Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЛОШОСКИ

media-libraryb2n4pemckiuu68OknPN

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, каде се осврна на однесувањето на опозициската СДС, која според него се соочува со недостаток на политичка насока, проследена со зголемена агресивност во јавниот дискурс како и внатрешна несигурност.Во моментов раководството на СДСМ, нема политички компас на делување. И тоа не го говорам само за нивниот однос кон владејачкото мнозинство, туку го говорам и кон нивните сопствени поистакнати членови во рамките на СДСМ. Секој којшто има различно мислење, без разлика дали е претставник на власт, на собраниско мнозинство или на дисиденти од редовите на СДСМ, наидува на жестока критика, омаловажувања, агресивен речник“, вели Милошоски.Тој посочи дека според него раководството на СДС се чуствува несигурно поради, како што вели тој, некои можни истраги, предистраги или предмети од страна на надлежните државни органи.СДСМ никогаш не била толку агресивна како што е денес, и со вокабуларот и со пристапот кон било кој поинаку размислувачки новинар, политичар, функционер или истакнат член на СДСМ“, истакна Милошоски.Тој вели дека очигледно е оти Венко Филипче се појавува како јавно лице на СДСМ, но според тонот и речникот може да се насети дека вистинското влијание доаѓа од други актери во позадина. Како што посочува Милошоски, некој друг го има далечинското во рацете.Венко Филипче само номинално е претседател на СДСМ, а суштински гледаме дека не ги креира политиките на оваа, до пред извесно време, битна политичка партија во Македонија“, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-library7g8rilpphp7h0fsYpKs

Милошоски: Груби проценил дека нема да има промени во власта во земјава, а и ниедна земја не би била госторпимлива за лице кое е на црна листа на САД

Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во централниот Дневник на телевизија Алсат, се осврна на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој денеска беше уапсен на еден од граничните премини, а за кој имаше  меѓународна потерница уште од декември 2024 година. По однос на ова Милошоски вели дека во Собранието во земјава немало никаква информација за него, иако според него, Груби самиот ја проценил ситуацијата дека нема да има промени во власта во земјава. Како што вели тој, станува збор за функционер кој се најде на црната листа на САД, и затоа ниедна земја не би била гостопримлива да му овозможи престој.„Политички ако се разгледа самото негово однесување, па и ако се поврзе со однесувањето на ДУИ во изминатиот период. Веројатно во изминативе 12  или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени во однос на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше после поразот нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на господинот Груби да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот“, рече Милошоски.Според него, овде станува збор не само за лице кое што е осомничено од македонското јавно обвинителство, туку како што вели тој, се работи за функционер којшто се најде на црната листа на САД. „Било која земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена таквото гостопримство да му го овозможи бесконечно. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап на таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен“, истакна Милошоски.Милошоски порача дека власта смета оти е време за одговорност, без да прејудицира како ќе започне или заврши процесот. Тој вели дека немало никаква информација во однос на предавањето на Артан Груби.„Во Собранието не сме имале таква информација, но политичките проценки што сме ги имале вака како владеачко мнозинство, особено после изборите и во Косово информирањето таму на една постабилна влада со која што господинот Груби, можам  да кажам ете и нема некои најдобри релации, проценките беа дека порано или покасно ќе се појави пред органите на прогонот“, заклучи Милошоски.

Македонија | пред 1 месец

media-library2kvkqmga87nl5nCPQ3j

Милошоски не остана должен, одговори на острата реакција на кинеската амбасада

Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски одговори на острата реакција на амбасадата на НР Кина во Македонија поради негова средба со претставници од Тајван.Ова е одговорот на Милошоски:Прво, официјалната политика на Македонија кон НР Кина останува непроменета, со почитување на принципот на нивната сувереност и територијалниот интегритет на една Народна Република Кина. Уверен сум дека заедничките проекти и соработката во сите области ќе продолжат со несмален интензитет, од кои двете држави како рамноправни партнери ќе имаат взаемна корист.Второ, избраните претставници во Собранието на Р. Македонија имаат легитимитет и право да остваруваат средби со секој добронамерен поединец или делегација, водејќи се од духот на отворена размена на мислења за релевантни меѓународни теми. Средбата со претставниците од Канцеларијата Официјален Тајпеј во Рим беше остварена како љубезна куртоазна средба, без никаков дипломатски предзнак и без никаква намера да се редефинираат односите или официјалната политика на Македонија кон НР Кина. Напротив, средбата беше во знак на благодарност за нивната поддршка на Универзитетската клиника за педијатрија и како можност за мирољубив и информативен дијалог. На средбата учество земаа пратениците Рашела Мизрахи, Фатмир Битиќи и мојата маленкост, Антонијо Милошоски.И на крајот, различните мислења и ставови се нормална и очекувана појава во секое демократско општество. Верувам дека и претставниците на НР Кина ќе ја разберат оваа средба како можност за поголема информираност и за подобро разбирање на теми кои го привлекуваат вниманието на пошироката меѓународна дипломатска јавност.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryg4ljt4m26uod6GExmhs

Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, поддршката од граѓаните ни е потврдена и на локално ниво

„Во вториот круг секако ќе имаме пораст на гласови, но во секој случај тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи на локалните избори има помал процент на излезеност, а поголема фрагментација по однос на големата бројка на листи за кандидати за советници. На парламентарни избори има поголем процент на излезеност, а истовремено има помала фрагментација и национална униформирана кампања“, вели Антонијо Милошоски, член на ИК и пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на Алсат телевизија.Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема победа на локалните избори досега, како и дека претставува мотив за да се продолжи со посветена работа и во иднина. Пратеникот Милошоски додаде дека во вториот круг очекува уште една голема победа и посветеност за оправдување на довербата којашто ја добиваме од граѓаните.„Ние овие локални избори ги споредуваме со локалните избори во 2021 година. Имаме пораст и во бројот на добиени советници и во бројот на добиени градоначалници. 2021 година освоивме 22 градоначалници, а сега имаме 33 градоначалници, наспроти тоа, ги имаме ДУИ со освоени само 3 градоначалници, СДСМ само 3 градоначалници и ВЛЕН како коалиционен партнер со освоени 5 градоначалници“, рече Милошоски во интервју на Алсат и додаде:„Сметаме дека како владина коалиција ја добиваме повторно поддршката којашто ни е потврдена и на локално ниво“.

Македонија | пред 5 месеци

Нема фотографија

Милошоски: Ако проблемот за Бугарија е само Уставот, да предложиме заедничка резолуција во ЕП за македонскиот идентитет

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска предложи конкретна иницијатива за надминување на блокадата на македонските евроинтеграции, упатувајќи отворена понуда до Бугарија за поднесување заедничка резолуција во Европскиот парламент, со која ќе се потврди македонскиот јазик и идентитет.„Ако Бугарија тврди дека проблемот за почетокот на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка резолуција во ЕП со која што ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик“, изјави Милошоски на денешната прес-конференција.Тој додаде дека оваа понуда доаѓа директно од премиерот Христијан Мицкоски, упатена до бугарскиот претседател Румен Радев и официјалната влада во Софија.„Доколку навистина станува збор само за Уставот, тогаш не треба да има никаков проблем да поднесеме заедничка резолуција која ќе ја гарантира македонската идентитетска и јазична посебност и ќе ја зацврсти довербата меѓу двете земји“, рече Милошоски.Според него, резолуцијата би можела веднаш да се предложи, со цел да се постигне конкретен чекор напред и да се придвижат евроинтеграциите. Сепак, тој изрази скептицизам дека Бугарија ќе ја прифати оваа иницијатива.„Сомнежот доаѓа од тоа што одредени бугарски владини претставници имаат задни намери. Отворањето на Уставот изгледа како само прв чекор кон нови барања и идни блокади“, предупреди Милошоски.Тој оцени дека официјална Софија спроведува обид за историски инжинеринг, со цел негирање на македонскиот идентитет, споредувајќи го овој пристап со однесувањето на Русија кон Украина:„Бугарија, за жал, сака да спроведе еден историски инжинеринг, каков што не е спроведен никаде во современиот демократски свет. Тоа што Русија го прави со украинскиот јазик и народ, Бугарија го прави со македонскиот“, рече тој.Милошоски остро ја критикуваше и СДСМ, обвинувајќи го раководството на партијата за попустливост и сервилност во однос на бугарските барања.„Претседателот на СДСМ е спремен сервилно да изгласа сè што ќе биде ставено на маса од страна на Бугарија. Тоа го потврди и Венко Филипче на неколку јавни настапи“, рече тој.Заклучи дека за разлика од таквиот пристап, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги брани националните интереси и достоинството на државата, нудејќи дијалог со соседите, но без „виткање на рбетот на самата држава“.

Македонија | пред 8 месеци

antonio

Милошоски предупредува: Барањата на Бугарија се далеку од козметика

Во гостувањето во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, говореше за значењето на самитот ЕУ-Западен Балкан што неодамна се одржа во Скопје.Тој нагласи дека изборот на Македонија како домаќин на овој важен состанок не е случаен, туку доаѓа како резултат на добрите резултати што земјава ги постигнала во спроведувањето на реформите, согласно новиот план за економски раст на Европската комисија.„Сметам дека не е случајност што Македонија беше избрана да го организира овој самит, бидејќи фокусот беше ставен на планот за раст на ЕК, кој се рефлектира преку реформските агенди на сите држави од регионот. Нашата држава, во тој контекст, постигна најдобри резултати. Имаме солидна реформска агенда и добар степен на нејзина реализација, што е признавање за заложбите на македонската Влада и за посветеноста кон европските вредности“, истакна Милошоски.Тој додаде дека според неговите информации, Македонија ја надминува просечната стапка на имплементација на реформите, која изнесува 75 отсто, како што беше посочено од еврокомесарката Кос.„Кога има јасни, објективни и мерливи критериуми, кои не се условени од билатерални пречки или политички злоупотреби, резултатите се видливи, а оценките позитивни“, додаде пратеникот.Осврнувајќи се на позицијата на бугарските европратеници, Милошоски рече дека нивниот однос е добар показател за оние што имаат илузии дека Бугарија има само едно барање – промена на Уставот.„Поведението на бугарските пратеници во Европскиот парламент не треба да изненадува. Напротив, тоа е корисно отрезнување за сите оние што мислат дека Бугарија бара само козметичко прилагодување на Уставот. Во реалноста, тоа е само почеток на низата сериозни и тешки барања што ги имаат“, изјави Милошоски.На крајот, тој подвлече дека независно од конечниот исход во Комисијата за надворешни работи на ЕП, факт е дека Македонија успеала да покаже дека менувањето на преамбулата не е единствениот услов од страна на Бугарија.„Без разлика како ќе се развиваат настаните, она што се случи во европската Комисија е веќе успех. Стана јасно дека не станува збор само за реформи, туку за барања кои директно навлегуваат во историскиот и идентитетскиот наратив. Ако извештајот не помине поради бугарските пратеници, тогаш барем ќе знаеме за што всушност се работи – не за образование или здравство, туку за обид за прекројување на историјата“, заклучи Милошоски.фото: ФБ

Македонија | пред 8 месеци

milososki

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој дискутираше за Самитот ЕУ-Западен Балкан на којшто Македонија беше домаќин.На самиот почеток Милошоски истакна дека Македонија не случајно е домаќин на овој состанок, од причина што акцентот е ставен на планот за раст на Европската комисија рефлектиран преку реформските агенди на коишто Македонија покажа најдобри резултати.„Според мене не беше случајно одбрана Македонија да биде домаќин на овој состанок, затоа што главната тема беше планот за раст на Европската комисија, рефлектиран преку реформските агенди на сите земји од регионот, во тој дел Македонија досега направи најдобри резултати, покажа една добра реформска агенда и во однос на нејзината реализација мислам дека сме една од земјите коишто имаа подобар просек на реализација. Сето ова е на некој начин признание за реформската определба на Владата, и искажување на еден респект кон македонската Влада, да биде домаќин на една ваква средба каде што Европската комисија ги презентираше следните чекори во однос на земјите кандидати за членство на ЕУ“, објасни Милошоски.Пратеникот истакна дека Македонија е над просекот од 75% по однос на исполнување на реализација на реформската агенда.„Моите информации се дека Македонија е над од оној просекот од 75% што го спомна еврокомесарката Кос по однос на исполнување на реализација на реформската агенда. Тоа покажува дека кога на државата и на македонската Влада ќе и се дадат параметри коишто се мерливи и не зависат од билатерални препреки, злоупотреби тогаш резултатот и исходот и оценките се високи“, истакна Милошоски.Милошоски објасни дека однесувањето на бугарските парламентарци на еден начин претставува отрезнување за оние коишто сметаат дека Бугарија не бара ништо освен мало корегирање на Уставот.„Однесувањето на бугарските парламентраци во Европскиот парламент не е изненадување, но можеби е добро отрезнување за одредени лековичари коишто создаваат илузија дека Бугарија не бара ништо многу освен едно мало корегирање на Уставот. Менувањето на Уставот за Бугарија е само отварање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина такви тешки барања“, истакна Милошоски.Милошоски на крај истакна дека каков и да биде исходот сето тоа што се случувало во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент треба да се смета за успех затоа што веќе сите знаат дека Македонија кредибилно тврдеше дека менувањето на преамбулата не е единствено барање од страна на Бугарија.„Каков и да биде исходот, тоа што се случуваше во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент за нас треба да биде сметано како успех, затоа што сите видовме дека Македонија кредибилно тврди дека менувањето на преамбулата не е единственото барање и пречка зошто ние не ги отвараме преговорите за членство. Дури и да се случи во Европскиот парламент да има и пресврт и извештајот да не помине заради противењето на бугарските европратеници тогаш барем ќе бидеме на јасно за што станува збор, дека не станува збор за реформи во здравство, во образование туку станува збор за менување или одново пишување на историските читанки во изминативе 150 години“, дециден е Милошоски.

Македонија | пред 8 месеци

filkov-milososki

Филков и Милошоски имале лош ден, вели Мицкоски откако пратеникот и министерот јавно се скараа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и минситерот за правда, Игор Филков, вчера имале лош ден. Ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски, откако тие двајца јавно се искараа.„Милошоски е дел од мојот најблизок периметар, тој е додадена вредност во рамките на партијата. Соработката со Милошоски ја оценувам на највисоко ниво“, рече Мицкоски.Потоа го искоментира и министерот Филков.„Филков знам каква состојба затекна во Минситерството, се координираме на дневно ниво за реформите. Но она што можев да го заклучам, а убеден сум дека ова ќе застане на овие два лични ставови, секој има право на лош ден, па така мислам дека тој лош ден и за едниот и за другиот помина“, додаде Мицкоски.Тој кажа дека и соработката со ВЛЕН е квалитетна, а Владата е стабилна.„Имаме исклучително квалитетна соработка, Владата е стабилна, граѓаните да бидат стабилни. Повеќе од 2/3, официјално 78 пратеника ја поддржуваат оваа Влада. Огромно е позитивното мислење дека Македонија се движи во правилна насока“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

filkov-milososki

Филков му врати на Милошоски: Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“ сѐ уште нема навика да одговара пред граѓаните, очигледно е неинформиран и изолиран

Министерот за правда има слаби перформанси, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Оценувајќи ја работата на министерот Игор Филков, кој е од редовите на владиниот партнер на ВМРО-ДПМНЕ партијата ЗНАМ – За Наша Македонија, Милошоски вечерва во Телма рече дека изнесува свој личен став.На ова реагираше министерот за правда Игор Филков на изнесените наводи на Антонијо Милошоски. Ви ја пренесуваме во целост:„Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале. Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите!И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“!Да го потсетам дека во парламентот е од 2011 година, откако се повлече од функцијата министер за надворешни работи и активно учествуваше во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што се спаси од одговорност за кривичното дело ,,Моќник”.Се обраќам и до пошироката македонска јавност која има право да биде информирана околу споменатите закони, но не само за нив, туку уште десетици што се во процедура како:1. Закон за спречување на корупција и судир на интереси (подготвен и објавен на ЕНЕР)2. Предлог закон Закон за судска служба - подготвен и објавен на ЕНЕР.3. Предлог закон за платите на јавните обвинители (МП го достави предлог законот до Влада во септември 2024 година, но тој беше одложен поради немање финансиска согласност од ресорното министерство. Законот ќе се реактивира, обезбедени се финасиски средства во 2025 година за негова имплементација.)4. Закон за јавно обвинителство (подготвен е и ќе се објави на ЕНЕР). Според реформската агенда овој закон заедно со законот за Совет на јавни обвинители треба да се бидат донесени најдоцна до декември 2025 година.5. Закон за Судски совет (треба да се донесе до јуни 2025, моментално е во завршна фаза, по преводот и ќе се испрати на мислење на Венецијанска комисија и Европска комисија)6. Измени на Изборен законик (формирарана е работна група, рокот за носење е јуни 2025)7. Предлог закон за платите на судиите (Според реформската агенда законот треба да се донесе до јуни 2025, работна група работи но потсетуваме декапратениците по скратена постапка извршија намалување на коефициентите за пресметување на платите на судиите во декември 2024 година)8. Предлог закон за кривична постапка (подготвен, одржани се јавни расправи, даден на превод, рок: декември 20259. Закон за државно правобранителство (формирана работна група, рок за носење е септември 2025)10. Предлог закон за судовите (формирана е работна група, се работи на законското решение)11. Предлог закон за судски буџет (формирана е работна група, се работи на законското решение)12. Предлог закон за Совет на јавни обвинители (формирана е работна група, треба да се донесе декември 2025)13. Предлог закон за јавнообвинителска служба (формирана е работна група, се работи на законското решение)14.Предлог закон за платите на јавните обвинители (формирана е работна група, се работи на законското решение)15.Нов Кривичен законик (подготвен, преведен на англиски јазик, рок за носење декември 2025)16. Закон за управување со движење на предметите во судовите (во 2024 година поведена е уставна иницијатива со која се бара делот објавување на правосилни одлуки да се преиспита од страна на Уставниот суд. Доколку со одлука на Уставниот суд се укине одредбата во делот правосилни, ќе се преоцени потребата од измeни на законското решение)."

Македонија | пред 11 месец

milososki-antonio

Милошоски: Има потреба од нов државен грб, Македoнија не треба да остане во друштво со Белорусија, Таџикистан и Ангола

Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека Македонија не треба да остане меѓу ретките држави кои сè уште користат советска симболика на својот државен грб, заедно со Белорусија, Таџикистан и со Ангола.Според Милошоски, отворањето на дебатата за измена на грбот не е поврзано со економската криза или со претстојните локални избори.,,Оваа иницијатива нема врска со изборите. Доколку зборуваме за современи државни обележја, засновани на хералдички принципи, тогаш Македонија навистина треба да изгради грб што ќе ја одразува нејзината историја и определби. Нашата земја има богато историско наследство, кое може да ги поврзе АСНОМ, илинденскиот период и други значајни моменти, а сето тоа да биде претставено преку еден современ државен грб. Таков симбол би ја позиционирал Македонија како дел од европските држави”, изјави Милошоски.Според него ова е иницијатива која треба да отвори дијалог за да се стаса до одреден консензус, но нема ограничување дали тоа ќе се случи за месец, три месеци или девет месеци од денес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Милошоски: СДС и ДУИ не само што не оддалечија од евроинтегративниот пат, туку зад себе оставија и една ненадоместлива штета на изгубено време

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ оваа недела гостуваше пратеникот во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој зборуваше за актуелните теми и случувања во последниот период, а главното прашање на кое се осврна беа евроинтеграциите.Тој јасно констатираше една клучна одлика на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ, а тоа не е само оддалечувањето од евроинтегративниот пат на земјава, туку и една ненадоместлива штета која се состои во пропуштеното и изгубено време, но истовремено истакна дека позицијата на новата Влада е јасна и се движи во насока на полноправно членство во унијата, но со извесност и без некаква концесија, обврска или притисок.„Седум години се сепак сериозен период за било која држава, влада, за било кој процес дали е стопански, економски, дали се евроинтеграции и начинот на кој што го водеа тој процес, обврските кои што ги прифатија, а не можеа да ги реализираат, сега претставуваат товар за сегашната и секоја идна влада. Направија една комплицирана ситуација во овој процес на евроинтеграции“, вели Милошоски.Според него ваквата наследена состојба не е ни малку лесна, но истовремено е и охрабрен по посетата од страна на премиерот во Берлин и неговата лична изјава дека е поголем оптимист, а воедно посакува и многу успех на сите директно инволвирани страни во овој процес.„Во делот на постигнување реформи и стандардни на Копенхагенските критериуми, верувам дека Владата оттука ќе испорача и дека ќе бидеме забележително подобри од она како до сега, во изминатите седум години. Во делот на преземените обврски поврзани со блокадата од Бугарија, сметам дека ќе биде потешката задача“, тој недвосмислено прецизира.Во оваа насока, Милошоски смета дека е потребно да се создаде клима и тоа најпрво, во земјата да се постигне поширок консензус кој јасно ќе ги застапува нашите позиции како држава, а по утврдувањето на состојбите во Бугарија да се изнајде начин за зголемување на меѓусебната доверба бидејќи на крајот сепак ние сме соседи.„Најголемиот проблем што СДСМ и ДУИ го направија е што после потпишувањето на договорот за добрососедство, во изминативе седум години ние имаме нарушено добрососедство. Нема доверба има блокади наместо да има проекти, трговија и нешто од взаемен интерес за Македонија и за сите соседи, вклучувајќи ја и Бугарија“, заклучува Милошоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Милошоски: Во интерес на ДУИ е да има тензии за да ги покрие скандалите кои ги правеше додека беше на власт

На вчерашното гостување во вестите на телевизија Алсат, пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Албанската академија на науки побарана од страна на ВЛЕН не е соодветна и е неправилно да се трошат општински пари за други намени освен за намени од локален интерес.„Ние сме против нивниот проект, самиот проект поларизира, нема научна димензија односно има етно политичка димензија. ВЛЕН доколку имаат стручни кадри можеле да ги насочат своите цели кон подобрување на функционирањето на институтот МАНУ“, рече Милошоски.Исто така Милошоски нагласи дека ова прашање нема да има влијание врз стабилноста на коалицијата и дека сосема е природно да се има разлики, исто така посочи дека во јавноста има субјекти кои имаат интереси од вакви тензии, а тоа е политичката партија на ДУИ.„Јас гледам дека во јавноста има субјекти кои имаат интереси од овие политички тензии, а тоа е политичката партија ДУИ. Тие имаат проблем да се навикнат дека тие се во опозиција и после 20 години власт се обидуваат своите пропусти да ги покријат со вакви меѓуетнички теми“, истакна Милошоски.

Македонија | пред 1 година

antonijo-antonio-milososki-milosovski

Со местени тендери душмански се црпеле милиони евра од РЕК Битола, процесот за јавни набавки со бројни неправилности, вели Милошоски

Пратеникот Антонио Милошоски пишува дека РЕК Битола бил мета на душманско крадење преку "РУД Коп дооел", "Марковски Компани" и "Дигер доо"- Битола.Неговото тврдење во целост:„Држ.завод за ревизија на 11 јули 2024 објави Ревизорски извештај - Процесот на доделување на договорите за јавните набавки, кој открива големи неправилности и индиции за незаконско работење во "РЕК Битола", со местење на тендери за фирми блиски до СДСМ.Ревизорите констатирале декa во РЕК Битола биле спроведувани постапки со преговарање во “четири очи” без јасно дефинирани критериуми, нееднаков третман на компаниите и расипничко користење на јавните средства. Од податоците во ревизорскиот извештај и од јавно достапните податоци за јавните набавки, се откриваат компаниите миленици кои биле дел од пљачката во РЕК Битола: "РУД Коп дооел", "Марковски Компани" и "Дигер доо", сите од Битола.Пример бр1.: Набавка Ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино во РЕК Битола во 2022г кога директор бил хармоникашот Пеце Матевски, а генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски. АД Гранит ги исполнувала сите услови од тендерската документација и имала најефтина понуда од единечна цена од 2.040 ден/м3, но била отфрлена како несоодветна понуда и бил склучен договор со една од омилените фирми на директорот, "РУД КОП дооел" по единечна цена од 2.595 ден/м3 односно во вкупна вредност од 11,5 милиони€ и дополнителен склучен анекс од 2М евра.Пример2: Проширување и изработка на усек за раздвојување во ПК ПЈС во РЕК Битола, во оваа постапка се глумела “конкуренција” a всушност се преговорало во “четири очи” со рекордерот по склучени договори "Маркоски компани ДООЕЛ Битола", чиј сопственик е конзул на Белорусија во Македонија. Во набавката про-форма учествувале компании кои не исполнувале услови, со задача да “глумат конкуренција”, со цел да остане висока цената на омилениот тендераш "Маркоски компани". Во оваа постапка, било утврдено дека наместо условите за исполнување на техничка и кадровска екипираност да бидат утврдени од РЕК Битола како договорен орган, тоа било оставено да го направи компанијата кога “преговарала", во случајов Маркоски компани".Пример3: И во постапката за Ангажирање на услуги за помошна механизација за потребите на рударската оператива во РЕК Битола од 2022, утврдено е неосновано отфрлање на понудата на компанијата "Рубитон Битола" и бил склучен договор со "ДИГЕР ДОО Битола" за ангажирање на механизација во вредност од 1,4М€ и скучен анекс од 244.000€. На овој начин се анулирала конкуренцијата за да нема поповолни цени. Рубитон е истата фирма која во 2020 година го пријави тогашниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во МВР дека и вршел вршел притисок да отстапат дел од договорот што го склучиле за ископ во РЕК Битола или во спротивно да му платат 250.000€ во готово.Сите наоди ја потврдија јавната тајна истражена од многу новинари, дека во РЕК Битола се местеле тендери со цел душмански да се црпат милиони евра пари на граѓаните кои можеле да се употребат за набавка на противпожарни возила, обнова на болници или училишта. Останува да видиме дали овие ревизорски извештаи ќе ги прочита државниот јавен обвинител⁉️“.

Коментари | пред 1 година

Antonijo-Milososki-06.03

илошоски: Гласањето за Законот за организација на министерствата за кој граѓаните дадоа легитимитет има поддршка и од пратениците

Според информациите, преговорите се во финална, завршна фаза и тоа не само за министри, туку и за заменици министри, државни секретари и трет, четврт ешалон. Очекувам мандатарот Мицкоски, предлогот за состав на новата Влада да го поднесе до Собранието на 17 јуни, во понеделник и потоа да имаат пратениците во Собранието неколку дена време за да ја разгледаат и програмата, и составот, и биографиите на новите предложени министри, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во неговото гостување во централниот Дневник на телевизија Алсат.Во однос на новиот закон за Организација на органите и работа на државната управа кој беше донесен викендов и поддршката од пратениците на Европскиот фронт, Милошоски посочи дека она што можеше да се забележи во собраниските кулоари уште во текот на самата расправа, но и неколку дена претходно, беше податокот дека поединци, пратеници кој што се во коалиција со ДУИ, но изворно не потекнуваат од таа политичка партија, двајца или тројца на број изразија спремност да дадат поддршка за овој закон, што секако ќе беше доволно законот да го добие двотретинското мнозинство.„Од друга страна, сметам дека претседателот на ДУИ имајќи го ова сознание во предвид се одлучил на чекор да не се забележи раздорот внатре во ДУИ и таа фрагментација во нивната коалиција, на некој начин да изгледа дека тие се компактна група која што дава поддршка на одредено законско решение иако дел од групата пратеници кои што се блиски со Зијадин Села не беа присутни и не гласаа за овој закон“, рече Милошоски.Но како и да е, додаде тој, ние сметаме дека ова законско решение, најважно ни беше што доби легитимитет кај гласачите и кај граѓаните и секој пратеник кој што одлучил да го поддржи, сметаме дека го слушнал и гласот на граѓаните кои што се определија за оваа Влада.Милошоски истакна дека нема да ги именува кои се пратениците кои што одлучија да дејствуваат по свое убедување или малку поразлично од коалицијата во која што учествуваат, посочувајќи дека тоа што може да го каже е дека во коалицијата на ДУИ постојат двајца, тројца поединци кои што се расположени за по прагматичен однос и соработка со владејачкото мнозинство.„И ние цениме дека е корисно и за владејачкото мнозинство, на крајот од краиштата и за граѓаните кои што дале доверба ова мнозинство да спроведе важни реформски проекти“, потенцираше Милошоски.

Македонија | пред 1 година

441954545_1036746617809666_6847479765915775827_n

Океј, ДУИ има право да се лути, да кодоши и да пишува писма, петицијата до Брисел ќе ја потпишат ли оцрнетите кадри?, прашува Милошоски

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ јавно праша дали оцрнетите кадри на ДУИ ќе ја потпишат петицијата на Али Ахмети која ќе ја испраќа во Брисел, а која се најави како последица на нивното заминување во опозиција.„Дали Курто, Селим, Мерко и Иџет ќе ја потпишат петицијата на ДУИ до Брисел? Очигледно е дека ДУИ сеуште не може да се помири со политичката реалност дека ќе оди во опозиција. Дел од владините функционери од ДУИ, плашејќи се од одговорност пред законите, не сакаат да прифатат дека во Македонија и без нив може да се формира влада поддржана од стабилно мнозинство од најмалку 78 пратеници и со легитимитет добиен од над 600.000 гласачи. И во знак на протест сега ќе потпишуваат петиција до ЕУ во која веројатно ќе доминираат фразите за тоа дека сите други политички чинители се лоши, а само ДУИ се оние најдобрите кои се залагаат за демократскиот легитимитет, за владеењето на правото, евро-атланските партнерства и стабилноста на државата.Океј, ДУИ има право да се лути, да кодоши и да пишува писма.Но, ќе биде навистина интересно да се види дали меѓу функционерите потписници на тоа писмо ќе бидат и:- Курто Дудуш, и дали во писмото ќе има дел за информациите што обвинителот Ислам Абази ги знае за (не)законските постапки од областа на урбанизмот во општината Шуто Оризари.- Селим Адеми, и дали до неговиот потпис ќе стои упатство за уникатната примена на правото во Републичкиот судски совет за незаконито менување на претседател.- Рамиз Мерко, со потпис и објаснување за процесот на ветинг во корелација со црните листи на стратешките партнери и- Иџет Мемети, со потпис и експликација колку стабилна и приходна може да биде меѓуетничката соработка во правосудството на еден "про-европски" тандем, особено ако едниот е обвинител, а другиот Врховен судија.И сигурно нема да се пропушти на оваа петиција да И се закачи "европското знаменце" што ДУИ 100 пати го злоупотреби во Собранието, за да може истото да биде разгледано по скратена постапка во Брисел, Анкара, Софија, Вашингтон и Лондон“, напиша Милошоски.

Коментари | пред 1 година

Milososki-25112020

Милошоски: Владата се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична одговорност и да отвори истрага против Мерко

„Владата на ДУИ и СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против Рамиз Мерко, Катица Јанева и другите владини пријатели кои се дел од "црната листа" на официјален Вашингтон“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и додава:„За потсетување, Македонија веќе има усвоено ЗАКОН ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ВО КРИВИЧНАТА МАТЕРИЈА (Собрание, едногласно усвоен на седницата одржана на 2 април 2021), потпишан од претседателот Пендаровски и објавен во Службен Весник. Во овој закон предвидена е можноста домашен надлежен орган (мин.правда или јавното обвинителство) да испрати ЗАМОЛНИЦА за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава (чл.16).Со ЗАМОЛНИЦАТА, која се доставува преку министерството за правда, од странската надлежна институција се бара достава на списи, информации и материјални докази за одредена предистрага, истрага или тековен судски предмет за физичко и/или правно лице.Овој закон (чл.35) овозможува и формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител на Македонија.Во чл.39 од Законот за меѓународна кривична соработка дури е предвидено и секое истражно дејствие што го превземал надлежен орган на странската држава да биде изедначено со соодветно дејствие во кривичната постапка пред домашните институции.Сумарно: Владата, министерот за правда и ЈО, доколу имаат политичка воља за сериозна борба против корупцијата, имаат важечки законски основ без одолговлекување преку м.правда веднаш да испратат замолница до надлежните органи на САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица на "црната листа".Државниот јавен обвинител може веднаш да оформи заеднички македонско-американски истражен тим и да поведе самостојна или заедничка истражна постапка и да оформи/ да процесуира кривично-правни предмети пред надлежните институции во Македонија.Овој Закон добро е да се надгради и синхронизира со дополнителен закон за рестриктивни мерки, за што претставниците на стручната фела ценат дека е потребна квалитетна јавна расправа. Сметам дека Собранието треба да биде организатор и домаќин на една таква јавна расправа на која главниот збор ќе го имаат претставниците на судската фела, претставници на обвинителството, адвокати и професори по кривично право. На ваквата јавна расправа многу ќе користи и присуството на експерти за рестрикции и санкции од САД и ЕУ, за да имаме одржливо унапредување на позитивните норми во оваа регулирана област за меѓународна соработка во кривичната материја“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-18-at-09.13.24

„Двоглави делегации на иста конференција не праќаат ниту државите кои служат за потсмев“, Милошоски ја искритикува власта

„Расштимана делегација во Минхен“, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ги нарече средбите на претседателот на државата, Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Талат Џафери.„ Деновиве вниманието го привлече безбедносната конференција во Минхен. Главни теми Руската агресија против Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. Сериозни теми, сериозен протокол со присуство на делегации од многу држави. Но, само една делегација личи на расштиман оркестар - за жал, тоа е македонската делегација. Имено, според дипломатските правила, една држава на меѓународна конференција не може истовремено да ја претставуваат претседателот на државата и премиерот, бидејќи и двајцата го имаат највисокиот ранг - шеф на држава и шеф на влада. Како шеф на делегацијата оди или претседателот, или оди премиерот, но никако двајцата заедно. Во случајот со Македонија, на конференцијата во Минхен, присутен е и Претседателот Пендаровски, а истовремено таму е и техничкиот премиер Талат Џафери. Двајцата имаат по неколку соработници во нивна придружба. Згора на тоа, со група свои соработници таму е и министерот за надворешни Османи, оној кој би требало да му укаже на премиерот дека двоглави делегации на една иста конференција не праќаат ниту државите кои служат за потсмев на меѓународата сцена.Оваа дипломатска грешка го открива непознавањето на протоколот од страна на техничкиот премиер, но истовремено е и недомаќинското триплирање на буџетските трошоци. Плус, лошо е за власта ако никој од тројцата не сфатил сериозно дека ваквото дупло присуство не е дозволено и од безбедносна гледна точка. Двоглавото претставување ќе биде за потсмев кај другите делегации кои лесно ќе забележат дека во Македонија не постои координација меѓу трите кабинети (Претседател, Премиер, МНР) кои се задолжени за надворешната политика.Замислете колку бил зачуден британецот Сер Стјуарт Пич, специјен пратеник за Западниот Балкан, кого и претседателот Пендаровски и техничкиот премиер Џафери го сретнаа на две одвоени средби, како патувањето до Минхен да им е последното патување во кариерата. Или можеби Сер Стјуарт Пич веќе знае дека во Македонија кавгата за казината на ДУИ со "европско знаменце" е побитна од координацијата меѓу претседателот, премиерот и министерот за надворешни за нормално меѓународно претставување на државата?!За споредба, еве пример за шефовите на делегациите на други држави:Турција: Министерот за надворешниПолска: Министерот за надворешниСрбија: ПретседателотКосово: ПремиеротХрватска: ПремиеротАлбанија: ПремиеротФинска: ПретседателотГрција: ПремиеротЛатвија: ПретседателотИталија: Министерот за надворешниМакедонија: Претседателот, премиерот и министерот за надворешни работиМакедонија секој ден прави нова грешка.После 8ми мај ќе има премногу грешки за поправање“, напиша Милошоски.

Коментари | пред 2 години

fasdfa

Амбасадорот во Рим направи скандал, да се отповика оти им ги загрозил дозволите за работа и престојот на Македонците, бара Милошоски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека амбасадорот на Македонија во Рим, Весел Мемеди, со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името "Република Македонија", од 12.02.2024 се неважечки, а со тоа ги загрозил правата на граѓаните на Македонија.„Со тоа, наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите. Скандалот е многу сериозен доколку се знае дека ниту МНР, ниту амбасадата, немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.Бидејќи амбасадите работат строго по инструкции добиени од МНР се поставува прашањето дали министерот Османи или друг висок функционер од министерството за надворешни му дале насоки за ваквата постапка на амбасадорот, валидните пасоши на македонските државјани да ги прогласи за неважечки?! Со овој потег, како и многу други, испаѓа дека МНР и амбасадорите од доверба на Бујар Османи претежно постапуваат во интерес на трети држави, наместо да се грижат и да ги штитат интересите на македонските државјани во странство.Согласно чл.45 од Законот за надворешни работи Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим и во овој изборен период да назначи соодветен дипломат како вршител на должност за шеф на македонското ДКП во Италија. Политичка одговорност и оставка треба да се логична последица и за министерот доколку за ваквата постапка се случила со знаење на МНР Бујар Османи“, напиша Милошоски.

Македонија | пред 2 години

milososki-zaharieva

Милошоски до Захариева: Хипокризија е да се говори за реалноста во дворот на соседите, а да не ја почитуваш реалноста во сопствената држава

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ја искоментира изјавата на Захариева во која вели дека измената на Уставот на Република Северна Македонија не е голема работа оти Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати.„Поранешната министерка за надворешни работи на соседна Бугарија денес изјави дека Бугарите се дел од реалноста на Македонија и дека не е голема работа тоа да се преслика во Уставот, за да отпочнат преговорите со ЕУ.Кога сме кај фактите, прашање е дали за Захариева се реалност десетината пресуди од Судот за човекови права во Стразбург, кои се однесуваат на оневозможување на правото на здружување на Македонците во Бугарија? Како членка на Советот на Европа ќе биде многу продуктивно за двете соседни држави доколку Бугарија реално ги почитува пресудите на овој пан-европска судска институција. Во спротивно, хипокризија е да се говори за реалноста во дворот на соседите, а да не ја почитуваш реалноста во сопствената држава.А за уставните измени, европскиот принцип е секоја земја да одлучува самостојно за Уставот, како највисок правен акт, кој е заедничка општествена повелба на граѓаните во секоја држава. Но, за жал, за ваквите лекомислено преземени обврски не ни се толку криви претставниците на официјална Софија како Екатерина Захариева, Кирил Петков или Румен Радев. Шримарната кривица е кај Ковачевски, Бујар Османи, Маричиќ и другите политички главоклимачи, кои се надеваат дека нивниот мандат ќе трае ден подолго доколку тие дадат согласност на секој диктат што Македонија ќе ја доведе во потчинета положба. Токму затоа ова е убедливо најслабата владина екипа во последниве 30 години, која и носи повеќе штета отколку корист на Македонија“, вели Милошоски.

Коментари | пред 2 години

03112022_PVRSM_IRL

Македонците не се руски ботови, туку достоинствен народ кој со право реагира кон лошата политика, вели Милошоски

Денеска премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Македонија е пред вето одвнатре, а против уставни измени се руски ботови и платени политичари, по што на социјалните мрежи реагираше пратеникот Антонио Милошоски.„Со ваквата изјава за "руски ботови" премиерот Ковачевски многу ги потценува македонските граѓани, а најмногу македонскиот народ. Големото мнозинство Македонци се против отворањето на Уставот заради понижувачките услови кои лекомислено ги прифати премиерот, со кои Македонија е доведена во потчинета положба, а процесот на евроинтеграции е доведен во состојба на крајна неизвесност.Ковачевски нема ниту изборен легитимитет, ниту политички капацитет за да постигне национален консензус за решавање на проблемот кој го создаде. Македонците во Македонија не се руски ботови, туку достоинствен народ кој со право реагира со фрустрации кон лошата политика која ја води Ковачевски и во дипломатијата, и во образованието, и во економското назадување.Ако веќе Ковачевски сака да се занимава со руски ботови нека си ги праша службите:- Кои функционери од СДСМ му овозможија на Онишченко да добие македонско државјанство и кои функционери од ДУИ го примија на највисоко ниво Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во руската Дума и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”“, вели Милошоски.

Коментари | пред 2 години

Нема фотографија

Милошоски: СДС јасно да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, спротивно нема потреба од преговори

Јас би сакал кратко да се осврнам на вчерашните седници на Извршниот и Централниот одбор на СДС, вели Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„За работните групи кои што СДС ги формира да имаат смисла, партијата мора да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, во спротивно нема потреба од понатамошни преговори и губење на време.Првиот предлог кој го даде претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски е:Преодна влада без ДУИ, излегување на ДУИ од сите ешалони, и уставни измени кои би стапиле на сила само на денот на членството на Македонија во ЕУ. И таа би добиле како држава гаранција дека и Бугарија ќе биде активно заинтересирана за наше вклучување во ЕУ, и дека Македонија ќе добие одредена извесност дека нема да има понатамошни бугарски ирационални блокади.Вториот предлог кој што го даде ВМРО-ДПМНЕ е предвремени избори оваа есен, при што дадени се три датуми за кои што СДС би требало да размислат кога би се одржале во септември или октомври, потоа да се обезбедат гаранции од европските институции за заштита на националните интереси на Македонија, со тоа што ќе се гарантира многувековниот идентитет, но истовремено ќе се дадат и осигурувања дека државата повторно нема да ги има секоја година ирационалните блокади од Бугарија. Дополнително, после изборите новиот премиер на Македонија ќе побара и економски пакет за подобар стандард во државата од страна на Европската Комисија, кој што ќе значи припрема и на стопанството и на граѓаните за конкурентност во самата ЕУ. А, од Бугарија заради добрососедство би побарале исполнување на 3 пресуди од ЕСЧП во Стразбур кои што се веќе правосилни, по избор на официјална Софија. Така ќе докажеме дека кога говориме за добрососедство не говориме само за компромиси или концесии од страна на Македонија туку разговараме и за обврски кои што се меѓународно валидни и за Бугарија.После тие предвремени избори кој и да биде опозиција ќе има обврска да ја поддржува Владата и државата во овие чекори за интерес на Македонија и на нашата евроинтеграција.И двата предлози, и првиот и вториот напоменуваме опфаќаат детронизирање на ДУИ, бидејќи тие се 20 годишен вирус кој ги атрофира институциите со висока корупција и голема неефикасност.ДУИ не е повеќе во позиција да условува, тоа е став на ВМРО-ДПМНЕ, дека ДУИ треба да оди во опозиција и дека тоа ќе биде корисно за институциите и за довербата на граѓаните во државата. Високата корупција мора да се соочи со одговорност, а во рамките на ДУИ истата постои на големо.Формирање на работни групи би имало смисла само доколку СДС јасно каже, кој од овие два предлози на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив.Дополнително сакаме да потенцираме дека сите спинови околу уставните измени и нивно прифаќање под бугарски диктат се невистинити бидејќи ВМРО-ДПМНЕ напоменува и кон СДС и кон ДУИ во овие околности вакво диктирање на уставни измени нема да поминат.Доколку не веруваат нека ги преложат уште во понеделник во Собрание и ќе видат дека ќе доживеат неуспех.Затоа наместо СДС да свикува ИО и ЦО, и да формира работни групи кои што не би имале суштинска работа подобро е да прифати да се откаже од ДУИ и второ јасно да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ се за нив прифатливи.СДС и ДУИ се свесни дека ја губат власта која што долго време, за жал, ја злоупотребуваат, но доаѓа времето кога ќе треба да се соочат и со избори и со одговорност. За сите постапки и грешки и незаконитости ќе има одговорност, без разлика кој предлог од ВМРО-ДПМНЕ за СДС ќе биде прифатлив. Од тоа бегање нема. Затоа очекуваме СДС да даде одговор, наместо да продолжува со манипулации“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

milososki

Милошоски: Најмалку 20 градежни материјали на „Бехтел и Енка“ немаат утврдена цена, таа е поврзана со резиденцијалните објекти во Скопје

Пратеникот Антонијо Милошоски во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ рече дека претставниците на власта надвор од нивните законски овластувања потпишале услови со изведувачот Бехтел и Енка за изградба на четирите автопатски делници, и дека затоа го кријат договорот. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, власта поради тоа го крие договорот, инаку многу лесно ќе се увидат клаузулите каде е високата корупција- Најмалку 20 градежни материјали немаат утврдена цена. Референтната цена најчесто се врзува со цената на злато, нафта, долар и слични валути и вредности. Тука во овој договор референтната цена е поврзана со резиденцијалните објекти во Скопје, рече поранешниот министер за надворешни работи повикувајќи се на детали од договорот, како што вели, обезбедени од свиркач.Тој потврди дека утре во Собранието ќе биде гласањето за петте спорни закони со европско знаменце поврзани со договорот со „Бехтел и Енка“ и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаме против овие измени.На Милошоски му е симптоматично и тоа што како да е изоставен од сето ова министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој како што вели пратеникот, во случајов е „помножен со нула“.- Бочварски јавно кажа дека не постои основен проект за овие делници. Овде нема ништо, освен една скица.Владата потпишала таква ставка, доколку се јави некој проблем, не плаќа изведувачот, се плаќаат агенциите, претпријатија и институциите на државата, рече меѓу другото Милошоски.

Македонија | пред 2 години

Milososki-27.06

Милошоски контра Ивановска: Уверението за положен правосуден испит на синот на Џафери има основ да се поништи

Незаконското уверение за положен правосуден испит на Б. Џафери е ништовен акт и има основ да се поништи согласно член 124 од Законот за општата управна постапка, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ„Вовед, што кажа Б. Ивановска:Претседателката на Антикорупциската комисија г-ѓа Ивановска, вчера на Телма за синот на Талат Џафери, кој положил правосуден испит пред да заврши факултет, а сега ќе биде обвинител, изјави дека “државата нема правни или други механизми со кои би се санкционирале овие случаи”. Оваа изјава на Ивановска можеби се должи на недоволно познавање на управното право или пак на фактот што таткото на Б. Џафери е претседател на Собрание, а неговиот роднина е член во Антикорупциската комисија.Законски основ за решавање на скандалот со Б. Џафери:Во правниот систем на Македонија има законски одредби кои и денес може да спречат јавни обвинители да станат лица кои без завршен факултет положиле правосуден испит. Полагањето на правосудниот испит е управна постапка, која се поведува со поднесување на барање на кандидатот до Министерството за правда и која завршува со издавање на Уверение за положен правосуден испит како управен акт издаден од министерот за правда.Неспорно утврден факт од Антикорупциската комисија е дека кандидатот за обвинител Барлет Џафери се стекнал со уверение за положен правосуден испит, иако не ги исполнувал двата кумулативни услови за полагање правосуден испит, т.е немал завршен правен факултет и бил без работен стаж.Решението на овој правен и политички скандал со Б. Џафери лежи во примената на членот 124 од Законот за општата управна постапка, каде утврдено е дека за ништовен се огласува управниот акт кој со своето извршување би можел да предизвика некое дело казниво според Кривичниот законик и во други закони и што содржи неправилност, која според некоја изречна законска одредба е предвидена како причина за ништовност. Во конкреткиов случај уверението за положен правосуден испит издадено на Б. Џафери е управен акт.Во членот 125 став 3 од Законот за општата управна постапка е утврдено дека Органот (во случајов Антикорупциска) кој ќе дознае за управен акт со кој е повреден законот, а повредата може да биде причина за поништување на управниот акт, должен е без одлагање за тоа да го извести јавниот орган надлежен за поведување постапка и за донесување на управниот акт. Согласно чл.125 Антикорупциската комисија е должна да го извести Министерството за правда дека дошла до сознанија за ништовен управен акт издаден од ова министерство.Дополнително, претседателката на Антикорупциската нема изговор за застареност на скандалот, бидејќи во ставот 2 од чл.124 од ЗОУП е определено дека управниот акт (уверението за положен правосуден испит на Б. Џафери) може во секое време да се огласи за ништовен по службена должност.Врз основа на овие законски одредби Антикорупциската може уште денес да го извести Министерството за правда, а ова министерство може уште утре да го поништи Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери, затоа што за овој управен акт нема застарување и нема рок за поништување на незаконски управни акти.Во членот 125 од Законот за општата управна постапка е уредено дека со поништувањето на управниот акт и со огласувањето за ништовен се поништуваат и правните последици што ги произвел таквиот управен акт. Односно откако Уверението за положен правосуден испит на Барлет Џафери ќе се огласи за ништовно, ќе се поништат и правните последици што истото ги произвело во правниот промет ex tunc, односно истото ќе се смета дека и воопшто и не било издадено. Со тоа de facto и de jure ќе се утври дека Барлет Џафери во моментот на аплицирање не ги имал исполнето условите за влез во Академијата за судии и јавни обвинители.Значи правни механизми за разрешување на скандалот има, но прашање е дали има волја кај Ивановска и нејзините колеги во ДКСК да постапуваат по словото на законот?!“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Antonijo-Miloshoski-06.02.2023

Милошоски: Вакво тензично чествување на Гоце Делчев е последица на брзоплетиот склучен договор за добрососедство во 2017

Милошоски: Вакво тензично чествување на Гоце Делчев немало во последните 75 години, тоа е последица на брзоплетиот склучен договор за добрососедство во 2017Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за чествувањето на Гоце Делчев каде потенцираше дека досега вакво тензично, полно со полиција и со понижување на достоинството на обичните граѓани кои не можеа слободно да му оддадат почит и да положат венец на Гоце Делчев досега не се случило во Македонија.-Со жалење можам да констатирам дека вакво напнато, контраверзно полно со полиција, безбедносно ризично чествување, па со понижување на достоинството на обичните граѓани кои не можеа слободно да му оддадат почит и да положат венец на Гоце Делчев, досега не се случило во Македонија, во изминатите 75 години. Парадоксот е толку силен што Гоце Делчев како апостол на движењето кое се бори за слободата на македонскиот народ имаше чествување кое што македонскиот народ не беше слободен да појде на гробот и да му оддаде должна почит, и затоа сметам дека ваква напнатост досега немало, истакна Милошоски.Тој во текот на своето гостување укажа дека ваквото тензично чествување на роденденот на Гоце Делчев влијание на повеќе нивоа во државата.-Ова е најтензичното чествување на Гоце Делчев и таа тензија се прелеа и во билатерално бугарско македонски односи, не само на политичко ниво или дипломатско, туку сметам дека се прелеа за веќе и заеднички билатерални проекти, на спортско ниво, на култура и на сите други можни соработки, рече тој.Милошоски заклучи дека ваквата напнатост за чествувањето на Гоце Делчев е како последица на брзоплетото склучување на договорот во 2017 година за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. Имено Милошоски потсети дека кога беше потпишан тој договор владата на СДС и ДУИ ветуваше дека е лек за сите проблеми, решение за сите спорови и така натаму.-Ваквото чествување на Гоце Делчев и ваквата напнатост во самата Македонија прво, во нашето општество, а потоа и во билатералните односи со официјална Софија сметам дека е една последица на брзоплето склучениот договор 2017 година за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија за кои што владата на ДУИ и СДС не убедуваше дека е лек за сите проблеми, дека е решение за сите спорови, а ние гледаме дека од потпишувањето на овој договор до денес секоја година имаме само влошување на односите константно, за жал на штета на двете држави, но ако се направи некоја мерка со поголема штета врза Македонија, додаде Милошоски.

Македонија | пред 3 години

Milososki-27.06

Милошоски: Ковачевски за 7 дена во Њујорк остварил само една билатерална средба, а трошел по 20000 долари за ноќевање

Дипломатски туризам на Ковачевски во Њујорк. Како премиер да предводиш делегација во Обединетите Нации, каде во исто време престојуваат над 130 државници од целиот свет, и за 7 дена да оствариш само една официјална билатерална средба (со МНР на Азербејџан), е голем дипломатски неуспех. Така заврши скапо платената шанса што ја имаше премиерот Ковачевски како шеф на делегацијата на 77-то Генерално собрание во ОН во Њујорк, со патување и ноќевање кое чини најмалку 20.000 долари за владината екипа, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ„Исходот, трошокот и престојот на Ковачевски во Њујорк повеќе наликуваат на државно-платен фамилијарен туризам, наместо на државнички престој исполнет со многу корисни средби со странски премиери и претседатели. За жал.Споредено со Ковачевски, хрватскиот премиер Пленковиќ не престојувал 7, туку 4 дена во Њујорк, но не остварил една, туку 5 билатерални средби на највисоко ниво: со премиерот на Канада, со претседателот на Словенија, премиерот на Норвешка, со државниот секретар на САД, како и со Претседателот на Советот на ЕУ.Тоа е големата разлика. Хрватскиот премиер со помала делегација, помалку денови престој во Њујорк и повеќе официјални средби, додека премиерот Ковачевски обратно, гломазна делегација, долг престој во Њујорк, и само една официјална билатерална средба. Резиме: Македонија не виде корист од оваа посета на Њујорк, но битно Ковачевски го виде Њујорк“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања