Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library97390g7p20nh33tzuU3

Започнува реконструкцијата на улица „Партизанска“ кај Охридати

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на линиски инфраструктурен објект  на дел од улица „Партизанска“ во населба Охридати.Надлежните општински служби упатуваат апел до  жителите од овој дел на градот да бидат повнимателни при сообраќање или движење во оваа патна и пешачка зона. Автомобилите уредно да се паркираат само на приватен простор  надвор од јавната површина што треба  да се реконструира.Изведувач на активностите е  ИНТ „Глобл Инженеринг“ од Битола.

ОО | пред 6 дена

873x400-1-16

Хрватска има нафта само за три месеци

Хрватска располага со релативно мали резерви на нафта, а домашното производство не е доволно за потребите на граѓаните и компаниите. Според податоците на релевантните агенции, земјата годишно произведува околу 500.000 тони нафта, што е само една шестина од вкупните потреби, поради што е високо зависна од увоз. Нафтата најмногу се увезува од Азербејџан и Казахстан, со повремени испораки од африкански земји, покажува анализата на хрватскиот RTL.Во стратешките резерви, Хрватска има доволно нафта за околу три месеци, која владата може да ја пушти на пазарот доколку се појави потреба. Министерот за економија, Анте Шушњар, уверува дека дури и ако целосно се запре производството, земјата може нормално да функционира.Што се однесува до гасот, домашното производство доаѓа од северниот Јадран, како и од Славонија и Меѓумурје, што покрива околу една четвртина или 25% од вкупните потреби. За индустријата тоа дефинитивно не е доволно, додека за домаќинствата, според податоците на Стручното здружение за гас, производството од 780 милиони кубни метри е доволно за домашните потрошувачи кои годишно трошат околу 600 милиони кубни метри. Остатокот се увезува главно преку ЛНГ терминалот на островот Крк, пред сè од САД, Нигерија, Тринидад и Тобаго, како и од Алжир.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryatvdc2mqonde7GGUsVE

Jаревски: Стабилизирани се цените на горивата, приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски и се осврна на донесените одлука од страна на Владата за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, се со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија. Пратеникот Јаревски истакна дека Владата успешно се справува со предизвиците од глобалната економска криза и додаде дека снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини. „Она што се укажа дека намалувањето од 18 на 10 отсто е првиот чекор, доколку има понатаму потреба ќе се намали и до 5 отсто. Паралелно со тоа, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство покрај серијата на чекори што ги направи во изминатиот период исто така премина кон разговори со дистрибутерите на нафта, со цел да имаме дополнителен попуст на маржа од 2-3 денари. Практично барем во овој најсериозен бран да имаме состав во кој цените на горивата нема да бидат поскапени“, рече Јаревски. Јаревски додаде дека државата останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот потенцирајќи дека се потврдува ефикасноста на преземените мерки како и стабилноста на енергетскиот систем. Тој нагласи дека приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата.

Македонија | пред 1 седмица

iran

САД го одредија 9 април како можен крај на војната со Иран

САД го одредија 9 април како можен датум за завршување на војната со Иран, а се очекува дека разговорите меѓу двете страни наскоро ќе започнат, јавуваат израелските медиуми. Според весникот Yedioth Ahronoth, еден неименуван израелски функционер изјавил дека „Вашингтон го одредил 9 април како целен датум за завршување на војната, оставајќи околу 21 ден за продолжување на борбите и преговорите“.Истите извори додаваат дека „разговорите меѓу Иран и САД се очекува да се случат подоцна оваа недела во Пакистан“, нагласувајќи дека Вашингтон не го известил Израел за деталите од контактите со претседателот на иранскиот парламент.Иран ги негира преговорите со Америка, оценувајќи ги извештаите како „лажни вести“ кои служат за манипулација на финансиските и нафтените пазари.Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно во понеделникот соопшти дека наредил петдневно одложување на сите напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура, како резултат на „многу добри и продуктивни“ разговори со Техеран во изминатите два дена.Регионалната ескалација се интензивира откако на 28 февруари САД и Израел започнаа заедничка офанзива против Иран, при што загинаа повеќе од 1.340 лица, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.Техеран возврати со напади со дронови и ракети кон Израел, како и кон Јордан, Ирак и земјите од Заливот каде се наоѓаат американски воени објекти, предизвикувајќи жртви, оштетувања на инфраструктурата и нарушувања на глобалните пазари и воздушниот сообраќај.

Свет | пред 1 седмица

media-librarypicfbi77aovv7bJV2BT

Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од дебатната емисија ,,Само вистини“ на телевизија Канал 5, и реплицираше на Сања Лукаревска, пратеник на СДС, а гости во емисијата беа и Даниел Стојчевски и Халил Снопче. Ласовска истакна дека покачување на цените на горивата нема да има, и како што вели таа, деривати има доволно.„Од влада која што неколкукратно ги покачи акцизите,не можеме да бараме совет.Она со кое што можеме да се согласиме, е дека сите оние мерки коишто, СДСМ деновиве ги истакнуваат, не се исклучени“, вели Ласовска.Ласовска посочи дека залихите на деривати се доволни, па граѓаните не треба да се грижат за поскапување.„Не е точно дека се покачиле горивата, дизелот само ќе се покачи 3 и пол денари. Она што како Влада вчера јасно се стави до знаење, е дека од денес ќе имаме практично 30 дневна кризна состојба, деривати имаме доволно. Граѓаните треба да бидат спокојни, нема да се покачуваат цените на горивата, а со тоа значи и дека нема да се одврти онаа спирала на покачување. Ќе интервенира Владата. Оваа мерка е сега почетна. Како што кажавме, може да биде и до 0%. Сега е на 10% ДДВ-то, може да дојде до 5%, може и до 0“, истакна Ласовска и додаде:„Не значи дека за овие две недели нема да интервенираат, доколку нешто се случува. Она што може Владата да интеревенира, го прави сосема навремено“.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynr7fhqjqelb4cGvGBDK

Најмалку пет лица загинаа во напад врз иранскиот град Урмија

Најмалку пет лица загинаа во напад врз северозападниот ирански град Урмија, јави иранската новинска агенција Тасним.Според извештајот, воени авиони нападнале стамбен дел од градот околу 3:45 часот наутро по локално време, при што цели биле цивилни објекти.Детали за идентитетот на загинатите лица или точните околности на нападот сè уште не се достапни, а официјални коментари од Иран или од САД не се потврдени.

Свет | пред 1 седмица

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Високи претставници на Трамп разговарале со претседателот на иранскиот парламент

Највисоките претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, разговарале со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на официјални израелски извори. Калибаф, близок сојузник на убиениот командант на IRGC, Касем Сулејмани, кој бил вмешан во насилно гаснење на протести, се појавил како водечки носител на одлуки во воено време откако високите ирански функционери биле елиминирани во израелско-американската кампања против Иран, објави „Тајмс оф Израел“.Претходно, Трамп тврдел дека САД разговараат со истакната личност и лидер во Иран, без да го открие неговиот идентитет. Веднаш по овие тврдења, профил на социјалната мрежа X, кој припаѓа на Калибаф, објавил дека не се воделе никакви преговори со САД.Исто така, се наведува дека „лажни вести“ биле користени за „манипулација“ на нафтените пазари, додека иранскиот народ бара „целосна и покајничка казна за агресорите“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb2n4pemckiuu68OknPN

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, каде се осврна на однесувањето на опозициската СДС, која според него се соочува со недостаток на политичка насока, проследена со зголемена агресивност во јавниот дискурс како и внатрешна несигурност.Во моментов раководството на СДСМ, нема политички компас на делување. И тоа не го говорам само за нивниот однос кон владејачкото мнозинство, туку го говорам и кон нивните сопствени поистакнати членови во рамките на СДСМ. Секој којшто има различно мислење, без разлика дали е претставник на власт, на собраниско мнозинство или на дисиденти од редовите на СДСМ, наидува на жестока критика, омаловажувања, агресивен речник“, вели Милошоски.Тој посочи дека според него раководството на СДС се чуствува несигурно поради, како што вели тој, некои можни истраги, предистраги или предмети од страна на надлежните државни органи.СДСМ никогаш не била толку агресивна како што е денес, и со вокабуларот и со пристапот кон било кој поинаку размислувачки новинар, политичар, функционер или истакнат член на СДСМ“, истакна Милошоски.Тој вели дека очигледно е оти Венко Филипче се појавува како јавно лице на СДСМ, но според тонот и речникот може да се насети дека вистинското влијание доаѓа од други актери во позадина. Како што посочува Милошоски, некој друг го има далечинското во рацете.Венко Филипче само номинално е претседател на СДСМ, а суштински гледаме дека не ги креира политиките на оваа, до пред извесно време, битна политичка партија во Македонија“, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп: Иран има уште една шанса

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Иран се „многу добри“ и дека Техеран сака да постигне договор. Говорејќи во Мемфис, Трамп рече дека постои „многу добра шанса за спогодба“ со Иран. „Го отстранивме сè што можеше да се отстрани во Иран, вклучително и нивните лидери“, додаде тој, истакнувајќи дека Иран има „уште една можност да ги заврши своите закани“ кон Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.„Во моментов водиме навистина добри разговори. Започнаа синоќа, делумно и вечерта пред тоа. Мислам дека се многу добри. Тие сакаат мир. Се согласиле дека нема да имаат нуклеарно оружје. Но, ќе видиме, тоа мора да го завршиме“, рече Трамп.Претседателот исто така повтори дека Иран има уште една можност да ги заврши своите закани кон Америка и нејзините сојузници и изрази надеж дека ќе ја искористи. „Во секој случај, Америка и целиот свет наскоро ќе бидат многу побезбедни“, додаде тој.Трамп повтори и претходни тврдења за уништување на иранските воени капацитети, истакнувајќи дека „систематски ја разградуваме способноста на режимот да ѝ се заканува на Америка“. И покрај негирањата од иранска страна, претседателот потврди дека САД и Иран водат преговори и дека целта е постигнување договор кој ќе биде добар за сите, вклучително и за блискоисточните сојузници и Израел.

Свет | пред 1 седмица

media-librarybt3dscm9d7kf6SjAb4I

Градоначалничката на Кисела Вода им даде рок од 10 дена на граѓаните да ги тргнат хаварисаните возила

Хаварисаните возила во општина Кисела Вода повеќе нема да го узурпираат јавниот простор. Инспекциските служби се на терен и започнаа со лепење известувања за отстранување на возилата во неупотреблива состојба.Врз основа на мапирањето направено во соработка со месните заедници, општината ги лоцира сите точки каде што овие возила ги блокираат паркинзите, тротоарите и зелените површини. „Сопствениците имаат рок од 10 дена сами да ги дислоцираат своите возила, со цел ослободување на просторот за пешаците и овозможување нормално движење низ нашите населби“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Доколку возилата не бидат отстранети во предвидениот рок, општинските служби ќе изготват решенија за нивно подигнување од страна на колективниот постапувач „Грин Роад“ до наменето собирно место. Општината потсетува дека редот и слободниот јавен простор се заеднички интерес на сите граѓани.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarynpr4avim64ip7ag8PLW

(Видео) Во Колумбија се урна воен авион: во него имало 100 војници

Колумбиски транспортен авион тип Hercules се урна на југот на Колумбија, во близина на границата со Перу, соопштија властите. Несреќата се случила кај градот Пуерто Легиџамо во покраината Путумајо, а авионот бил наменет за превоз на војници.Сè уште нема официјални информации за бројот на патници, но локалните медиуми наведуваат дека во авионот имало повеќе десетици лица. Спасувачки екипи веднаш биле испратени на местото на несреќата.Колумбискиот министер за одбрана, Педро Санчез, потврди дека авионот доживеал „трагична несреќа при полетување од Пуерто Легиџамо, додека превезувал припадници на нашите безбедносни сили“. Тој не прецизирал дали има жртви, но го опишал настанот како „длабоко тажен за земјата“.Локалниот медиум BluRadio јави дека во авионот имало 110 војници, а несреќата се случила само три километри од градот. Производителот на авионот, американскиот Lockheed Martin, засега не одговорил на барањата за коментар.Слична несреќа се случи на крајот на февруари во густо населениот град Алто, кога се урна авион C-130 Hercules на боливиското воено воздухопловство. Во тој случај загинаа повеќе од 20 лица, а уште 30 беа повредени. Тогаш, банкнотите што авионот ги превезувал се разлетале низ градот, предизвикувајќи судири помеѓу жителите и безбедносните сили.

Свет | пред 1 седмица

nafta

Цените на нафтата се во пад

Цените на нафтата на меѓународните пазари за момент паднаа под 99 долари по барел, откако американскиот претседател Доналд Трамп го одложи нападот врз иранската електроенергетска инфраструктура, отстранувајќи ја заканата од ирански одговор во земјите покрај Ормускиот теснец.На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше поевтина за 13,47 долари во споредба со затворањето минатата недела, достигнувајќи 98,72 долари, додека на американскиот пазар падна за 11,31 долар и изнесуваше 86,92 долари.Инвеститорите со внимание го следеа рокот што Трамп му го постави на Иран за отворање на Ормускиот теснец. Претседателот порача дека Техеран мора целосно да го отвори теснецот во рок од 48 часа, заканувајќи се со напад на ирански електрани. Иран претходно најави дека ќе одговори со напади на енергетската инфраструктура во земјите покрај Ормускиот теснец.Неколку часа пред истекот на рокот, Трамп објави дека го одложува рокот за пет дена, нагласувајќи „плодни разговори“ со Техеран. „Давам упатства до Министерството за одбрана сите воени удари на ирански електрани и енергетска инфраструктура да се одложат за пет дена, зависно од успехот на актуелните средби“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.Иран ги негираше разговорите со Вашингтон, а министерот за надворешни работи Абас Аракчи ги обвини САД за нарушувањата во сообраќајот, според извештајот на иранската новинска агенција Mehr.По американско-израелскиот напад кон крајот на февруари, Иран ја презеде контролата над теснецот, забрани транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници, а иранската армија возврати со лансирање проектили кон Израел и американските бази во регионот. Осигурителите повлекоа покривање за бродовите, а танкерите заглавија во Персискиот Залив и јужно од Ормускиот теснец.Преку Ормускиот теснец поминува петтина од светската нафта, а земјите членки на Меѓународната агенција за енергија (IEA) пласираа 400 милиони барели од резервите за да ја обезбедат испораката и да го сопрат растот на цените. Шефот на IEA, Фатих Бирол, најави дека може да ослободат дополнителни резерви, но предупреди дека единствено решение за енергетската криза е отворањето на теснецот.Одделни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот од кошницата на нејзините членки во петок беше поевтин за 3,19 долари и изнесуваше 142,86 долари.

Свет | пред 1 седмица

media-library9i6k2llcnt7m6xiBumf

ФЗО откри лажни боледувања во МВР: изречени казни од 1,2 милиони денари

Полициски службеник четири пати за година и половина менувал матичен лекар за да му издава боледување.Контролата на Фондот за здравство, по барање на Министерството за внатрешни работи, откри дека во втората половина на 2023 година, 80 здравствено осигурани лица, припадници на полицијата, искористиле вкупно 514 боледувања, од кои 83 траеле повеќе од 30 дена. Резултатите покажуваат дека едно од пет боледувања во МВР било неправилно издадено.За време на контролата биле опфатени 105 приватни здравствени установи, претежно матични лекари, како и неколку гинеколози и стоматолози. За подолгите боледувања биле проверувани и првостепените и второстепените лекарски комисии. Главните прекршоци се однесуваат на непочитување на дијагностичките постапки и надминување на дозволените временски рамки на боледувањата.Според Клековски, дел од боледувањата биле оправдани, но дел се злоупотребувале: „Еден човек зема седум дена боледување, доаѓа еден ден на работа, а потоа под друга дијагноза отвора ново боледување.“Најчесто користените дијагнози биле болести на респираторниот систем, мускулниот и дигестивниот систем. За откриените неправилности во приватните и јавните здравствени установи, изречени се глоби во вкупна висина од 1,2 милиони денари.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран: Тврдењата на Трамп за разговори со нас се лажни вести

Иран повторно истакна дека не водел никакви разговори со Соединетите Американски Држави, и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека двете страни постигнале „клучни точки на согласност“. Трамп претходно изјави дека во изминатите 24 часа се одржале „многу силни“ разговори меѓу Вашингтон и Техеран и дека е јасно оти Иран „многу сака да постигне договор“.Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, повтори дека такви разговори не се одржале. „Не се одржани никакви преговори со Соединетите Американски Држави, а лажните вести се користат за манипулација на финансиските и нафтените пазари и за извлекување од ситуација во која се заглавени САД и Израел“, рече Галибаф.Оваа изјава е во спротивност со претходното известување на израелски функционер кој за Ројтерс изјави дека токму Галибаф ја предводи преговарачката група со Вашингтон.Според иранската државна новинска агенција ИРНА, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјавил дека „пријателски“ земји пренеле пораки дека Соединетите Американски Држави бараат преговори за завршување на војната, но Иран на тоа не одговорил.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydtu96k6opv6f5aFiMN8

Во Хрватска погрешен пациент е прогласен за мртов

Хрватското здружение за промоција на правата на пациентите се огласи денес поради тоа што жител на Вировитица, поради грешка во болничкиот систем, бил официјално прогласен за мртов.Здружението најостро ја осуди, како што наведуваат, шокантната грешка во болницата во Вировитица, каде поради заменување на идентитетот и даночниот број на пациентот, тој бил регистриран под туѓи здравствени податоци, што е незамисливо и недозволиво во 21 век.Тие укажуваат на сериозни и долгогодишни неправилности во работењето на здравствениот систем и неговата дигитална инфраструктура. „Ваквиот случај јасно покажува дека постојните системи не се сигурни и доверливи, дека контролите не функционираат, а обврзните протоколи за идентификација на пациентите очигледно не се спроведуваат, што директно ја загрозува безбедноста и животот на пациентите“, соопшти здружението и додаде дека бараат итна и независна истрага, транспарентно утврдување на сите нивоа на одговорност и итно воведување обврзни дигитални и организациски механизми за да се спречи повторување на ваква катастрофална грешка.Изразувајќи сочувство до семејството на починатиот пациент, здружението истакнува дека им стои на располагање за правна и советодавна поддршка во заштита на нивните права и барање на целосна отштета за „најтежок напад на достоинството и безбедноста на пациентот“, пренесува порталот Дневник.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylrg6u3agv1fh3MqplpE

Стармер: Бевме свесни за разговорите меѓу САД и Иран

Британскиот премиер Кеир Стармер изјави дека Обединетото Кралство во последните денови било запознаено со разговорите меѓу САД и Иран.Обраќајќи се пред пратениците, Стармер истакна дека приоритет е брзо решавање на конфликтот преку преговори кои ќе вклучуваат строги услови за Иран, особено во делот на нуклеарното оружје.Сепак, премиерот предупреди дека не треба да се создава „лажна сигурност“ во очекување на брз крај на конфликтот и додаде дека Обединетото Кралство мора да се подготви и за можноста конфликтот да потрае подолго време.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Водиме интензивни разговори со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД водат „многу интензивни разговори“ со Иран, објави новинарот на CNBC, Џо Кернер. Трамп изјави дека разговара со „нови луѓе“ во Иран, што го прави оптимист за можноста за промена на режимот.Трамп посочи дека разговорите се „продуктивни“ и се одвиваат во последните два дена. Тој од Министерството за одбрана побарал да ги одложи сите удари врз иранската енергетска инфраструктура и електрани за пет дена, во зависност од успехот на преговорите. Претходно, претседателот најави дека ако Иран не го отвори Ормускиот теснец во рок од 48 часа, САД ќе започнат со уништување на иранските електрани, почнувајќи од најголемата.Од друга страна, Иранската револуционерна гарда соопшти дека ќе возврати на напади врз иранскиот енергетски сектор со напади врз израелски електрани, како и врз оние што снабдуваат американски бази во регионот на Персискиот Залив.Оваа тензија доаѓа во време кога информации од иранската агенција Fars велат дека не постоеле директни или индиректни контакти меѓу двете земји, што ја покажува сложената и контроверзна природа на дипломатските разговори.

Свет | пред 1 седмица

sijarto

Објавен разговор: еве што барал Сијарто од Русите

Унгарските медиуми објавија наводен транскрипт од телефонски разговор од 2020 година меѓу унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и рускиот министер Сергеј Лавров, што предизвика политички скандал во Унгарија.По објавувањето на информациите дека Сијарто наводно споделувал чувствителни информации со Москва, премиерот Виктор Орбан соопшти дека наложил итна истрага за можноста неговиот министер да бил прислушуван.Според објавениот транскрипт, Сијарто во разговорот барал помош од руска страна во пресрет на парламентарните избори во Словачка во 2020 година. Тој наводно побарал од Лавров да посредува за средба меѓу рускиот претседател и тогашниот словачки премиер Петер Пелегрини, со цел да се зајакне позицијата на владејачката коалиција.Во разговорот, Сијарто истакнал дека за Будимпешта е важно да опстане тогашната словачка влада и дека евентуална победа на опозицијата би била „трагедија за средноевропската соработка“. Лавров одговорил дека ќе ја пренесе молбата до рускиот премиер.Објавувањето на транскриптот предизвика реакции и загриженост во дел од јавноста за можни блиски контакти меѓу унгарската влада и Москва, како и за потенцијално влијание врз изборните процеси во регионот.Разговорот, според медиумите, бил снимен од безбедносна служба на една земја членка на Европската Унија. Во меѓувреме, унгарскиот министер за Европа, Јанош Бока, ги оцени информациите како „лажни вести“, додека Сијарто ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „теории на заговор“.Операцијата и истрагата се во тек, а случајот дополнително ги зголеми тензиите околу односите меѓу Унгарија и Русија, како и во рамките на Европската Унија.

Свет | пред 1 седмица

sajber-napad

Згаснати речиси 400.000 сајтови: полицијата удри во срцето на сајбер-криминалот

Во рамки на глобална акција предводена од германските власти со поддршка на Европол, на дарк вебот се затворени повеќе од 373.000 интернет-страници поврзани со детска сексуална експлоатација и сајбер-криминал.Во операцијата „Елис“ учествувале 23 држави, при што бил идентификуван главниот оператор на платформата, како и 440 корисници ширум светот. Истрагата, која започнала во средината на 2021 година, открила мрежа од стотици илјади лажни страници преку кои се нуделе материјали со сексуална злоупотреба на деца, како и услуги од типот „сајбер-криминал како услуга“.Во акцијата биле запленети 105 сервери и повеќе електронски уреди, вклучително компјутери и мобилни телефони. Извршната директорка на Европол, Катрин Де Бол, изјави дека операцијата испраќа јасна порака дека криминалците нема каде да се сокријат кога меѓународните служби делуваат координирано.Европол ја координирал истрагата, помогнал во следење на плаќања со криптовалути и обезбедил аналитичка поддршка, додека националните институции преземале мерки за заштита на идентификуваните деца-жртви.Операцијата сè уште трае и е насочена кон повеќе од сто осомничени лица. Во неа учествуваат држави од Европа и светот, меѓу кои и САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: Постојат шанси за договор со Иран, но ништо не е загарантирано

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор со Иран сè уште не е сигурен, иако постои реална можност за негово постигнување. Говорејќи пред новинарите на Флорида при влегување во претседателскиот авион Air Force One, тој порача дека, и покрај претходниот оптимизам, договорот не е блиску до финализирање.„Имаме многу сериозна шанса за постигнување договор. Тоа не гарантира ништо. Не гарантирам ништо“, изјави Трамп.Тој нагласи дека приоритет на разговорите е Иран да се откаже од својата нуклеарна програма, посочувајќи дека ова прашање е „приоритет број еден, два и три“.Според него, САД и Техеран разговараат за 15 точки кои би можеле да доведат до завршување на конфликтот. Трамп откри и дека би сакал да се воспостави заедничка контрола врз Ормускиот теснец, при што и тој и иранскиот врховен лидер би имале одредена улога во управувањето со ова стратешки важно подрачје.И покрај можноста за договор, Трамп повтори дека поддржува „многу сериозна форма на промена на режимот“ во Иран.

Свет | пред 1 седмица

doktor

Начинот на зборување може да открие рани знаци на Алцхајмерова болест

Раните знаци на Алцхајмеровата болест би можеле да се препознаат преку начинот на кој луѓето зборуваат, покажуваат најновите научни истражувања. Наместо содржината на кажаното, сѐ поголемо значење има темпото и ритамот на говорот.Студија од 2023 година спроведена на Универзитетот во Торонто укажува дека побавниот говор може да биде појасен показател за слабеење на когнитивните функции отколку тешкотиите при наоѓање зборови. Истражувачите утврдиле дека лицата со побрз природен говор полесно и побрзо одговарале на когнитивни задачи.Научниците објаснуваат дека со стареењето доаѓа до општо забавување на обработката на информации – концепт познат како теорија на брзина на обработка. Ова значи дека не се работи само за проблеми со меморијата, туку за пошироко когнитивно забавување кое се одразува и во говорот.Истражувањата покажуваат дека постарите лица почесто прават паузи, користат пополнувачи како „мм“ и „ух“ и имаат побавно темпо на изразување. Овие промени може да бидат ран сигнал за невролошки промени, дури и кога класичните тестови за меморија сѐ уште не покажуваат отстапувања.Дополнителни студии ја поврзуваат промената во говорот со присуството на амилоидни плаки и тау-протеини во мозокот – клучни биолошки обележја на болеста. Кај лица со повисоко ниво на тау-протеин, забележани се подолги паузи и побавен говор, иако тие сѐ уште давале точни одговори на тестовите.Во меѓувреме, новите технологии, вклучително и алгоритми на вештачка интелигенција, веќе анализираат говорни обрасци и успеваат да предвидат можен развој на болеста со значителна точност.Иако се потребни дополнителни долгорочни истражувања, научниците сметаат дека анализата на говорот може да стане важна алатка за рано откривање на Алцхајмеровата болест, овозможувајќи навремена поддршка и подобра грижа за старите лица.

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Иран: САД и Израел се одговорни за зголемените тензии во Ормускиот теснец

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Ормускиот теснец не е блокиран и дека одговорноста за „растечката опасност“ во овој клучен поморски премин ја носат САД и Израел.Во соопштението се наведува дека Иран „презел низа мерки за да обезбеди агресорите и нивните поддржувачи да не можат да го искористат Ормускиот теснец за реализирање на своите агресивни цели против Иран“. Министерството потенцира дека преминот „не е затворен и поморскиот сообраќај не е запрен“.„Одговорноста за секој нарушен ред, несигурност и растечка опасност во овој пловен пат и околината директно лежи на американскиот и ционистичкиот режим“, се наведува во соопштението. За „целосно воспоставување на безбедноста“ во теснецот, потребен е прекин на воената агресија, запирање на заканите, стопирање на дестабилизирачките активности и целосно почитување на легитимните интереси на Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран најавува напади врз купувачите на американски државни обврзници

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, упати остро предупредување, прогласувајќи ги „финансиските субјекти кои го финансираат американскиот воен буџет за легитимни цели“. Тој ја објави пораката на социјалната мрежа X.„Американските државни обврзници се натопени со крвта на Иранците. Ако ги купите, купувате и удар врз вашите седишта и имот“, напиша Галибаф. „Ги следиме вашите портфолија. Ова е вашето последно известување“, додаде тој.Галибаф претходно најавуваше напади врз инфраструктура и енергетски објекти низ регионот, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе нападнат ирански електрани доколку Техеран не го отвори целосно Ормускиот теснец.

Свет | пред 1 седмица

napad-liban

Напад на мост во Либан предизвика прекин на струја и оштетување на мрежата

Либанските власти соопштија дека по израелските напади врз мостот Касмије дошло до прекин на електричната енергија во јужната општина Ал-Хараџеб.Според Националната новинска агенција, нападите ги оштетиле локалните електромрежи, каблите и главниот далекувод што го снабдува Ал-Хараџеб со струја.Властите најавуваат дека екипите за санација треба да започнат со работите за обновување на снабдувањето со струја утре. Мостот Касмије е една од клучните сообраќајници на либанската крајбрежна магистрала.

Свет | пред 1 седмица

nafta

Шеф на нафтен гигант: Доколку војната трае повеќе од 6 месеци, светската економија ќе страда

Извршниот директор на францускиот енергетски гигант TotalEnergies, Патрик Пујане, предупреди дека долготрајниот конфликт меѓу САД и Израел против Иран може да има сериозни последици врз глобалната економија.Според него, продолжените воени дејствија би можеле да го нарушат снабдувањето со енергенси, да ја зголемат нестабилноста на пазарите и да доведат до пораст на цените на нафтата и гасот, со што ќе бидат погодени потрошувачите ширум светот.Пујане го истакна значењето на дипломатските решенија и повика на мерки кои ќе ја намалат економската неизвесност, посочувајќи дека глобалната економија е чувствителна на геополитичките конфликти во регионот на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања