Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Македонија
media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Социјалдемократскиот сојуз, предводен од Венко Филипче, сѐ повеќе се оддалечува од интересите на граѓаните и членството, ставајќи се, како што велат, во функција на странски политички агенди.

Од партијата тврдат дека генералниот секретар на СДСM, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со српскиот опозициски политичар Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој, според нив, дошол во Скопје со цел да воспостави соработка и евентуален заеднички опозициски фронт.

— реклама —

„Оваа средба отвора сериозни прашања за насоката и приоритетите на СДС. Наместо фокус на домашните предизвици, се прават обиди за вклучување во политички процеси надвор од државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата поставува повеќе прашања до Димитријевиќ, меѓу кои дали на средбата присуствувале и други високи политички функционери, како и детали околу пристигнувањето на Ружиќ во Скопје.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат од СДС да ја информира јавноста за целите и мотивите на ваквите контакти, прашувајќи зошто, како што наведуваат, опозициската партија се ангажира во активности поврзани со друга држава, наместо да се фокусира на политичките состојби во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 12 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 17 часа

media-library9qthgcncaec9dpSeE2x

Еуфоријата за Заев потврди – СДС не се менува, смета владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања