Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-librarynlcp6psb5dq26wEHbSn

Новинарот Адеми: Премиере, станувате причина за бројни закани од македонски граѓани што ги добивам преку СМС-пораки

Новинарот Невриј Адеми ги отфрли обвинувањата дека со заканувачки или навредлив тон ѝ се обратил на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на настан во Тетово, кога ѝ упати зборовите: „Ти кажавме кога ќе доаѓаш во Тетово да земеш преведувач“.Во објава на Фејсбук, адресирана до премиерот Христијан Мицкоски, Адеми нагласува дека обвинувањата се обид да се одвлече вниманието од суштинскиот проблем – непочитувањето на правото на комуникација на мајчиниот јазик. „Неприфатливо е јавна функција, избрана со гласови и платена од даноците на граѓаните, да ја избегнува одговорноста да комуницира на јазикот на секој граѓанин на оваа земја“, пишува Адеми.Тој додава дека неговото барање е едноставно и фер – почитување на албанскиот јазик, и дека обидите да биде дискредитиран само покажуваат недостаток на волја за еднаквост и институционално почитување. „Нема да замолчам пред неправдата и нема да се повлечам од своето барање за еднакви права“, истакнува Адеми.Новинарот дополнително го повикува премиерот Мицкоски да преземе одговорност, наведувајќи дека заканите што ги добива преку СМС-пораки од македонски граѓани се последица на институционалниот однос.

Македонија | пред 4 дена

media-librarydt86tlhj8ubcchv8g77

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, упати прашање до министерот за транспорт, Александар Николоски, посочувајќи дека власта предводена од ДПМНЕ целосно ја игнорира кризата со домувањето и ги оттурнува граѓаните кон несигурност, сиромаштија и иселување.„Од 2020-та наваму живееме во перпетуална криза: ковид, енергетска, геополитичка, ценовни шокови, а сега и со горивото. Но, најтивката и најболната криза е домувањето. За една цела генерација, домувањето е главниот катализатор за иселување. Не е тоа само проблем на младите, туку и на нивните работнички семејства“, истакна Мециновиќ, нагласувајќи дека власта не нуди никакво решение додека проблемот станува сè подлабок.„Работник што прима 24.000 денари месечно создава вредност од околу 290.000, а дома носи едвај 16%. И од тие пари, ако е под кирија, повторно ги враќа на сопственикот на станот. Со што останува? Со несигурност. Како да купи стан? Како да формира семејство? Во меѓувреме имаме десетици илјади празни станови кои намерно се држат надвор од пазарот за да се одржуваат високите цени, а сега и странски фондови најавуваат купување на станови. Тоа значи дека ќе станеме нација на киријаши!Целата плата оди за кредити. Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите. До стан само без бубрег. Се движиме во реалност каде што никој од нас ништо нема да поседува. До каде со оваа политика, има ли план да излеземе од неа?!”

Македонија | пред 4 дена

media-libraryt5slp5sar911decs7Vm

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики кон министерот за култура, Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Таа истакна дека нејзините три прашања се однесуваат на нетранспарентност во работењето на министерството, доцнењето и контрадикторностите во одговорите, како и односот кон вработените и клучните културни политики.Костадиновска-Стојчевска посочи дека, и покрај присуството на Љутков на седницата, одговорите на нејзините прашања беа добиени дури по повеќе од десет месеци, а во нив се наведува дека министерството во тој период немало именувано државен секретар. Таа ја критикуваше и управата за културно наследство за доцнење во издавање дозволи и ја истакна нетранспарентноста при објавување резултати од националните програми и конкурси.Пратеничката упати конкретни прашања до министерот: како ќе се заштити културното наследство, конкретно Курбиново; што е направено со клучните закони и стратегии во културата во изминатите две години; и дали вработените во култура ќе ја добијат мартовската плата согласно закон и колективен договор.Костадиновска-Стојчевска нагласи дека, и покрај нејзините напори, многу национални институции морале самостојно да ги објавуваат резултатите од програмите, бидејќи Министерството за култура не ги спроведува законските обврски.Оваа реакција следува во контекст на долготрајни критики за недоволна транспарентност и непочитување на роковите од страна на министерството.

Македонија | пред 4 дена

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп откри што му “подари” Иран

Претседателот Доналд Трамп изјави дека Иран дозволил поминување на дел од нафтените танкери низ стратегискиот Ормуски теснец како знак на добра волја во контекст на преговорите за завршување на војната.„Поминаа десет танкери“, рече Трамп, објаснувајќи дека Иран првично најавил премин на осум големи танкери, кои потоа се упатиле кон север, а подоцна биле додадени уште два. „Прво помислив дека се сериозни и реални. Мислам дека беа под пакистанско знаме. На крајот, поминаа десет бродови“, додаде тој.Според Трамп, овој потег покажува дека Иран е подготвен да се вклучи во дипломатски преговори и да ја олесни ситуацијата во регионот.

Свет | пред 4 дена

media-library2g5da6mubmurapoOJdX

Меѓународниот олимписки комитет забрани учество на трансродови лица на Олимпијадата во Лос Анџелес 2028

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека трансродовите лица нема да можат да учествуваат на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година. Оваа одлука беше потврдена од претседателката на МОК, Кристи Ковентри, по состанокот на Извршниот комитет.Новата „Политика за заштита на женската категорија во олимпискиот спорт“ ќе стапи на сила од 2028 година и нема да има ретроактивно дејство. Според неа, спортистките ќе мора да се подложат на тестирање за присуство на SRY генот, а само оние со негативен резултат ќе можат трајно да се натпреваруваат во женска категорија.Исклучоци се предвидени за ретки случаи, како спортистки со комплетен синдром на андрогена несензитивност (CAS) или други пореметувања на развојот на половите органи (DSD), кои немаат предност од анболички ефекти или тестостерон што го подобрува перформансот.„Апсолутно е јасно дека не би било фер биолошки мажи да се натпреваруваат во женска категорија, а во некои спортови тоа едноставно не би било безбедно“, истакна Ковентри, потенцирајќи дека новата политика е развиена врз основа на наука и медицински експерти и ја штити праведноста на олимписките натпревари.

Свет | пред 4 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: Мицкоски му додели задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница

Според СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од собраниската говорница му делел задачи на новиот јавен обвинител – како да постапува, кого да гони и кои предмети да ги отвора. Партијата тврди дека ова е „погребување на правдата“ и воспоставување тотална контрола на власта врз обвинителството и судството.„Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво да се уапси себеси. Докази има колку сака – и за него и за неговата организирана криминална група – ВМРО“, се вели во соопштението од СДСМ.Партијата го поврзува денешниот настан со претходни случаи, како Дубаи, нападите на СЈО, како и со пуштањето од затвор на Боки 13 и Катица Јанева, предупредувајќи дека се подготвува „нова кампања за замолчување на опозицијата преку медиумите под контрола на Орбан“.СДСМ исто така обвинува дека крајната цел е „укинување на пресудите на Никола Груевски и подготовка за негово враќање во Македонија“. Партијата заклучува дека народот повеќе не може да биде измамен од лагите на Мицкоски и ВМРО.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvtnunf7iv14v9HZ3UeV

Американски претставник: Иран има доволно ураниум за 11 атомски бомби

По воведното обраќање на претседателот Доналд Трамп на седница на американската влада, збор зедоа потпретседателот Џ.Д. Ванс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот претставник за Блискиот Исток Стив Виткоф.Ванс ги повтори тврдењата на Трамп дека иранската војска е уништена и додаде дека тоа им дава на САД „опција“ да осигураат дека Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје, што, според него, била клучната причина за започнување на воената операција.Рубио порача дека земјите ширум светот, дури и оние кои изразуваат критики, треба да бидат благодарни на САД за нивното дејствување насочено кон спречување на развој на нуклеарно оружје од страна на Иран, оценувајќи го тоа како придонес за глобалната безбедност.Виткоф изјави дека веќе во раната фаза на преговорите било јасно дека Иран не е подготвен да ги прифати американските услови. Тој потврди дека иранските преговарачи рекле дека располагаат со доволно обогатен ураниум за изработка на „11 атомски бомби“.Тој исто така потврди дека САД презентирале план од 15 точки како рамка за можно мировно решение и упати предупредување до Техеран дека „повеќе не смее погрешно да ја проценува ситуацијата“.

Свет | пред 4 дена

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Шефот на Пентагон: Ова е материјал за историските книги

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, изјави на седница на владата дека иранската војска во многу краток рок била речиси целосно неутрализирана.„Пред 27 дена Иран имаше модерна војска. Никогаш во забележаната историја воената сила на една држава не била толку брзо и ефикасно неутрализирана“, рече Хегсет.Тој нагласи дека операцијата „Епски бес“, како што САД го нарекуваат конфликтот со Иран, „не е бесконечна војна“, туку одлучна кампања со јасно дефинирани цели.„Ова е материјал за историските книги. Ова е прашање на наследство“, додаде тој.Говорејќи за иранскиот напад врз воената база на островот Диего Гарсија, Хегсет изјави дека Техеран испалил две неуспешни ракети кон цел оддалечена околу 4.000 километри, нагласувајќи дека Иран претставува поширока безбедносна закана.„Му порачувам на светот: Лондон е оддалечен 4.000 километри од Иран. И сакате да кажете дека Иран не е закана за светот или за САД? Претседателот Доналд Трамп знае подобро“, изјави Хегсет.Тој додаде дека САД ќе продолжат со притисокот врз Иран „со преговори под бомби“ сѐ додека не дојде до конкретни разговори, но потенцираше дека Вашингтон сепак се залага за дипломатско решение.„Се молиме за договор и ја поздравуваме можноста за постигнување спогодба“, заклучи Хегсет.

Свет | пред 4 дена

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп не можеше да се сети на името на островот Диего Гарсија, го нарече „Славна Ирска“

Американскиот претседател Доналд Трамп на седница на владата го коментираше неодамнешното иранско лансирање ракета кон американската воена база на островот Диего Гарсија, но притоа накратко не можеше да се сети на името на островот и го нарече „Славна Ирска“, по што веднаш се коригираше.„Знаете, испалија една ракета, помина 2.500 милји. Наводно немаа таква ракета. Но, пукаа кон таа сега веќе славна Ирска... остров што Обединетото Кралство не сакаше да го даде, бидејќи не сакаше да биде вовлечено. А ни ние не сакаме да бидеме вовлечени во нивните војни. Морам да кажам јавно, многу сме разочарани од НАТО“, изјави Трамп.Островот Диего Гарсија има исклучително стратешко значење и претставува една од најважните американски воени бази надвор од САД. Лоциран во Индискиот Океан, тој служи како логистички и оперативен центар за воздушни и поморски мисии на САД на Блискиот Исток и во Азија.Иако станува збор за британска територија, САД ја користат базата врз основа на долгорочен договор со Обединетото Кралство, што со години предизвикува политички и правни дебати, вклучително и прашања за суверенитетот и критики за присилното раселување на локалното население во минатото.Во меѓувреме, Иран неодамна тестираше ракети со долг дострел, лансирајќи ги кон подрачјето околу Диего Гарсија како дел од ескалацијата на конфликтот со САД и Израел. Иако нема потврда дека базата била директно погодена, западни претставници оценуваат дека станува збор за демонстрација на способноста на Техеран да погодува цели на илјадници километри оддалеченост.Овој потег дополнително ја зголеми загриженоста кај западните сојузници, бидејќи укажува на напредок во иранската балистичка програма и потенцијална ранливост на клучни воени инсталации. Во тој контекст, изјавата на Трамп, проследена со очигледната грешка во името на островот, дополнително го насочи вниманието кон важноста на оваа стратешка точка и растечките тензии меѓу САД, Иран и нивните сојузници.

Свет | пред 4 дена

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања.Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води популистички политики на создавање на хаос, истакна вицепремиерот Николоски.“Менуваме Правилник со кој Правилник овозможуваме побрзо да оди урбаинизацијата со цел да можат да се градат нови маркети и да се создава конкуренција,  еве имаме најава од два големи ланци, Лидл и Шпар  веќе се тука.  А вие повторно пуштатe монтирани соопштениja со слики монтирани од мене, од премиерот, на овој што Ве формираше, па сте ја ставиле во позадина сликата на тој што Ве формираше.  Јас сум долго во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани. Јас ке ви кажам, со директна материјална подршка на Сашо Мијалков кој сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и ние не сме ги спречиле!   И која ви беше улогата во 2015 година, да ја рушите Шарената револуција.  И сега правите монтажа и на таа слика не обвнинувате зошто полесно ќе се градат хотели надвор од градови, надвор од Национални паркови, надвор од заштитени подрачја,  надвор од заштитата од УНЕСКО.  Па се молиме да дојдат инвеститори, зашто тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, носат туристи и носат пари. А овие маркетиве кои ќе влегувааат носат поевтини цени затоа што не јас туку Комисијата за заштита на конкуренција  кажа дека има картелско здружување. Па се донесе Законот за добри трговски практики, почнаа да регистрираат ПР и маркетинг агенеции надвор од државата, па таму ги тераат производителите да се рекламираат. Е затоа ги правиме овие измени, одговори Николоски.Тој додаде дека се смени закон за полесно да се градат улилишта, болници катни гаражи, и потенцира дека и во тој случај Левица правела хистерија и повикувала законот да не се потпишува.“Правевте хистерија, баравте од претседателката да не го потпишува законот. Кај е урбаниот хаос кој што велевте дека ке се случи? Гледам, многу сте загрижени за Охрид. Знаете колку е цената на квадрат во Охрид, 4000 евра? .Заради такви како вас затоа што правите хистерија. Се кандидиравте за градоначалник на Скопје. Како планиравте градот да го водите со ваква хистерија. Даноци кој ќе плаќа, буџетот како ќе се полни? Лесно е да водите ултра пополустички политики, ама тие ви се удираат во ѕид. Еве ја следиме вашата политика во урбанизаицјата и цената на квадратот стигна до 2500 евра за квадрат. Ако продолжиме,  5000 евра ќе стигне”- одговори вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 4 дена

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Трамп: Иранците се одлични преговарачи

Американскиот претседател Доналд Трамп на состанок на владата се осврна на војната против Иран, која Вашингтон ја нарекува операција „Епски бес“, нагласувајќи дека САД остваруваат убедлива предност на теренот.Трамп изјави дека американските сили веќе со недели нанесуваат сериозни удари врз иранските воени капацитети, „на ниво какво што ретко се гледа“. Тој повторно тврдеше дека Техеран сака да постигне договор, велејќи: „Тие молат за спогодба, а не јас“, додавајќи дека Иранците се „лоши војници, но одлични преговарачи“.Според него, Иран имал план да воспостави контрола врз Блискиот Исток, а како клучна причина за воените напади ја посочи заканата од развој на нуклеарно оружје. Овие ставови, како што истакнува, се дел од пошироката позиција на Вашингтон дека американско-израелските операции се успешни и дека САД имаат силна преговарачка позиција.Во обраќањето, Трамп упати критики и кон сојузниците, особено кон Обединетото Кралство и НАТО. Осврнувајќи се на иранскиот ракетен напад врз воената база Диего Гарсија, тој изјави дека бил употребен проектил со долг дострел, иако претходно се сметало дека Техеран нема такви способности.Трамп изрази незадоволство од улогата на дел од сојузниците, посочувајќи дека некои земји најавиле вклучување дури по завршувањето на конфликтот. „Треба да се вклучите на почетокот, или дури и пред да започне војната“, порача тој.Посебно го критикуваше Обединетото Кралство, наведувајќи дека Лондон понудил испраќање носач на авиони, но истовремено ги омаловажи британските воени бродови, оценувајќи ги како „играчки“ во споредба со американските.

Свет | пред 4 дена

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран одговори на планот на Трамп и ги објави своите услови

Иран соопшти дека има „природно и законско право“ да управува со Ормускиот теснец, како дел од одговорот на наводниот американски мировен план, пренесуваат иранските државни медиуми.Според новинската агенција Tasnim News Agency, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, Техеран веќе доставил одговор на американскиот предлог од 15 точки и сега ја очекува реакцијата од Вашингтон.Повикувајќи се на „информиран претставник“, агенцијата ги наведува клучните услови на Иран за евентуално смирување на конфликтот. Меѓу нив се прекин на, како што се наведува, „агресијата и атентатите“ од страна на непријателите, воспоставување гаранции дека војната нема да се повтори, како и јасно дефинирана воена отштета и компензација.Иран, исто така, бара целосен прекин на непријателствата на сите фронтови, вклучително и од страна на сојузниците и поврзаните групи во регионот.Истиот извор нагласува дека Техеран смета оти правото да го спроведува својот суверенитет над Ормускиот теснец е „природно и засновано на меѓународното право“.

Свет | пред 4 дена

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Зоран Трифуновски е нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски вечерва на седница на ЦО е избран за нов организациски секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Тој доаѓа на местото на Мартин Костовски, кој беше кандидат на опозициската партија за градоначалник на Куманово, но не успеа да се пласира во вториот круг на локалните избори.Трифуновски ќе биде втор организациски секретар на СДСМ заедно со Љупчо Фармаковски. На партискиот конгрес за генерaлен секретар е реизбран Саша Димитријевиќ.

Македонија | пред 5 дена

media-librarypjgde581o1t96pDR9qg

(Во живо) Жерновски: Бараме ветинг на стекнатиот имот од политичари и судии

Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ и нов меѓународен партиски секретар, е гостин во „Претрес со Ландов”.„Не лажам во политиката, немам потреба. Верувам дека политиката е професија во која треба да се учествува. Сме се изнагледале примери на неказнување, но битката треба да продолжи. Што сѐ не успеале да ми најдат политичките противници, но немало ништо, тука сум”, рече Жерновски.Жерновски кажа дека на седница на ЦО на СДСМ, вечерва се избрани нови луѓе и е направена комбинација меѓу искусни и млади луѓе.„Предлагаме ветинг на сѐ што е стекнато финансиски од политичари и судии години наназад”, рече Жерновски.

Скопје | пред 5 дена

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 48 мерки, две лица се лишени од слобода и одземени се три возила

Според информации од МВР, денеска, на 25.03.2026, во периодот од 07:00 до 13:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на градот Тетово, со акцент на општа контрола на возила и возачи во јавниот сообраќај.При контролата изречени се вкупно 49 мерки за различни прекршоци, меѓу кои пет за јавен превоз на патници без лекарско уверение, една за технички неисправно возило, три за измината важност на сообраќајната дозвола, три за управување моторно возило со несоодветна категорија, три за возачи почетници, шест за непоседување на пропишана опрема, десет за претовар и необезбеден товар, четири за користење мобилен телефон за време на возење и четири за други прекршоци.Поднесени се девет барања за поведување прекршочна постапка за правни и одговорни лица. Две лица се лишени од слобода и две возила се времено одземени поради кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ според член 297-а од Кривичниот законик, додека едно возило е одземено поради измината важност на сообраќајната дозвола над шест месеци.Од МВР најавуваат дека акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за побезбедни патишта.

Македонија | пред 5 дена

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Мицкоски не стави во скут на Орбан и на соработници со Русија

„Што направи Христијан Мицкоски и нашата влада? Не ставија во скут на Орбан, на таа земја , на тие луѓе, директни соработници на рускиот претседател и агресор Путин“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во емисијата Топ Тема на Телма.„Видовме во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сјарто, бил тој којшто ги пренесувал сите теми од затворените состаноци на Европскиот совет изминатите повеќе години на рускиот претседател Путин“, рече Филипче.Филипче посочи дека се повеќе излегува на виделина дека премиерот Мицкоски е прокси руски играч во регионот и во Македонија.Toj посочи на економските и инфраструктурните последици од ваквите политики.„Која е  причината и зошто тогаш сме задолжени една милијарда евра преку владата на Орбан со самото доаѓање на таа влада? Понатаму, како дадоа приоритет на Коридорот 10 над Коридорот 8, со што земјава изгуби 140 милиони евра грантови од Европската унија. Која е причината за доаѓање на унгарскиот телеком ‘Фор Ај Џи’ тука кај нас, кој го води човек близок до премиерот Орбан? И што е причината приоритетите на министерството за енергетика за инвестиции во енергетскиот сектор наеднаш да ги добијат унгарски компании, повторно ќерки фирми на луѓе од Унгарија блиски до премиерот Орбан? Значи, не станува тука збор за традиционална близина меѓу двете земји.“, појасни претседателот на СДСМ.Филипче оцени дека целосното блокирање на европскиот пат има сериозни причини:„Како го тогаш објаснуваме целосното блокирање на европскиот пат и зошто тоа се прави? Затоа што јасно, Унгарија ги поткопува сите механизми на делување на стратегиите на Европската унија. Тие сеуште ги блокираат 90 милијарди помош за Украина, што е еден од приоритетите на Европската унија.“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 5 дена

media-library3ejbir0j0eltdYcu37F

Филипче: Храната поскапува, нов ценовен шок по џебот на граѓаните

Една единствена мерка не е доволна за да има ограничување на растот на цените на горивата и храната,  не поскапе само литар гориво и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.Филипче нагласи дека СДСМ континуирано предупредуваше дека се потребни навремени мерки за да не дојде до сегашното енормно зголемување на цените на горивата и нафтените деривати и на храната, што  е сериозен удар за граѓаните.„Не поскапе само литар гориво безоловен и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти. Видете што се случува во маркетите, основните прехранбени производи, месни, млечни, овошје, зеленчук, зејтин, јајца се е поскапено. Овие мерки кои што ги донесе Владата, односно една единствена мерка практично не е доволна за да има некое ограничување на растот на цените и граѓаните не ја чувствуваат. Дополнително, поскапената храна и да се намали цената горивата веќе нема да се врати назад“, рече Филипче.Тој додаде дека Македонија е единствената земја во регионот во која со владина мерка наместо намалување на цените, има зголемување на цената на горивата.„Изминатите три дена цената на нафтата паѓа, а кај нас се уште е висока. Сметам дека сме единствена земја во регионот која што со некаква мерка што ќе се донесе придонесува и прави цената на литар гориво да порасне. Тоа се случи откако се најави предлог мерката на премиерот со ДДВ-то за неколку денари, скокна цената на дизелот“, рече Филипче.Во интервјуото Филипче посочи дека несоодветни се споредбите што ги прави премиерот Мицкоски со држави како Словенија и Хрватска кои имаат далеку повисок стандард од Македонија.„Сиромаштијата е огромна,  нема никаков раст на платите изминатите две години. Ја слушаме од премиерот реториката, ние имаме најевтина гориво во регионот ги споредуваме цените, ние имаме слично цена нешто поевтино од Словенија од Хрватска, ама таму минималната плата е 1.500 евра, неразумна споредба со земји кои што имаат повеќекратно поголем стандард од македонскиот животен стандард“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

Кузевска, Земон, Чокревски, Стаменковска, нови членови на ЦО на СДСМ

Во тек е седница на ЦО на СДСМ, на која ќе бидат коптирани нови членови на предлог на лидерот Венко Филипче.Според информации на Скопје1, нови членови ќе бидат партиската портпаролка Богданка Кузевска, потоаРубин Земон експратеник и лидер на ПОЕН, Слободан Чокревски ексдиректор на АХВ и Соња Стаменковска градоначалничката на Македонска Каменица.Партиски кругови брифираа дека во ЦО ќе влезе и Иван Анастасовски, универзитетски професор и поранешен пратеник и потпретседател на Собранието од редовите на НСДП која во тој период беше дел од Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДПА, но нема потврда за оваа информација.Андреј Жерновски на предлог на Филипче ќе биде избран за меѓународен секретар на СДСМ, а Александар Давчевски за претседател на Градската организација на СДСМ.

Македонија | пред 5 дена

media-library50qruqs53fanamSloh7

Филипче: Единствен што коленичеше е Мицкоски кога молеше за власт и лажеше дека ќе го врати името

Единствен што коленичи беше Христијан Мицкоски, кога молеше за власт и ветуваше враќање на името, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.Филипче посочи дека тој е дел од лажна реторика на Мицкоски додека свесно ја изолира државата од Европската Унија.„Целосно сме изолирани, слепо црево. Ќе се сменат приоритетите во Европска Унија веќе нема да биде така широко отворена вратата, какви кој знае услови ќе дојдат доколку Албанија стане земја членка пред нас. И што ќе правиме ние? Што оваа влада ќе прави, кој ќе понесе одговорност?“, рече Филипче.Тој додаде дека ВМРО како влада и после две години покажа дека нема ниту план ниту визија за напредокот на државата и обезбедување подобра иднина за граѓаните. „Политиката се сведува на тоа дека оваа влада нема апсолутно никаков план, ниту  визија, ниту пак нешто прави добро за граѓаните и за државата во изминатите две години. Пола мандат е поминат граѓаните не видоа никаков бенефит нема ниту еден голем значаен проект, освен тие што се завршуваат, почнати во времето на владите на СДСМ“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 дена

media-librarydsemnfdf9r30a1Vcdks

Филипче: Нема да дозволам делби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалната ВМРО

Нема да дозволам поделби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.Филипче посочи дека во период кога СДСМ ги разоткрива криминалните дејствија на ВМРО, нема да дозволи создавање структури кои ќе работат во интерес на власта.„Сакам јасно да кажам, нема да дозволам втор ЗНАМ. Јас нема да дозволам повторно отцепување во период кога излегуваме со силна критика на власта, аргументираме и разоткриваме нивни криминални дејства, разоткриваме причини за запирање на евроинтегративниот пат“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче порача дека актуелните иницијативи кои излегуваат во јавноста засега немаат сериозна основа и не нудат конкретни аргументи.„Тие иницијативи засега се кафански муабети, тие иницијативи засега се сведуваат на некакви непотпишани писма до медиумите во коишто никој не кажува кои се проблемите, кои се причините, затоа што мене ме повикуваат да бидам сменет и ме повикуваат на одговорност. Јас сум спремен да дебатирам на секоја тема, меѓутоа оваа партија и во минатото видела поделби. Еве видовме како се отцепи една група и отиде во движење ЗНАМ, којшто најавуваа дека ќе бидат коректор на власта, најавуваа дека некако поинаку ќе се однесуваат од СДСМ и што се случи - едно мало движење, подизведувачи на криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ. И само неколку луѓе имаат финансиски ќар од таа приказна“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 5 дена

media-librarydtrjhlms2ihu2jUtShJ

Филипче: Денеска пред ЦО ја презентирам новата Платформа на СДСМ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, посочи дека предлог-програмата што ја презентира на вечерашниот Централен одбор на партијата доаѓа ги содржи идните политики и мерки на СДСМ за граѓаните.„Основата за оваа предлог-програма доаѓа од стручните комисии на партијата и процесот на финализација на програмата ќе заврши на 7 јуни со програмски Конгрес, на којшто програмата треба да се усвои. Притоа, пред Конгресот, односно на 6 јуни, ќе се одржи меѓународен состанок со сестринските партии од регионот, на којшто ќе потпишеме заедничка декларација за европска интеграција на регионот, борба против корупцијата и борба против авторитарните режими“, рече Филипче.Притоа, Филипче додаде дека Конгресот ќе биде посветен единствено на новата програма бидејќи станува збор за предизвици со коишто се соочуваат сите наши сестрински социјалдемократски партии од регионот.

Македонија | пред 5 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Белата куќа не го потврди „планот од 15 точки“ за крај на конфликтот со Иран

Говорничката на Белата куќа, Каролин Ливит, одби да потврди постоење на план од 15 точки за завршување на војната, кој според извештаите го предложил претседателот Доналд Трамп, а кој Иран го одбил.Ливит нагласи дека Белата куќа никогаш официјално не го потврдила таквиот план и ги предупреди новинарите да бидат внимателни при известување за непотврдени и шпекулативни информации. Таа додаде дека постојат „елементи на вистина“ во одредени извештаи, но дека дел од објавените информации „не се целосно точни“.Говорничката одби да изнесува детали од преговорите меѓу САД и Иран, посочувајќи дека разговорите се во тек и дека нема да открива конкретни информации.Претходно, Трамп изјави дека Иран добил рамка за завршување на конфликтот, а некои извештаи тврдат дека првите точки се однесуваат на иранско откажување од нуклеарната програма. Иранските официјални лица го оценија предлогот како „претеран“ и најавија дека нивниот одговор не бил позитивен, иако го разгледуваат понатаму.

Свет | пред 5 дена

slavjanka-petrovska

Поранешната министерка го искритикува наследникот во Одбрана: Нема нови набавки, нема реформи во Армијата

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска информира дека денеска се промовирани 17 „Страјкери“, лесни оклопни возила кои се дел од договорот за набавка со Соединетите Американски Држави, склучен во 2021 година.Таа посочи дека овој договор е еден од вкупно седумте договори „влада со влада“ реализирани во периодот на владите предводени од СДСМ, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата.Сепак, Петровска изрази загриженост дека во изминатите две години, освен најави за „историски“ набавки и буџет за одбраната, не се забележува конкретен напредок. Според неа, во овој период не е склучен ниту еден нов договор за модернизација на Армијата.Таа оцени дека состојбите во одбранбениот сектор не се во согласност со изјавите на актуелниот министер Владо Мисајловски, наведувајќи дека нема нови набавки, нема зголемување на платите, нема нов колективен договор, ниту пак нови вработувања во критичните специјалности. Дополнително, според Петровска, изостануваат унапредувања по заслуги, реформи во системот за справување со кризи и несреќи, како и поширок напредок во секторот.Во својата реакција, Петровска упати и директна критика кон министерот Мисајловски, обвинувајќи дека избегнува јавен дуел, при што порача дека „на лагата ѝ се кратки нозете“.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryh9e19igq38vq0CO2OKK

Трипуновски од Кичево: Креираме политики заедно со земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска одржа трибина во општина Кичево, во преполна сала со земјоделци.На трибината се разговараше за досегашните активности на Министерството, како и за тековните и идните мерки и политики во секторот земјоделство. Посебен акцент беше ставен на директната комуникација со земјоделците со цел креирање на политики кои ќе одговараат на нивните реални потреби.„Се наоѓаме во еден земјоделски крај каде што во нашиот регистар има евидентирано некаде околу 1.500 земјоделски стопанства. Најголема застапеност е во делот на пчеларството, сточарството и во делот на полјоделските култури“, истакна министерот Трипуновски.„Ние во идниот период продолжуваме со овие активности и во другите делови од нашата држава. Со цел да го опфатиме секој еден наш сограѓанин, секој земјоделец, секоја рурална општина и да разговараме за актуелните теми во делот на земјоделството“, посочи министерот.Тој додаде дека една од главните поенти на ваквите трибини е размена на дискусии со земјоделците, во делот на тоа во каква насока треба да се движат политиките на министерството, на Владата во целина.

Македонија | пред 5 дена

Screenshot-2025-08-24-at-11.14.20

Град Скопје со поддршка за онколошките пациенти: Како до еднократна парична помош?

Град Скопје продолжува со конкретни мерки за поддршка на најранливите граѓани, соопшти Орце Ѓорѓиевски. Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2026 година, ќе се обезбедува еднократна парична помош за онколошки пациенти, како мал, но значаен чекор за олеснување на нивното секојдневие и борба со болеста.Право на помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на Град Скопје, вклучувајќи ги општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.За да се оствари правото, потребно е да се достави барање за еднократна финансиска помош, копија од важечка лична карта, документ од надлежен орган што ја потврдува состојбата (дијагноза или отпусна листа), копија од трансакциска сметка, потврда дека лицето е онколошки пациент, а документацијата да не е постара од шест месеци од поставувањето на дијагнозата. Барањето и целокупната документација се поднесуваат преку Архивата на Град Скопје, во затворен плик со назнака: „Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти“.Орце Ѓорѓиевски нагласува: „Ова, почитувани, е порака дека никој не е сам. Дека зад секоја борба стои некој кој верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови, постои рака што ќе ве поддржи и надеж што не згаснува. Заедно сме посилни.“Оваа мерка е дел од заложбата на Град Скопје за грижа кон граѓаните и поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања