Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Граѓаните сакаат промени и нормален живот и тоа ќе се случи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-librarydsemnfdf9r30a1Vcdks

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција порача дека веќе граѓаните јасно ја препознаваат реалната состојба во државата и дека сакаат промени и нормален живот. Филипче посочи дека времето на манипулации и прикривање на вистината завршува и дека граѓаните се подготвени за промени.

— реклама —

„Готово е со тоа. Граѓаните не се ни слепи, не се ни глуви. Нема повеќе мачкање очи. Народот сака промени и тие ќе се случат. Ние немаме време за губење“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека граѓаните не сакаат криминал, корупција и лош животен стандард, туку бараат достоинствен живот, стабилност  и функционална држава.

„Никој повеќе не сака криминал, не сака корупција, не сака лажни приказни, не сака лош животен стандард.Никој не сака влошување на меѓуетничките односи. Никој не сака влошување на релациите и односите со соседите. Луѓето сакаат нормален живот, сакаат Европа. Сакаат децата тука да им продолжат да живеат, ама нормално, пристојно, со добри примања“, рече Филипче.

Воедно, Филипче нагласи дека периодот на популизам и поделби завршува, и дека граѓаните веќе носат поинакви одлуки.

„Ерата на популизам, лаги и делење на народот полека но сигурно завршува. На следните избори премиерот нема да може да клечи и да моли за власт и да дели лажни ветувања, затоа што граѓаните веќе го прочитаа“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 13 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања