за пракса стануваат сè повеќе слични, што укажува дека тие масовно користат chatbot-алатки. Паралелно, на своите предавања на MIT, таа забележала дека студентите побрзо го забораваат материјалот отколку порано.Научно истражување спроведено од MIT Media Lab опфатило 54 студенти поделени во три групи: едни користеле ChatGPT, други интернет пребарување, а третите работеле самостојно. Резултатите покажале дека студентите кои размислувале без помош имале најсилна мозочна активност, додека кај оние што користеле ChatGPT таа била намалена за дури 55 проценти.Дополнително, студентите кои користеле вештачка интелигенција тешко се сеќавале на сопствените текстови и не чувствувале „сопственост“ врз напишаното. Есеите, според оценувачите, биле слични, без оригиналност и длабочина.Слични заклучоци доаѓаат и од истражувачи од University of Pennsylvania, кои предупредуваат на појава на „когнитивна предаја“ – тенденција луѓето да ги прифаќаат одговорите на вештачката интелигенција без критичко размислување.Компјутерската невронаучничка Вивиен Минг истакнува дека ваквата зависност може да доведе до намалена мозочна активност и потенцијално зголемен ризик од когнитивен пад во иднина. Според неа, длабокото размислување е „супермоќ“ која мора постојано да се користи.Истражувањата укажуваат дека прекумерното потпирање на технологија може да влијае и на меморијата, како што претходно беше забележано со таканаречениот „Google ефект“ и користењето на GPS навигација.Експертите препорачуваат внимателна употреба на вештачката интелигенција. Наместо целосно потпирање, тие предлагаат развој на „хибридна интелигенција“, каде човекот прво сам размислува, а потоа ја користи технологијата како алатка за дополнително унапредување на идеите.

Свет | пред 2 дена

dozd-1

Попладне локален дожд и можни ретки грмежи, до 23 степени

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови се очекува повремен локален дожд, а можна е и изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови повремено и засилен ветер од западен правец.Минималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 16 до 23 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се спушти до 8 степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Македонија | пред 2 дена

media-library2b9jsevuo03q4b14Enr

Радев по првите резултати: Подготвени сме за стабилна влада

Лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, по објавувањето на првичните резултати од излезните анкети изјави дека неговата формација е подготвена да работи на формирање стабилна влада и да избегне нов изборен циклус.„Ние сме подготвени на различни варијанти, за да има Бугарија редовна и стабилна влада. Ќе направиме сè што е можно да не дозволиме повторно избори. Тоа е погубно за Бугарија, значи да преминуваме од криза во криза, а ние треба сериозно да работиме за да излеземе од нив“, изјави Радев.Тој додаде дека неговата партија не очекувала да биде прва според анкетите, но дека поддршката од теренот била јасен сигнал за расположението кај граѓаните.„Мојата ‘социологија’ беа полните сали и плоштади низ целата земја. Тоа беше нормално и закономерно. Очекувањата и надежите се големи, а тоа значи и голема одговорност“, рече Радев.На прашањето за можни коалициски партнери, тој посочи дека се надева на соработка со коалицијата ПП–ДБ, особено во делот на реформите во правосудството.Во меѓувреме, Антон Кутев, кој исто така ја коментираше победата на „Прогресивна Бугарија“, изјави дека целта на движењето не е само учество во власта, туку суштински промени.„Ние не се појавивме за да бидеме на власт, туку за да ја промениме Бугарија. Сакаме да најдеме партнер со кој ќе составиме влада и ќе направиме промени во судскиот систем“, изјави Кутев.Тој додаде дека според него, нема попогоден кандидат за премиер од самиот Румен Радев.

Свет | пред 3 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Прогресивна Бугарија“ на Радев убедливо води на изборите во Бугарија

Предвремените парламентарни избори во Бугарија донесоа убедлива победа за партијата „Прогресивна Бугарија“, предводена од Румен Радев, покажуваат првичните резултати од излезните анкети објавени по затворањето на избирачките места.Според анкетата на агенцијата „Мерка“, спроведена во 19 часот и презентирана на Бугарското национално радио, „Прогресивна Бугарија“ освоила 38,7 отсто од гласовите. На второто место е ГЕРБ-СДС со 14,8 проценти, додека трета е коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ со 13,1 процент.Во парламентот, според овие резултати, би влегле уште „ДПС – Нов почеток“ со 9,2 отсто, „Преродба“ со 5,3 проценти и „БСП – Обединета левица“ со 4 проценти.Слични резултати покажува и истражувањето на „Маркет линкс“, според кое „Прогресивна Бугарија“ добила 38,9 проценти, ГЕРБ-СДС 15,4 отсто, а ПП-ДБ 13,6 проценти. Излезноста до 19 часот била 47,2 проценти.Според проекциите за распределба на мандати, „Прогресивна Бугарија“ би имала 110 пратеници, ГЕРБ-СДС 44, ПП-ДБ 39, „ДПС – Нов почеток“ 21, „Преродба“ 14 и „БСП – Обединета левица“ 12 мандати.И анкетата на „Алфа Рисрч“ потврдува водство на Радевата партија со 37,5 проценти, пред ГЕРБ-СДС со 16,2 и ПП-ДБ со 14,3 проценти.Лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, изјави дека очекувале победа, но нагласи дека ќе ги почека конечните резултати, како и гласовите од странство.„Ќе направиме сè што е можно за да избегнеме нови избори“, изјави Радев, алудирајќи на можноста за формирање стабилна влада.

Свет | пред 3 дена

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

Филипче: Ако Мицкоски знаел за кривичната тогаш е кривична одговорност, доколку не знаел политичка

„Ако Мицкоски знаел за кривичната тогаш е кривична одговорност, доколку не знаел политичка“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.„Слушав и не ми се веруваше што кажува сега премиерот. Човекот којшто отворено се закануваше и од собраниската говорница кажуваше кој како ќе биде гонет, се закануваше со органите на власта, којшто е независна власт, судска власт. Човекот чијшто портпарол на влада и уредниците на Орбановите медиуми знаат што пишува во пријавите и каков ќе биде исходот од одредени судски процеси, наеднаш не чувствува ништо. Чудни амплитуди во чувствата постепено се зголемуваат и наеднаш исчезнуваат“, рече Филипче.„Прво, премиерот треба да знае, сакам да му порачам, доколку знаел што се случува со пријавата, тогаш има кривична одговорност. Доколку не знаел, има политичка одговорност затоа што се заканува и се заканува и тоа е нешто што не смее да го прави. Тоа е манир на автократски режим. Ама тоа не нè изненадува. Тоа е така изминатите две години по ред. Тоа е неговиот манир на владеење да се заканува, да го дели општеството, да креира непријатели внатрешни и надворешни, да подгрева меѓуетнички тензии, да не држи настрана од Европа. Зошто? За да може да крадат. Ете, тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, ништо друго“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче до Мицкоски: Нема да отстапиме пред заканите, никој не ти се плаши

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција му порача на премиерот Мицкоски дека СДСМ нема да отстапи пред заканите и притисоците од власта, и нагласи дека борбата против автократските и корумпирани политики ќе продолжи.„Сакам да му порачам на премиерот дека СДСМ нема да отстапи пред заканите и притисоците за прогон.Никој не му се плаши. Креира и нарачува процеси, убеден дека така ќе внесе страв и ќе ја сопре нашата борба со овој автократски режим и овој корумпиран режим којшто тој го води. Се лаже, нема повлекување, ние нема да запреме“, рече Филипче.На прес-конференцијата, Филипче предупреди дека СДСМ се соочува со отворени закани, што не е својствено за демократските општества.„Опозицијата добива отворени закани. И ова го нема во ниту една развиена земја во Европа. Ова што премиерот го прави едноставно го нема во ниту една демократска земја во светот. Отворени закани со обвиненија, најави за прогон на политички противници и нивни семејства. Тоа е злоупотреба на службената должност, на премиерот.И користење на контролирано обвинителство и судство како орудие за пропаганда и заплашување. Тоа, почитувани граѓани, не е демократија. Ова што се случува, како и што предупредувавме, во изминатите две години, е една класична автократија“, рече Филипче.Тој додаде дека ваквите политики на Мицкоски ја оддалечуваат државата од европскиот пат.„Ова не е земја која што беше до пред две години. Ова не е проевропската Македонија. Ова е проруска земја која што ја води рускиот прокси играч Христијан Мицкоски. Ова не е демократија“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче: Мицкоски нема капацитет да води држава – од една страна бајки, од друга навреди

„Мицкоски нема капацитет да води држава, од една страна бајки, од друга навреди“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.„Само нашиот премиер не реагираше и сè уште раскажува бајки дека сме трета економија во Европа. Мицкоски живее во свој паралелен свет. Нема капацитет да води држава. Заинтересиран е само за себе и своите блиски, а сè останато го плаќаат граѓаните. Се однесува како уредник на жолт печат – од една страна бајки, од друга навреди. Секој што мисли поинаку го навредува“, обвини Филипче.Претседателот на СДСМ појасни дека, како резултат на тоа, граѓаните ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски со празни џебови и празни фрижидери.„Економијата не е статистика, тоа е секојдневниот живот на граѓаните. Цените на основните производи се зголемени – леб, брашно, шеќер, сол, месо, млечни производи, овошје и зеленчук. Некои производи се поскапени и до 300%.“, додаде Филипче.Дополнително, тој се осврна и на заканите од Мицкоски, при што нагласи дека отворени најави за прогон на политички противници и нивните семејства претставуваат злоупотреба на институциите.„Тоа не е демократија – тоа е автократија. Дали е нормално премиерот да најавува гонење врз основа на ’чувство‘? Дали е нормално обвинителството да се користи за политички пресметки? Таквите режими во Европа паѓаат. Граѓаните не сакаат корупција, лажни ветувања и лош стандард. Сакаат нормален живот и европска иднина“, посочи Филипче.Филипче порача дека СДСМ нема да отстапи пред, како што рече, заканите, додавајќи дека „нема повлекување“ и дека „ерата на популизам и лаги завршува, а граѓаните веќе знаат“.

Македонија | пред 3 дена

media-librarydsemnfdf9r30a1Vcdks

Филипче: Граѓаните сакаат промени и нормален живот и тоа ќе се случи

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција порача дека веќе граѓаните јасно ја препознаваат реалната состојба во државата и дека сакаат промени и нормален живот. Филипче посочи дека времето на манипулации и прикривање на вистината завршува и дека граѓаните се подготвени за промени.„Готово е со тоа. Граѓаните не се ни слепи, не се ни глуви. Нема повеќе мачкање очи. Народот сака промени и тие ќе се случат. Ние немаме време за губење“, рече Филипче.Тој додаде дека граѓаните не сакаат криминал, корупција и лош животен стандард, туку бараат достоинствен живот, стабилност  и функционална држава.„Никој повеќе не сака криминал, не сака корупција, не сака лажни приказни, не сака лош животен стандард.Никој не сака влошување на меѓуетничките односи. Никој не сака влошување на релациите и односите со соседите. Луѓето сакаат нормален живот, сакаат Европа. Сакаат децата тука да им продолжат да живеат, ама нормално, пристојно, со добри примања“, рече Филипче.Воедно, Филипче нагласи дека периодот на популизам и поделби завршува, и дека граѓаните веќе носат поинакви одлуки.„Ерата на популизам, лаги и делење на народот полека но сигурно завршува. На следните избори премиерот нема да може да клечи и да моли за власт и да дели лажни ветувања, затоа што граѓаните веќе го прочитаа“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-library0cbv34ooa65r0MRC9e5

Филипче: Дали граѓаните чувствуваат дека сме трета економија во Европа?

Стандардот на граѓаните се влошува од ден во ден, само премиерот Мицкоски сè уште раскажува бајки дека сме трета економија во Европа, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека трошоците за живот, цените на основните производи секојдневно растат, а граѓаните последниве две години живеат многу потешко од претходно.„Дали граѓаните чувствуваат дека сме ние трета економија во Европа? Дали тоа го чувствуваат кога ќе влезат во продавница? Дали чувствуваат кога ќе ги плаќаат сметките за струја и за гориво? Дали фрижидерите дома чувствуваат дека сме ние трета економија во Европа? Дали се зголемени паричниците или се намалени? Има ли повеќе пари кај граѓаните и кај семејствата? Дали живеат подобро? Одговорот е не. Одговорот е дека граѓаните живеат многу полошо од пред две години, кога на власт дојде Христијан Мицковски и оваа тендер коалиција“, рече Филипче.Тој додаде дека сите земји во регионот веќе преземаа мерки за да ги заштитат граѓаните од ценовните шокови, само Мицкоски не реагира и живее во паралелен свет.„Зборуваме за економија што тоне. За тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои што веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард во Европа и за млади коишто заминуваат од земјава. И додека цела Европа, во мај, значи допрва, очекува уште посилен удар од оваа криза и носи мерки за да се справи со тоа што не очекува, а тоа е и понатаму забавување на растот и раст на инфлацијата и ризик од рецесија, Мицкоски живее во својот паралелен свет на бајки“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Цените се зголемија, стандардот на граѓаните се влошува

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, предупреди дека економската состојба во земјата сериозно се влошува, а товарот од кризата директно го чувствуваат граѓаните - цените на храната континуирано растат, животниот стандард влошува.„Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден. Цените на основните производи се зголемени, лебот, брашното, шеќер, сол, месо, млечни производи, овошје, зеленчук, сѐ е поскапено, од пет до триста проценти за некои продукти“, рече Филипче.Тој додаде дека додека Европа се подготвува за уште посилен удар од кризата, премиерот Мицкоски живее во паралелен свет.„И додека цела Европа, во мај, значи допрва, очекува уште посилен удар од оваа криза и носат мерки за да се справат со тоа што не очекува, а тоа е и понатаму забавување на растот и раст на инфлацијата и ризик од рецесија, Мицкоски живее во својот паралелен свет на бајки. Едноставно, нема капацитет да води држава, заинтересиран е само за себе и своите блиски луѓе, а сè останато го плаќаат граѓаните“, рече Филипче.Притоа, Филипче посочи дека граѓаните скапо ги плаќаат промашените политики на власта - живеат во услови на економска нестабилност и ниски приходи.„Зборуваме за економија што тоне. За тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои што веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард во Европа и за млади коишто заминуваат од земјава.Граѓаните скапо ги плаќаат грешките на премиерот и оваа влада. За разлика од нас, сите други земји, како во регионот, така и во Европската Унија, преземаа соодветни мерки. Воведоа мерки да ги заштитат граѓаните и да ја успорат инфлацијата и растот нацените на енергијата“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-library4fd3bidhog5d6btkbjR

Филипче: Инвестициите намалени за 60%, над 1.500 отпуштени работници, економски дебакл на Мицкоски

„Странските инвестиции се намалени за 60%, компаниите затвораат и отпуштаат работници, само во изминатата година и пол се отпуштени 1500 работници. Буџетскиот дефицит расте, а државата должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите. Компаниите не можат да ги планираат своите средства, а се доцни со исплата на плати, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.Филипче укажа на фактот дека граѓаните живеат многу полошо од пред две години, кога на власт дојде Христијан Мицкоски и коалицијата, а тоа го потврдуваат и бројките.„Цените на основните производи се зголемени – леб, брашно, шеќер, сол, месо, млечни производи, овошје и зеленчук. Некои производи се поскапени и до 300%. Додека Европа очекува уште посилен удар од кризата и носи мерки за справување со инфлацијата и ризикот од рецесија, Мицкоски живее во свој паралелен свет. Нема капацитет да води држава. Заинтересиран е само за себе и своите блиски, а сè останато го плаќаат граѓаните, рече Филипче.Филипче посочи дека граѓаните скапо ги плаќаат промашените политики на власта ,  живеат во услови на економска нестабилност и ниски приходи.„Граѓаните ги плаќаат бајките и неспособноста на Мицкоски со празни џебови и празни фрижидери. Што имаме денес? Зборуваме за економија што тоне, за тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард во Европа и за млади кои заминуваат од земјава.“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

Филипче: Граѓаните живеат полошо со доаѓањето на Мицкоски

„Граѓаните живеат многу полошо од пред две години, кога на власт дојде Христијан Мицкоски и оваа коалиција“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.Филипче посочи дека граѓаните ги плаќаат бајките и неспособноста на Мицкоски со празни џебови и празни фрижидери.„Зборуваме за економија што тоне, за тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати воЕвропа, за најнизок стандард во Европа и за млади кои заминуваат од земјава“, рече Филипче.Претседателот на СДСМ нагласи дека граѓаните тонат во сиромаштија, цените на сè во државата веќе се зголемија, а граѓаните ги плаќаат грешките на премиерот и оваа Влада.„Дали граѓаните го чувствуваат тоа кога влегуваат во продавница, кога ги плаќаат сметките за струја и гориво? Дали паричниците се полни или празни? Дали луѓето живеат подобро? Одговорот е – не. Цените на основните производи се зголемени – леб, брашно, шеќер, сол, месо, млечни производи, овошје и зеленчук. Некои производи се поскапени и до 300%. Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, посочи Филипче.Во однос на економските показатели, Филипче истакна дека странските инвестиции се намалени за 60%, компаниите затвораат и отпуштаат работници, а во изминатата година и пол се отпуштени 1500 работници, додавајќи дека буџетскиот дефицит расте, а државата должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите.

Македонија | пред 3 дена

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Одлуката на Владата за враќање на ДДВ-то за дизелот е нов удар врз граѓаните

Одлуката на Владата за враќање на ДДВ-то за дизелот на 18% е нов удар врз граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека власта од почетокот на кризата на Блискиот Исток не презема никакви директни мерки, што сега скапо ги чини граѓаните.„Баравме и предупредувавме дека се потребни конкретни мерки за помош на граѓаните, уште пред скоро два месеци кога започна кризата на Блискиот Исток. Премиерот и владата не презедоа буквално ништо. Дури сега и се укинува таа парцијална мерка којашто ја донесоа, повторно ДДВ-то е вратено на 18% за дизелот“, рече Филипче.Тој додаде дека граѓаните се со соочени со ценовни шокови и ниски плати со кои едвај се преживува. Филипче потсети дека СДСМ уште на почетокот на кризата предложи конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но власта ги одби.„Уште на самиот почеток на кризата предложивме пакет на мерки. Намалување на ДДВ-то на горивата на 5%, на основните прехранбени продукти ДДВ-то да се намали на 0%. Да се намалат акцизите за 4 денари. На тој начин горивата реално ќе поефтинеа и преполување на цената за патарините. Со сите тие мерки ако се воведоа така во пакет, граѓаните навистина ќе имаа бенефит. ќе се почувствуваше на семејниот буџет, затоа што горивата немаше да пораснат. За жал, премиерот и неговата тендер коалиција сите наши предлог закони ги одбија“, рече Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека СДСМ бара итни и конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, со посебен фокус на најранливите категории.„Ние продолжуваме да бараме да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, да се интервенира во ДДВ-то и да се донесат посебни мерки за помош на одредени загрозени категории на граѓани – социјални случаи, студенти, пензионери, работници со ниски примања, семејства со повеќе деца, земјоделци, затоа што ние не ветуваме бајки, знаеме како се менаџира криза и затоа нудиме решение“, истакна Филипче.Претседателот на СДСМ остро ја критикуваше Владата за целосно отсуство на навремена реакција и погрешни политики.„Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски. Ги плаќаат со празни џебови и со празни фрижидери. Баравме и предупредувавме дека се потребни конкретни мерки за помош на граѓаните. Уште пред скоро два месеци, кога започна кризата на Блискиот Исток, премиерот и Владата не презедоа буквално ништо. Зборуваме за економија што тоне, за тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард и за млади кои заминуваат од земјава.“ рече Филипче.Тој изнесе и конкретни показатели за економскиот пад:„Странските инвестиции се намалени за 60%. Компании затвораат и отпуштаат работници. Во изминатите година и пол се отпуштени 1.500 работници. Државата должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите.“Дополнително, Филипче нагласи дека цените на основните производи драматично растат.„Лебот, брашното, шеќерот, солта, месото, млечните производи, овошјето и зеленчукот – сè е поскапено од 5 до 300%. Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден.“ додаде тој.Филипче заклучи дека Владата нема капацитет да се справи со кризата и дека граѓаните живеат полошо.„Мицкоски живее во свој паралелен свет на бајки. Нема капацитет да води држава. Заинтересиран е само за себе и своите блиски луѓе, а сè останато го плаќаат граѓаните. Мицкоски сè уште раскажува бајки дека сме трета економија во Европа. Дали граѓаните го чувствуваат тоа кога ќе влезат во продавница, кога ги плаќаат сметките? Одговорот е – не. Граѓаните живеат многу полошо.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-library9kue95ppsuqm8eZUpjp

Филипче: Граѓаните скапо плаќаат за бајките на Мицкоски, со празни џебови и празни фрижидери

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција  рече дека граѓани директно ги чувствуваат последиците од бајките на Мицкоски.„Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски. Ги плаќаат со празни џебови и со празни фрижидери“, истакна Филипче.Тој нагласи дека СДСМ навремено предупредуваше и нудеше конкретни решенија за справување со кризата, но Владата не презела ништо.„Баравме и предупредувавме дека се потребни конкретни мерки за помош на граѓаните. Уште пред скоро два месеци, кога започна кризата на Блискиот Исток, премиерот и Владата не презедоа буквално ништо. СДСМ понуди решенија, намалување на ДДВ-то на горивата на 5%, на основните прехранбени производи ДДВ-то да се намали на 0%, намалување на акцизите за 4 денари и преполовување на цената на патарините. Со овие мерки граѓаните навистина ќе имаа бенефит и ќе се почувствуваше на семејниот буџет. “, рече Филипче.Тој обвини дека Владата ги одбила овие предлози, а потоа делумно и задоцнето вовела мерки кои сега повторно ги укинува.„За жал, премиерот и неговата тендер-коалиција сите наши предлог-закони ги одбија. Дел од мерките ги воведоа делумно, а сега и тие се прекинуваат. Предоцна е, затоа што цените на сè во државата веќе се зголемија.“ рече претседателот Филипче.Тој потенцираше дека реалноста ги демантира тврдењата на Владата.„Мицкоски сè уште раскажува бајки дека сме трета економија во Европа. Дали граѓаните го чувствуваат тоа кога ќе влезат во продавница? Дали го чувствуваат кога ги плаќаат сметките? Одговорот е – не. Граѓаните живеат многу полошо. Странските инвестиции се намалени за 60%. Компании затвораат и отпуштаат работници. Во изминатите година и пол се отпуштени 1.500 работници. Дупката во буџетот расте, а државата должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите.“ рече Филипче.Дополнително, Филипче нагласи дека цените на основните производи се драстично зголемени:„Лебот, брашното, шеќерот, солта, месото, млечните производи, овошјето и зеленчукот – сè е поскапено од 5 до 300%. Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден. Зборуваме за економија што тоне, за тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард и за млади кои заминуваат од земјава.“ потенцираше претседателот Филипче.Дополнително, Филипче уште еднаш посочи дека СДСМ бара и таргетирана поддршка за најранливите категории граѓани.„Продолжуваме да бараме да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, да се интервенира во ДДВ-то и да се донесат посебни мерки за помош на одредени загрозени категории на граѓани – социјални случаи, студенти, пензионери, работници со ниски примања, семејства со повеќе деца и земјоделци.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата може нагло да пораснат

Цените на нафтата би можеле нагло да пораснат уште при следното отворање на берзите, откако Иран повторно го затвори или значително го ограничи сообраќајот низ Ормускиот теснец, предупредуваат аналитичарите.Според пазарните податоци, во петокот цената на нафтата падна за околу 10 отсто, откако Техеран најави дека ќе овозможи поминување на трговски бродови низ овој клучен поморски правец за извоз на нафта. Сепак, ситуацијата брзо се промени, бидејќи протокот повторно беше ограничен.Пазарниот стратег од консултантската компанија Primary Vision, Осама Ризви, оценува дека цените на нафтата наскоро повторно ќе се вратат на повисоки нивоа. Според него, пазарот реагира на нестабилноста и на неизвесноста околу снабдувањето.Иако Ормускиот теснец не е целосно затворен и Иран сè уште пропушта одреден број бродови, прометот е значително намален. Количините на нафта кои минуваат низ овој премин паднаа од околу 20 милиони барели дневно во 2025 година на само три до четири милиони барели дневно.Таквиот пад веќе предизвикува недостиг, особено на азиските пазари, што дополнително ги нарушува глобалните енергетски текови. Аналитичарите посочуваат дека токму овие недостизи и нестабилност имаат влијание и врз тековните преговори меѓу Иран и САД.

Свет | пред 3 дена

tepacka-4

15-годишник физички нападнат од неколку лица во Чаир

На 18 април 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, И.С.К. (47) од Скопје пријавила дека околу 10:15 часот на подрачјето на Чаир, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку лица, информираат од МВР.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryson3j741kl6g4HIeujs

Апсење во ноќен клуб во Карпош, осомничениот се обидел да избега

На 19 април 2026 година во 02:50 часот, во ноќен клуб на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т. (28) од Пробиштип, информираат од МВР.При извршената контрола кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.Според информациите, по пристигнувањето во кругот на Полициската станица Карпош, Н.Т. физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и приведен во полициската станица.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 3 дена

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Тетовец пријавен за малтретирање на партнерката и нејзините деца

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И. (43) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“, информираат од МВР.Според пријавата, осомничениот физички и психички ги малтретирал неговата партнерка и нејзините деца.Дополнително, во последните три месеци преку мобилна апликација им испраќал пораки со заканувачка содржина.

Македонија | пред 3 дена

velosiped

Камион удри велосипедист во Пршовце, малолетник со тешки повреди

На 18 април 2026 година во 13:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Пршовце, општина Јегуновце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и велосипед, информираат од МВР.Товарното возило го управувал С.Е. (34) од село Шемшево, додека велосипедот го управувал малолетник од село Пршовце.Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.За настанот бил известен јавен обвинител од Јавното обвинителство Тетово, а увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryec06qmi5ulc96CM8Ih1

Ѓорѓиевски: Започнуваме со одбележувањето на еден век Зоолошка градина Скопје

Во Скопје започна одбележувањето на еден век постоење на Зоолошка градина Скопје, при што градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави низа активности, инвестиции и модернизација со цел унапредување на условите за животните и подигнување на образовната и едукативната улога на институцијата.Од градот истакнуваат дека оваа година има посебно значење бидејќи се одбележуваат 100 години од постоењето на Зоолошката градина, период кој е опишан како исполнет со спомени, детска радост и вредности што траат. Според најавите, јубилејот истовремено претставува и обврска за создавање подобри услови и посигурна иднина за објектот.Во рамки на најавените активности, се планира соработка со стручни експерти и воведување нова организациска и развојна динамика, со цел враќање на Зоолошката градина во Европска асоцијација на зоолошки градини и аквариуми и подигнување на европските стандарди за грижа за животните, едукација и доверба кај посетителите.Покрај инвестиции и модернизација, најавени се и нови содржини, со кои Зоолошката градина треба да прерасне во простор за учење, доживување и градење еколошка свест. Дел од иницијативите опфаќаат и кампањи за поддршка и грижа за животните, во кои граѓаните ќе можат директно да учествуваат.Од градските власти порачуваат дека со овие активности се отвора нова фаза во развојот на Зоолошката градина, со визија таа да се модернизира и да го зацврсти своето значење како една од клучните јавни институции во Скопје.

Скопје | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања