Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Во Хрватска погрешен пациент е прогласен за мртов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-librarydtu96k6opv6f5aFiMN8
фото: unsplash

Хрватското здружение за промоција на правата на пациентите се огласи денес поради тоа што жител на Вировитица, поради грешка во болничкиот систем, бил официјално прогласен за мртов.

— реклама —

Здружението најостро ја осуди, како што наведуваат, шокантната грешка во болницата во Вировитица, каде поради заменување на идентитетот и даночниот број на пациентот, тој бил регистриран под туѓи здравствени податоци, што е незамисливо и недозволиво во 21 век.

— реклама —

Тие укажуваат на сериозни и долгогодишни неправилности во работењето на здравствениот систем и неговата дигитална инфраструктура. „Ваквиот случај јасно покажува дека постојните системи не се сигурни и доверливи, дека контролите не функционираат, а обврзните протоколи за идентификација на пациентите очигледно не се спроведуваат, што директно ја загрозува безбедноста и животот на пациентите“, соопшти здружението и додаде дека бараат итна и независна истрага, транспарентно утврдување на сите нивоа на одговорност и итно воведување обврзни дигитални и организациски механизми за да се спречи повторување на ваква катастрофална грешка.

— реклама —

Изразувајќи сочувство до семејството на починатиот пациент, здружението истакнува дека им стои на располагање за правна и советодавна поддршка во заштита на нивните права и барање на целосна отштета за „најтежок напад на достоинството и безбедноста на пациентот“, пренесува порталот Дневник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library64j0l9i1hgqn8WTU0Q2

Поранешна хрватска премиерка за Вучиќ: Нема тој што да бара во Хрватска

Свет | пред 1 час

sneg-2

Снег го затрупа автопатот во Горски котар во Хрватска, испратено предупредување до граѓаните

Свет | пред 4 дена

media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука приведен на границата со Хрватска

Свет | пред 6 дена

873x400-1-16

Хрватска има нафта само за три месеци

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања