Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Дали граѓаните чувствуваат дека сме трета економија во Европа?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-library0cbv34ooa65r0MRC9e5

Стандардот на граѓаните се влошува од ден во ден, само премиерот Мицкоски сè уште раскажува бајки дека сме трета економија во Европа, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека трошоците за живот, цените на основните производи секојдневно растат, а граѓаните последниве две години живеат многу потешко од претходно.

— реклама —

„Дали граѓаните чувствуваат дека сме ние трета економија во Европа? Дали тоа го чувствуваат кога ќе влезат во продавница? Дали чувствуваат кога ќе ги плаќаат сметките за струја и за гориво? Дали фрижидерите дома чувствуваат дека сме ние трета економија во Европа? Дали се зголемени паричниците или се намалени? Има ли повеќе пари кај граѓаните и кај семејствата? Дали живеат подобро? Одговорот е не. Одговорот е дека граѓаните живеат многу полошо од пред две години, кога на власт дојде Христијан Мицковски и оваа тендер коалиција“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека сите земји во регионот веќе преземаа мерки за да ги заштитат граѓаните од ценовните шокови, само Мицкоски не реагира и живее во паралелен свет.

„Зборуваме за економија што тоне. За тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои што веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард во Европа и за млади коишто заминуваат од земјава. И додека цела Европа, во мај, значи допрва, очекува уште посилен удар од оваа криза и носи мерки за да се справи со тоа што не очекува, а тоа е и понатаму забавување на растот и раст на инфлацијата и ризик од рецесија, Мицкоски живее во својот паралелен свет на бајки“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 13 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања