Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија ги зголемува туристичките такси во Каталонија: ноќевањето во Барселона ќе чини до 7 евра

Од 1 април 2026 година, Шпанија ќе ги зголеми туристичките такси во Каталонија, што ќе ја зголеми цената на ноќевањето во градови како Барселона, каде основната такса за луксузни хотели ќе изнесува најмногу 7 евра по ноќевање.Според новиот закон објавен во шпанскиот Службен весник, дополнителни локални надоместоци исто така се можни, што значи дека вкупните трошоци за туристите ќе зависат од конкретната дестинација. За хотелите со четири ѕвезди основната такса ќе изнесува 3,40 евра, а за туристички апартмани 4,50 евра по ноќевање. Локалните власти, на пример во Барселона, можат да наплатат и до дополнителни 8 евра по ноќевање.Целта на мерките е намалување на притисокот врз пазарот на домување и промовирање на поодржлив модел на туризам. Дел од собраните средства ќе биде насочен кон станбени политики, додека остатокот ќе се инвестира во развој на туризмот. Патниците кои планираат посета на Барселона и другите делови од Каталонија треба да сметаат на зголемени трошоци за сместување.

Свет | пред 5 дена

media-libraryfoqlsj8h3q3je83rN0C

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Париз: евакуирани околу 400 лица

Околу 400 лица беа евакуирани по избувнување пожар во хотел со пет ѕвезди во Париз, соопштија пожарникарските служби.Пожарот избувнал претпладне во подрумската кујна на хотелот Le Bristol Paris, при што двајца вработени се здобиле со полесни повреди додека се обидувале да го изгаснат.Станува збор за хотел лоциран во близина на Елисејската палата, кој често го користат светски лидери при официјални посети.Полицијата ја затвори улицата Фобур Сен Оноре, додека пожарот беше ставен под контрола, информираа надлежните служби.

Свет | пред 5 дена

media-libraryafrcegob4re0e1VQcfj

(Видео) Невреме во Обединетите Арапски Емирати: Град ја покри пустината со бел слој

Силно невреме погоди делови од Обединетите Арапски Емирати, каде дождот и градот ја покрија пустината и градовите со бел слој, а на некои места е забележан мраз висок и до 46 сантиметри.Снимките од погодените подрачја, меѓу кои Фуџаира, Ал Дафра и Рас ал Хајма, прикажуваат необични сцени – пустински предели и улици прекриени со бела покривка од град.Во Фуџаира, градот непрекинато паѓал врз песочниот терен, создавајќи тенок бел слој, додека над регионот се надвиснале темни облаци. Во Ал Дафра, мразот се наталожил покрај песочните дини, создавајќи редок контраст меѓу белото и портокаловото. Најдраматично било во Рас ал Хајма, каде градот формирал покривка висока до 46 сантиметри, а жителите биле забележани како се движат и играат во мразот.Метеоролозите објаснуваат дека ваквите појави не се толку ретки, особено во преодните годишни времиња. Во овој период, студен воздух во повисоките слоеви на атмосферата се судира со топол и влажен воздух при тлото, создавајќи услови за силни грмежливи бури со град.Планинските области како Рас ал Хајма и Фуџаира почесто бележат поинтензивен град поради релјефот, кој го поттикнува подигнувањето на воздухот и развојот на олујни облаци, но и рамните пустински предели може да бидат погодени од вакви временски системи.

Свет | пред 5 дена

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иранскиот шеф на дипломатијата го пофали германскиот претседател: „Многумина молчат, но тој ги осуди нападите“

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го пофали германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер за неговата отворена осуда на американско-израелските напади врз Иран.Арагчи на социјалната мрежа Икс истакна дека Штајнмајер ги опишал нападите како „агресија и кршење на меѓународното право“, додека, како што наведе, многу светски лидери молчат или остануваат неактивни, пренесе иранската државна телевизија „Прес ТВ“.Германскиот претседател претходно изјави дека војната на САД и Израел против Иран претставува кршење на меѓународното право и изрази сомнеж во тврдењата за „непосредна закана“ што биле користени како оправдување за нападите.Иранскиот министер посочи на, како што рече, двојните стандарди на Западот, додавајќи дека меѓународното право „во пракса е мртво“, но упати пофалба до Штајнмајер за осудата на, како што ги нарече, прекршувањата врз Иран.

Свет | пред 5 дена

media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Одлука што менува сѐ: Израел воведува смртна казна за Палестинци?

Контроверзен предлог-закон со кој се воведува смртна казна за Палестинци осудени за тероризам пристигна на финално гласање во Кнесетот, откако парламентарниот Одбор за национална безбедност ја одобри мерката, пренесува „Гардијан“.Законот е инициран од крајнодесничарската партија Оцма Јехудит, предводена од министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, и веќе предизвика остри реакции кај критичарите кои предупредуваат на сериозна ескалација на казнената политика на Израел.Пратеници од партијата носеле брошеви во форма на јамка како симболична поддршка за предлогот. Според предложените измени, осудените на смрт би биле сместени во изолирани објекти без право на посети, освен од овластен персонал, додека правната комуникација би се одвивала исклучиво преку видеоврска. Извршувањето на казната би следело во рок од 90 дена од пресудата.Предлогот предвидува судовите да можат да изречат смртна казна и без барање од обвинителството, како и без едногласна одлука – би било доволно обично мнозинство. Воените судови на Западниот Брег исто така би добиле овластување да изрекуваат вакви казни, со можност министерот за одбрана да даде свое мислење.За Палестинците под окупација, законот би ја укинал можноста за жалба или помилување, додека за осудениците во рамки на Израел казната би можела да се преиначи во доживотен затвор. Според извештаите, можно е егзекуциите да се извршуваат со бесење, иако се споменуваат и други методи.Предлогот предизвика сериозни предупредувања од воени и владини претставници, кои сметаат дека може да биде во спротивност со меѓународното право и да ги изложи израелските функционери на правни последици. Министерствата за правда и надворешни работи веќе изразија загриженост во изминатиот период.Критичарите, меѓу кои и пратеникот Гилад Карив, посочуваат дека краткиот рок за извршување на казната без можност за помилување отвора сериозни правни и морални дилеми и може да доведе до постапки пред меѓународни судови. И покрај тоа, предлог-законот продолжува да напредува низ парламентарната процедура.

Свет | пред 5 дена

amerikanski-vojnici

САД испраќаат копнени сили на Блискиот Исток

Соединетите Американски Држави потврдија дека ќе испратат копнени сили на Блискиот Исток, откако Иран го одби предлогот за мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Индипендент“.Пентагон соопшти дека во регионот ќе бидат распоредени делови од елитната 82 воздушно-десантна дивизија, како и логистички и поддржувачки единици и 1 борбена бригада.Потврдата доаѓа откако ирански претставници објавија дека го примиле американскиот предлог за ставање крај на војната, но го оцениле како неприфатлив.Еден ирански функционер изјавил за „Ројтерс“ дека првичните впечатоци „не се позитивни“, додавајќи дека почетниот одговор на Техеран бил испратен до Вашингтон преку посредници од Пакистан.Според пакистански извори вклучени во посредувањето, американскиот предлог предвидува олеснување на санкциите кон Иран, цивилна нуклеарна соработка, нови ограничувања на иранската нуклеарна програма, како и повторно отворање на Ормускиот теснец.

Свет | пред 5 дена

media-librarygit09tmeur0ufG7uK4U

Зграда оштетена во близина на Тел Авив по ирански напад

Зграда во областа Бнеи Брак, источно од Тел Авив, е оштетена откако била погодена од остатоци од проектил по ирански напад врз Израел. Снимките од местото покажуваат сериозни структурни оштетувања и расфрлани остатоци околу точката на удар.Во меѓувреме, продолжуваат воздушните напади, при што САД и Израел од 28 февруари изведуваат удари врз Иран. Според извештаите, во нападите загинале повеќе од 1.340 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.Техеран возвратил со напади со дронови и проектили насочени кон Израел, како и кон Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се распоредени американски воени сили. Нападите предизвикале жртви, материјална штета и нарушувања во глобалните пазари и воздушниот сообраќај.

Свет | пред 5 дена

655-402-bebe

Тетка во британска градинка со нога притискала едногодишно дете за да го успие

Детска градинка ја призна вината за убиство од небрежност по смртта на 14-месечно момче, кое се задушило откако вработена се обидела насилно да го успие. Малиот Ноа Сибанда починал во градинката „Fairytales Day Nursery“ во Дадли во декември 2022 година.Според обвинителството, детето било поставено со лицето надолу на перница, завиткано во вреќа за спиење, со ќебе преку главата, додека вработената Кимберли Куксон го притискала со нога. Настаните биле снимени од надзорни камери, кои покажале дека детето било држено во положба што сериозно ја ограничувала неговата способност за дишење и движење, во обид да се натера да заспие.По кратко време било забележано дека детето не дише, по што биле повикани итните служби, но во болница било констатирано дека е починато.Приватната градинка, која во меѓувреме престанала со работа, пред Кралскиот суд во Вулверхемптон ја признала вината за убиство од небрежност како правно лице, како и за прекршување на Законот за здравје и безбедност при работа. Сопственичката и директорка Дебора Лејтвуд (55) исто така признала вина за пропусти во надзорот, прифаќајќи дека требало да знае за опасните практики. Вработената Куксон (23) претходно се изјаснила за виновна за убиство од небрежност поради груба небрежност.Вишиот обвинител Алекс Џонсон го оцени случајот како „длабоко вознемирувачки“ и „најлош кошмар за секој родител“, истакнувајќи дека детето требало да биде безбедно под грижа на професионалци.Тој нагласи дека доказите, вклучително и видео-снимките и медицинските наоди, покажале дека детето било ставено да спие на исклучително опасен начин, што создало средина во која не можело да се ослободи.Изрекувањето на пресудата за сите обвинети е закажано за 16 април.

Свет | пред 5 дена

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Популарноста на Трамп опаѓа

Поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво откако се врати во Белата куќа, покажува истражувањето на Reuters/Ipsos. Само 36 отсто од Американците го одобруваат неговото делување, што претставува намалување од 40 отсто од минатата недела.Главни причини за падот се растот на цените на бензинот и непопуларноста на воената кампања против Иран. Само 25 отсто од испитаниците го поддржуваат начинот на кој Трамп управува со овој проблем.Истражувањето исто така покажува дека 35 отсто од Американците го одобруваат американскиот напад на Иран, додека 61 отсто не го одобруваат. И покрај тоа, Трамп останува релативно силен меѓу републиканците, од кои само мал дел ја критикуваат неговата политика за трошоците за живот.Во анкетата учествувале 1272 возрасни Американци, со маргина на грешка од три проценти.

Свет | пред 6 дена

media-librarye8skl60fb4e35tif0Ar

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата.“Ние имаме Национален Документ менаџмент систем со електронска архива, кој што автоматски кога ќе внесете предмет во архива, таа му доделува број и никој веќе не може да го изгуби тој предмет, не може тој предмет да се заборави, да биде во фиока. Точно се знае кога ќе влезе предметот во институцијата, каде е тој распределен, кој е одговорен за него и колку време стои во определена фаза на постапката. Многу е едноставен продуктот, којшто го имаме, јас кога дојдов во институцијата еДМС го користеа околу 20 институции, денес веќе активно имаме 45. Во тие 20 институции бројот на предмети е пораснат на околу 60.000, што значи скоро е триплирана Фреквенцијата. И ако сме имале 0,1 или 0,2 нови институции месечно приклучени - денес имаме во просек 4 нови институции месечно”, истакна Андоновски.Министерот дополни дека со овој чекор повеќе нема да има предмети чувани по фиоки или заборавани од страна на државните органи.“Мојот предлог е и јавното обвинителство да го преземе овој наш систем и целата документација електронски да ја архивираме, за секој нов предмет кога ќе пристигне во ЈО како кривична пријава или преставка од граѓани, тој веднаш да биде електронски заведен. Тогаш веќе нема да може определни обвинители да заборават предмети, да ги изгубат, а раководителите во обвинителството ќе може да ги следат тие предмети. На тој начин бришеме уште една можност за корупција”, дециден е Андоновски.Тој потенцираше дека со овој систем се зголемува и комуникацијата на институциите меѓусебно, но и дека предметите нема да патуваат со денови, туку со секунди.

Македонија | пред 6 дена

media-librarytvcnaq65che68RXaeDL

Радио Слободна Европа ја затвора македонската редакција, причината се слаби финансии

Радио Слободна Европа/Радио Либерти најави дека на 31 март 2026 година ќе ги затвори својата редакција на македонски јазик.Одлуката ја соопшти претседателот и извршен директор на организацијата, Стивен Капус, кој посочи дека станува збор за тешка, но неопходна мерка поради финансиските услови во кои работи медиумот.„Затворањето на овие два сервиси е загуба за публиката на која ѝ служат. Но, тековната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува да направиме приоритети во распределбата на ресурсите. Оваа одлука е донесена со длабока почит кон работата на овие тимови и стандардите на извонредност што ги одржуваа“, изјави Капус.Радио Слободна Европа со децении беше дел од медиумскиот простор во Македонија, со фокус на информирање, истражувачко новинарство и следење на политичките и општествените процеси.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

(Видео) Трамп тврди дека неговиот министер за одбрана предложил напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанок со национални воени и правосудни лидери во Мемфис изјави дека неговиот министер за одбрана, Пит Хегсет, прв предложил напад врз Иран. Трамп рече дека разговорите за можна воена интервенција се одвивале „многу продуктивно“, додавајќи дека Иран е „промотор на терор“ и се приближува кон набавка на нуклеарно оружје.Иранскиот режим, меѓутоа, ги демантираше тврдењата за преговори, нарекувајќи ги „лажни вести“. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, истакна дека никаков дијалог со САД не бил воден, додека Трамп рече дека разговорите ги воделе неговите советници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.Во меѓувреме, ескалацијата на конфликтот доведе до нови ракетни напади на американски и израелски цели во регионот на Персискиот Залив, со огласување на сирени за воздушен напад во Тел Авив. Нападите доведоа до 13 загинати американски војници, а блокадата на Ормускиот теснец, низ кој минува петтина од светската нафта, го зголеми светското ниво на цени на горивата.

Свет | пред 6 дена

media-librarybgjq6n1tp0vubXhGhLR

Русија изврши масовен напад со дронови врз Украина

Русија денеска изведе еден од најмасовните напади врз Украина со „повеќе од 400 дронови“, соопшти Јуриј Игнат, портпарол на украинските воздухопловни сили. Дел од нападите го погодија и историскиот центар на Лавов, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, истакна дека нападите со ирански дронови го копираат моделот на терор кој Иран го применува на Блискиот Исток. Во нападот во Лавов најмалку 13 лица се повредени.Претходно, Русија ноќта на вторник лансирала 392 дрона и 34 проектили, од кои дел биле пресретнати, при што загинале најмалку пет лица. Дипломатските преговори меѓу Киев и Москва, со посредство на САД, се во застој поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Свет | пред 6 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

СДСМ денеска повика Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рокот предвиден со закон за избор на вицегувернери.„Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески“, наведуваат од СДСМ. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието на предлог на гувернерот, а непостапувањето директно ја блокира законската постапка и го спречува Собранието да ја изврши својата надлежност.СДСМ потсетува дека мандатите на вицегувернерите истекле уште во октомври 2025 година, а рокот за избор истекол во декември 2025 година, додека истите продолжуваат да учествуваат во донесување одлуки. „Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен состав, а одлуките донесени во такви услови може да бидат правно оспорени“, велат од партијата.СДСМ бара ОЈО да утврди дали гувернерот ја прекршил законската обврска, дали се овозможило незаконско продолжување на мандатите и дали одлуките на органите на Народната банка биле донесувани во незаконит состав. „Институциите не смеат да функционираат по волја на поединци. Законот мора да важи за сите, особено за оние што управуваат со најважните финансиски институции во државата. Сите ќе одговарате!“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 6 дена

media-librarydd7kdiu64h2q00wfBju

Принцот Мохамед го повикува Трамп да продолжи со војната против Иран

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој ја води Саудиска Арабија, го повикувал американскиот претседател Доналд Трамп да ја продолжи воената кампања против Иран, опишувајќи ја соработката меѓу САД и Израел како „историска можност“ за преобликување на Блискиот Исток, јавува The New York Times.Иако и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смета Иран за долгорочна закана, постојат различни цели меѓу двете земји: за Израел, слаб Иран означува победа, додека за Саудиска Арабија ваквиот развој претставува директна безбедносна закана.Истовремено, во своите јавни настапи, Трамп испраќа контрадикторни пораки, наизменично најавувајќи можен крај на војната и потенцијална ескалација. Иран ги демантираше тврдењата за одржани разговори со американската администрација.

Свет | пред 6 дена

media-library8e12gpg2rka22FhMIkm

САД и Израел засега не успеаја да предизвикаат побуна во Иран

САД и Израел планираа да поттикнат внатрешна побуна против теократската власт во Иран на почетокот на конфликтот, со цел брз крај на војната и пад на режимот, но засега тие планови не донесоа резултати, јавува New York Times.Според изворите, стратегијата се темелела на претпоставка дека елиминацијата на иранските челници и паралелните разузнавачки операции би можеле да предизвикаат масовен устанок, но три недели по почетокот на конфликтот, режимот останува стабилен. Стравот од репресивниот апарат и продолжените воени акции значително ја намалија веројатноста за побуна, додека Иран ја зајакна контролата и продолжи со воените операции.И покрај изостанатите очекувани ефекти, американските и израелските официјални лица не се откажуваат од можноста дека развојот на ситуацијата на теренот може да поттикне промени во Иран, иако засега нема најава дека тоа ќе се случи наскоро.

Свет | пред 6 дена

media-libraryb864qvlmdckp02p32d4

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес.Претседателката посочи дека нов импулс во соработката, но и доказ за искреното пријателство е иницијативата на македонската влада за склучување на Договор за стратешка соработка со владата на Република Хрватска.Сиљановска-Давкова изрази благодарност за цврстата и континуирана хрватска поддршка за македонскиот евроинтеграциски процес. Таа го поздрави ставот на Хрватска за потребата од брзо проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, врз основа на реални заслуги во остварувањето на Копенхашките критериуми.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryqtd8d6pqhbcl3B2Tcnh

Две лица уапсени за шпионажа во Германија и Шпанија

Обвинителите во Германија денеска соопштија дека две лица се уапсени поради сомневање дека шпионирале за Русија. Според соопштението, Сергеј Н. е уапсен во Шпанија, додека Ала С. е уапсена во Германија.Обвинителите тврдат дека од декември 2025 година Сергеј Н. собирал информации за лице во Германија кое снабдувало Украина со дронови и сродни компоненти, за потребите на руската разузнавачка служба. Тој собирал податоци преку интернет и ги снимал активностите на работното место на целта, додека Ала С. го презела неговиот задаток кога тој се преселил во Шпанија, сè до март 2026 година.

Свет | пред 6 дена

media-librarybgjq6n1tp0vubXhGhLR

(Видео) Руски дрон удри во зграда во Украина

Денеска, во текот на денот, Русија изврши напад врз центарот на Лавов, при што две лица се тешко повредени, објави украинската премиерка Јулија Свириденко. Во објавата на социјалната мрежа X таа истакна дека нападот го извршиле руски и ирански дронови и додаде дека една од погодените локации била црквата Свети Андреј од 17 век, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.„Русија може да се запре само со сила, бескомпромисни санкции и решителна акција“, порача Свириденко.Во меѓувреме, војната во Украина, која започна на 24 февруари 2022 година со инвазијата на Русија, влегува во својата петта година. Станува збор за конфликт со ограничени територијални промени, но со постојани напади врз инфраструктурата и градовите. Според податоците на Обединетите нации и западните проценки, бројот на цивилните жртви надминува 15.000, додека вкупните воени загуби се проценуваат на 1,8 до 2 милиони, со тоа што Русија претрпела поголеми загуби, а Украина стотици илјади.

Свет | пред 6 дена

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Сѐ повеќе бродови минуваат низ Ормускиот теснец

Морскиот сообраќај низ Ормускиот теснец сѐ повеќе се пренасочува во иранските територијални води, преку „сигурен“ коридор кој Техеран го воспостави за проверка на бродовите и издавање дозволи за транзит, пишува во анализа специјализираната компанија Lloyd's List.Техеран минатата недела најави „нов режим“ за минување низ теснецот со цел санкционирање на „сили кои стремат кон доминација“ преку блокада на нивните бродови, цитирајќи ги изјавите на советникот за економија на иранскиот врховен лидер Мојтаба Хаменеи, Мохамед Мокхбер.Иран ја презеде контролата над Ормускиот теснец по американско-израелскиот напад на 28 февруари, забранувајќи транзит на бродови поврзани со САД, Израел и нивните сојузници.Иранските власти воспоставија „сигурна“ рута низ своите територијални води, а наскоро ќе се утврди и службена постапка за издавање дозволи за бродовите во транзит, јави Lloyd's List.Коридорот минува помеѓу островот Кешм покрај иранската обала и островот Ларак, каде иранската морнарица и пристанишната управа визуелно ги проверуваат бродовите, проверуваат податоци и наводно наплаќаат такси за транзит.Досега, преку новиот коридор поминале повеќе од 20 бродови со корисна носивост над 10.000 тони. Меѓу нив бил и голем танкер Omega Trader со два милиони барели ирачка нафта, пренесува порталот OilPrice.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи повторно истакна дека Ормускиот теснец не е затворен и ги обвини САД за нарушувања во сообраќајот. Тој нагласи дека слободата на пловидба е невозможна без слобода на трговија и дека секој брод треба да ги почитува правилата за транзит.Дозволите за транзит се разгледуваат индивидуално, а некои влади директно комуницираат со иранските власти за обезбедување сигурен премин, потврдува Lloyd's List.

Свет | пред 6 дена

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран повторно го нападна Израел

Иран денеска лансираше серија проектили кон Израел, само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека се воделе „многу добри и продуктивни“ разговори за запирање на војната, која ги вклучува САД и Израел.И покрај ваквите најави, Иран ги негираше тврдењата дека воопшто се одржале разговори, додека израелски извори изразуваат сомнеж дека Техеран би прифатил американски услови во евентуален нов преговарачки процес.Во меѓувреме, се интензивираат воените дејствија на повеќе фронтови. Во Тел Авив беа активирани сирени за воздушна опасност по ракетен напад, при што е погодена станбена зграда, а спасувачките служби трагаат по затрупани лица.Израелската армија, пак, изврши серија воздушни напади врз Техеран и други цели, вклучително и објекти поврзани со Корпусот на исламската револуционерна гарда, при што беа погодени десетици локации.Ситуацијата дополнително се комплицира и во Либан, каде што Израел најавува проширување на воените операции против Хезболах, со планови за контрола на јужниот дел од земјата.Во исто време, Иран сигнализира дека нема намера за компромис. Иранското воено раководство порача дека ќе продолжи со операциите „до конечна победа“, додека расте влијанието на револуционерната гарда во државните структури.Клучна точка на кризата останува Ормускиот теснец, кој Иран практично го затвори, загрозувајќи го транспортот на околу една петтина од светската нафта и гас.И покрај дипломатските сигнали, нема знаци за смирување на конфликтот, додека посредници како Пакистан, Египет и земјите од Персискиот Залив се обидуваат да воспостават индиректна комуникација меѓу завојуваните страни.

Свет | пред 6 дена

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп ја испрашувал кралицата Елизабета за принцот Хари

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на државната посета на Обединетото Кралство во 2019 година, наводно во повеќе наврати ја испрашувал британската кралица Елизабета II за нејзиното мислење за принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, се наведува во книгата на Сузан Пејџ.Во делото „Кралицата и нејзините претседатели: Скриената рака што ја обликуваше историјата“, авторката ги опишува односите на кралицата со американските претседатели низ децениите – од нејзината прва средба со Хари Труман во 1951 година, до државната вечера организирана во чест на Трамп во 2019 година, пренесува The Independent.Според извадоците од книгата, Трамп се обидувал да добие информации за наводни тензии во британското кралско семејство, но кралицата избегнувала да изнесе негативни ставови. Таа, како што се наведува, одговарала дека сите се „многу добри“, и покрај неговото инсистирање да открие што навистина мисли.Трамп, според авторката, изразил и став дека кралицата била повредена од односот кон неа, алудирајќи на наводна непочит од страна на Хари и Меган. Дополнително, тој се обидел да дознае кој ѝ бил омилен американски претседател, но добил дипломатски одговор дека „сите биле добри“.И покрај тоа, Трамп заклучил дека токму тој ѝ бил омилен, тврдејќи дека имале добра меѓусебна комуникација – оценка што, според книгата, не ја делат некои други американски политичари, меѓу кои и Хилари Клинтон, која изразила сомнеж во таквите тврдења.Книгата ќе биде објавена од издавачката куќа Harper и треба да излезе од печат на 14 април.

Свет | пред 6 дена

Zlato

Се стабилизира цената на златото

Цената на златото во последните денови бележи пад и се движи околу 4.400 долари по унца, откако претходно се спушти на околу 4.200 долари, со што е избришан значителен дел од добивките остварени во изминатите месеци.Според експертите, ваквото движење е невообичаено ако се земе предвид растот на геополитичките тензии, кога традиционално се очекува зголемена побарувачка за злато како сигурно засолниште. Сепак, тие посочуваат дека во моментот пазарот е воден пред сѐ од макроекономски фактори.Ескалацијата на конфликтите доведе до нагло поскапување на нафтата, што дополнително ги засили глобалните инфлаторни притисоци. Тоа, пак, придонесе за зајакнување на американскиот долар и зголемени очекувања дека каматните стапки ќе останат на повисоко ниво подолг период.Во такви услови, инвестициското злато губи дел од својата привлечност бидејќи не носи принос и станува помалку конкурентно во однос на други инвестициски инструменти, наведуваат од Tavex.Во анализата се посочува и поширокиот контекст на глобалната трговија, при што значаен дел од транспортот на ѓубрива поминува низ Ормускиот теснец. Околу 10 проценти од светската трговија со ѓубрива се одвива преку овој теснец, вклучително и приближно 30 проценти од азотните ѓубрива и околу 20 проценти од амонијакот.Дополнително, економиите на земји како Катар и Саудиска Арабија во значителна мера зависат од енергетските ресурси и поврзаните индустрии, со удел од 50 до 65 проценти во бруто-домашниот производ. Поради тоа, секој ризик за овие текови создава потреба од брза ликвидност на пазарите.

Свет | пред 6 дена

media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука приведен на границата со Хрватска

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, бил приведен на граничниот премин меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина откако одбил да му биде извршен преглед на личниот багаж, соопшти хрватската полиција.Според информациите, инцидентот се случил на преминот Стара Градишка доцна синоќа, по 22 часот. Откако одбил контрола на багажот, што претставува прекршување на законските процедури за надзор на државната граница, Станивуковиќ бил приведен и задржан во рамки на прекршочна постапка, по што бил ослободен околу 2 часот по полноќ.Самиот Станивуковиќ го потврди настанот преку социјалните мрежи, тврдејќи дека не сакал да дозволи, како што наведе, повторно да биде задржуван, претресуван и изложен на, според него, непримерен третман од страна на хрватската полиција. Тој оцени дека станува збор за систематска злоупотреба и дека односот кон него е „прашање на став кон Србите“.Во меѓувреме, неговите соработници организираа прес-конференција пред Генералниот конзулат на Хрватска во Бања Лука, каде што обвинија за континуирано малтретирање и кршење на правото на слобода на движење.Претставникот на Партијата за демократски напредок, Драган Милановиќ, изјави дека ваквиот однос претставува повреда на европските стандарди за човекови права и повика на институционална реакција.Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, најави дека ќе побара дополнителни информации од хрватското Министерство за внатрешни работи за причините и околностите на приведувањето.

Свет | пред 6 дена

information

Забрана за пиење вода од артериски чешми

Се известуваат граѓаните дека е забрането пиење вода од четири артерски чешми во градското подрачје. Според Агенцијата за храна и ветеринарство по извршениот инспекциски надзор, констатирана е микробиолошка контаминација, со зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени.Посочените артерски чешми се наоѓаат на следниве локации: На пресекот на Бул. „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“, во близина на ОУ „Григор Прличев“, во населбата Воска и чешмата до градскиот пазар.

ОО | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања