Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ бара ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ денеска повика Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во рокот предвиден со закон за избор на вицегувернери.

— реклама —

„Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески“, наведуваат од СДСМ. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието на предлог на гувернерот, а непостапувањето директно ја блокира законската постапка и го спречува Собранието да ја изврши својата надлежност.

— реклама —

СДСМ потсетува дека мандатите на вицегувернерите истекле уште во октомври 2025 година, а рокот за избор истекол во декември 2025 година, додека истите продолжуваат да учествуваат во донесување одлуки. „Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен состав, а одлуките донесени во такви услови може да бидат правно оспорени“, велат од партијата.

— реклама —

СДСМ бара ОЈО да утврди дали гувернерот ја прекршил законската обврска, дали се овозможило незаконско продолжување на мандатите и дали одлуките на органите на Народната банка биле донесувани во незаконит состав. „Институциите не смеат да функционираат по волја на поединци. Законот мора да важи за сите, особено за оние што управуваат со најважните финансиски институции во државата. Сите ќе одговарате!“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања