Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Инвестициите намалени за 60%, над 1.500 отпуштени работници, економски дебакл на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-library4fd3bidhog5d6btkbjR

„Странските инвестиции се намалени за 60%, компаниите затвораат и отпуштаат работници, само во изминатата година и пол се отпуштени 1500 работници. Буџетскиот дефицит расте, а државата должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите. Компаниите не можат да ги планираат своите средства, а се доцни со исплата на плати, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.


— реклама —

Филипче укажа на фактот дека граѓаните живеат многу полошо од пред две години, кога на власт дојде Христијан Мицкоски и коалицијата, а тоа го потврдуваат и бројките.


„Цените на основните производи се зголемени – леб, брашно, шеќер, сол, месо, млечни производи, овошје и зеленчук. Некои производи се поскапени и до 300%. Додека Европа очекува уште посилен удар од кризата и носи мерки за справување со инфлацијата и ризикот од рецесија, Мицкоски живее во свој паралелен свет. Нема капацитет да води држава. Заинтересиран е само за себе и своите блиски, а сè останато го плаќаат граѓаните, рече Филипче.

— реклама —


Филипче посочи дека граѓаните скапо ги плаќаат промашените политики на власта ,  живеат во услови на економска нестабилност и ниски приходи.


„Граѓаните ги плаќаат бајките и неспособноста на Мицкоски со празни џебови и празни фрижидери. Што имаме денес? Зборуваме за економија што тоне, за тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард во Европа и за млади кои заминуваат од земјава.“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања