Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryb2n4pemckiuu68OknPN

Антонио Милошоски (ВМРО-ДПМНЕ) во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа оцени дека СДСМ е без јасна политичка насока, со зголемена агресивност во јавниот дискурс и внатрешна несигурност. Тој тврди дека раководството на СДСМ остро напаѓа секој со различно мислење, вклучително и свои членови, и дека несигурноста може да е поврзана со можни истраги. Милошоски смета дека Венко Филипче е само номинален претседател, а вистинското влијание доаѓа од други актери „во позадина“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, каде се осврна на однесувањето на опозициската СДС, која според него се соочува со недостаток на политичка насока, проследена со зголемена агресивност во јавниот дискурс како и внатрешна несигурност.

— реклама —

Во моментов раководството на СДСМ, нема политички компас на делување. И тоа не го говорам само за нивниот однос кон владејачкото мнозинство, туку го говорам и кон нивните сопствени поистакнати членови во рамките на СДСМ. Секој којшто има различно мислење, без разлика дали е претставник на власт, на собраниско мнозинство или на дисиденти од редовите на СДСМ, наидува на жестока критика, омаловажувања, агресивен речник“, вели Милошоски.

— реклама —

Тој посочи дека според него раководството на СДС се чуствува несигурно поради, како што вели тој, некои можни истраги, предистраги или предмети од страна на надлежните државни органи.

— реклама —

СДСМ никогаш не била толку агресивна како што е денес, и со вокабуларот и со пристапот кон било кој поинаку размислувачки новинар, политичар, функционер или истакнат член на СДСМ“, истакна Милошоски.

Тој вели дека очигледно е оти Венко Филипче се појавува како јавно лице на СДСМ, но според тонот и речникот може да се насети дека вистинското влијание доаѓа од други актери во позадина. Како што посочува Милошоски, некој друг го има далечинското во рацете.

Венко Филипче само номинално е претседател на СДСМ, а суштински гледаме дека не ги креира политиките на оваа, до пред извесно време, битна политичка партија во Македонија“, заклучи Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 10 часа

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви

Македонија | пред 14 часа

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Пи-арот на Башановиќ нема да ги спаси СДС, најголемата кампања против нив доаѓа одвнатре

Македонија | пред 14 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања