Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ева Петковска

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

Со поддршка  на Општина Охрид денеска во Касарната „Михајло Апостолски“ беше свечено отворен Спомен паркот посветен на хероите од Шестата Македонска бригада и Генералот Михајло Апостолскии.На настанот присуствуваа Претседателите   на Здружението на ветерани од областа на одбраната и безбедноста на Р. Македонија и од охридскиот огранок проф. д-р Темелко Ристески и  Добре Велјаноски, Претседателот  на Генерал штабот на АРМ, претставници од  АРМ и МВР, од Воената академија, претставници од дипломатскиот кор и градоначалници од неколку македонски градови.Пред присутните се обрати Заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска.– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес сме домаќини на овој  настан после  кој важно катче  во Охрид   станува Спомен паркот посветен на хероите кои своите животи ги вградија во темелите на солободна и независна Македонија.  Спомен паркот ќе биде одраз на нашата почит кон историските горостаси кои беа дел од Шестата македонска бригада   и  генерал Михајло Апостолски.  На овој начин ние  постојано, а не само еднаш годишно   ќе се потсетуваме на  случувањата од далечната  1992 година кога се формира Генералштабот, Шестата  пешадиска бригада, касарната го доби името на  Генерал Михајло Апостолски, а пристигна и првиот регрут во Охридскиот Гарнизон од АРМ, велешанецот Панче Јамандиев. На ваков начин ја оддаваме нашата должн почит кон хероите кои ги испишаа најсветлите страни од нашата историја и станаа симбол за она што значи љубов и преданост кон својата татковина, верба дека она што сме го добиле од претходните генерации треба како светост и  светлина во очи да го чуваме и предаваме на идните генерации,  а тоа е слободна  суверена Македонија со свој јазик, култура и традиции.Денес сме слободни и чекориме напред под сино слободно небо, го градиме и разубавуваме Охрид, создаваме подобри услови за нас и нашите деца кои својата иднина треба да ја живеат и градат во  нашата држава. Горди на она што сме и кои сме цврсто чекориме во нашата убава татковина не заборавајќи на храброста на борците и безбедносните структури кои се бессмртен пример за патриотизам и светол потсетник за цената на слободата- подвлече Крстеска.Организатор на настанот беше Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Р. Македонија.

ОО | пред 2 дена

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Најмалку 13 загинати во американско-израелски напади врз иранската покраина Керманшах

Најмалку 13 лица загинаа во два напади изведени од САД и Израел врз западната иранска покраина Керманшах, објави иранската државна агенција Mehr.Според извештаите, нападите погодиле стамбени области во регионот што граничи со Ирак.Од почетокот на војната на 28 февруари, во Иран вкупно загинале 3.186 лица, меѓу кои 1.394 цивили, според најновите податоци на американската организација за човекови права HRANA.

Свет | пред 3 дена

mkd-393567

Цените на нафтата пораснаа над 111 долари

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари над 111 долари за барел, под влијание на сомнежите кај инвеститорите дека САД и Иран би можеле наскоро да го решат конфликтот преку преговори.На лондонскиот пазар, попладне барелот се тргуваше по цена повисока за 3,46 долари во споредба со вчерашното затворање, достигнувајќи 111,47 долари, додека на американскиот пазар цената беше повисока за 4,08 долари, на 98,56 долари. Пазарите го игнорираа повтореното одлагање на рокот за отворање на Ормускиот теснец од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп во четврток повторно го одложи рокот што го постави за Иран за отворање на теснецот, овојпат за 10 дена. Ако теснецот не биде отворен, САД од 6 април би ја нападнале иранската енергетска инфраструктура. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц истакна дека нападите врз Иран нема да запрат.Иран, по американско-израелскиот напад крајот на февруари, ја презеде контролата над Ормускиот теснец, забранувајќи транзит на бродови поврзани со Израел, САД и нивните сојузници. Техеран инсистира дека теснецот не е затворен и дека транзитот е дозволен за бродови од „пријателски земји“ во координација со иранската морнарица.Израел и САД повторно ноќта нападнаа цели во Иран, а иранската армија возврати со лансирање проектили и дронови врз Израел и американски бази во земјите покрај Персискиот Залив.Аналитичарите предупредуваат дека геополитичкиот ризик нема значително да се намали, бидејќи блокадата на Ормускиот теснец веќе го исфрли од пазарот околу осум милиони барели нафта дневно, а во опасност е и многу поголема количина, истакнуваат Ева Мантеј и Ворен Патерсон од ING.Русија, пак, попладне сигнализираше дека може да забрани извоз на бензин од 1 април за сите учесници на пазарот, како што изјавија извори за агенцијата Интерфакс. Министерот за енергетика Александар Новак истакна дека владата треба брзо да преземе мерки за да се спречи поскапување на горивата и да се обезбеди стабилност на домашниот пазар во услови на светска енергетска криза.Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот од нејзината кошничка нафтени производи во четврток се зголемила за 5,20 долари, достигнувајќи 122,16 долари.

Свет | пред 3 дена

media-library8gruo8s69dvq5WLztRF

Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност на фармацевтските производи

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор.-Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Воведени се и електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката, посочи министерот Алиу.Дополнително, се зајакнува контролата на квалитетот и безбедноста, се унапредува фармаковигиланцата и се подобрува координацијата меѓу институциите. Законoт предвидува и построги правила за клинички испитувања, како и нов систем за управување со фармацевтски отпад од домаќинствата.Целта на новото законско решение е да се обезбеди подобра регулација на цените, поголема достапност на терапијата и долгорочна одржливост на здравствениот систем.Предлог-законот ќе биде достапен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од понеделник, наредната недела, каде јавноста ќе може да достави свои забелешки и предлози.

Македонија | пред 3 дена

media-librarygit09tmeur0ufG7uK4U

Седум земји бараат прекин на нападите врз цивили во војната во Иран, меѓу кои и САД

Министрите за надворешни работи на земјите од Групата на седумте (G7) денеска повикаа на итен прекин на нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во конфликтот во Иран.Во заедничката изјава објавена на вториот ден од состанокот во Франција, годинашниот домаќин на самитот, министрите го нагласиле значењето на минимизирање на влијанието на конфликтот врз регионалните партнери, цивилното население и критичната инфраструктура. „Ние се фокусиравме на вредноста на различни партнерства, координации и иницијативи за поддршка, вклучувајќи ги и мерките за ублажување на глобалните економски шокови како нарушувањата во комерцијалните синџири на снабдување што опфаќаат економски, енергетски и комерцијален сектор, кои директно влијаат на нашите граѓани“, се наведува во соопштението, до кое имал увид и Reuters.Министрите повторија и дека е потребно враќање на безбедно и слободно пловење низ Ормускиот теснец.Членки на Г7 се САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а постојан член е и Европската Унија, која учествува на сите состаноци, но не претседава ниту е домаќин на самитот.

Свет | пред 3 дена

h_57503169

Путин: Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави.На седницата на Рускиот совет за безбедност, Путин рече дека Русија „никогаш не го одбила развојот на тие односи, ниту нивното обновување“, според транскриптот објавен од Кремљ. Како причина за раздорот, тој повторно го наведе соборувањето на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, по масовните протести во 2014 година.„Треба да се разгледа состојбата на односите со европските држави, особено со Европската унија“, рече Путин, пренесува dpa.Според него, тоа означило почеток на „серија трагични настани кои се случуваат во Украина и денес“.На истата седница проценки за овие односи изнесе и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но Кремљ не објави детали од неговото обраќање.

Свет | пред 3 дена

media-library00uvrthssn0n91SjxZW

(Видео) Израелската армија: Во училиште во Либан пронајдено оружје на Хезболах

Израелската армија (IDF) соопшти дека во едно училиште на југот на Либан пронашла стотици парчиња оружје, кои припаѓаат на Хезболах.Според соопштението на IDF, складиштето било откриено по насочена рација на израелските сили во селото Ал-Хијам. На социјалните мрежи е објавено видео на кое, според тврдењата на армијата, се гледаат ракети, минофрлачки гранати, огнено оружје и експлозив пронајдени во училиштето.„Хезболах систематски ја вградува својата терористичка инфраструктура во цивилни простории, продолжувајќи да ги загрозува жителите на Либан“, се наведува во извештајот на IDF за рацијата.

Свет | пред 3 дена

germanija-zname

Германски министер за надворешни работи: Русија му дава информации на Иран за потенцијални цели за напади

Германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадефул денеска ја обвини Русија дека му помага на Иран во идентификување на потенцијални цели за напади, нагласувајќи дека нема несогласување меѓу Вашингтон и Берлин околу конфликтот со Иран.На прес-конференција за време на состанокот на форматот Г7 во Франција, Вадефул рече дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио, кому му го изнел ставот на Берлин – Германија е подготвена да учествува во обезбедувањето на Ормускиот теснец откако ќе завршат непријателствата. Тој го оцени рускиот претседател Владимир Путин како „цинично надевајќи се дека ескалацијата на Блискиот Исток ќе го одвлече вниманието од неговите злосторства во Украина“.„Неговата сметка не смее да успее. Јасно гледаме колку овие два конфликти се испреплетени. Русија очигледно го поддржува Иран со информации за потенцијални цели“, рече Вадефул.Тој исто така потенцираше дека Берлин и Вашингтон се согласни околу Иран, додавајќи дека таа земја не смее да дојде до нуклеарно оружје ниту да претставува регионална закана, пренесува Reuters.Министерот предупреди дека поддршката за Украина не смее да забави поради конфликтите на Блискиот Исток и дека мора да се одржат нејзините одбранбени капацитети.Вадефул истакна дека притисокот врз Русија мора да остане силен, преку санкции, акции против „сенковната флота“ и притисок врз рускиот енергетски сектор.Во врска со војните во Украина и Иран, тој додаде дека „целосно е јасно“ дека во иднина клучна ќе биде противвоздушната одбрана, па германските вооружени сили планираат набавка на соодветно оружје, а одбранбената индустрија на Германија и Европа ќе треба да разгледа како да стане поефикасна во таа област.

Свет | пред 3 дена

media-libraryho2e8d01qfp74MIokAz

Ѓорѓиевски: Нова зона со над 1.300 паркинг-места и дигитални услуги за „Градски паркинг“ во Аеродром

Орце Ѓорѓиевски, информира дека е означен почетокот на нова зона за паркирање и воведување дигитални услуги за корисниците на ЈП „Градски паркинг“ во Општина Аеродром.Како што објави Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, и директорот на претпријатието, Владимир Кроневски, бил означен стартот на зоната Д12, која се наоѓа во Реонскиот центар во Аеродром.„Станува збор за простор кој се уредуваше во повеќе фази, поради неговата големина и значење. По добивањето на сообраќајното решение, пристапивме кон целосно уредување на јавната површина со поставување вертикална и хоризонтална сигнализација“, наведува Ѓорѓиевски.Во рамки на зоната се обезбедени 1.302 паркинг-места, од кои 32 се наменети за лица со попреченост, односно вкупно 1.334 уредени позиции. Зоната ги опфаќа улиците 1612 и 1613, односно целиот Реонски центар.Од 1 април, станарите и правните и физичките лица со дозвола ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која ја поседуваат дозволата. Станарите ќе имаат можност за две бесплатни дозволи за возила, додека за останатите корисници цената ќе изнесува 25 денари за час.Канцеларијата за аплицирање ќе се наоѓа во зградата на Рударскиот институт на булеварот „Јане Сандански“.Паралелно, како што посочува Ѓорѓиевски, се воведуваат и нови дигитални услуги. Од 1 април 2026 година, граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, како и да вршат онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи.Дополнително, во тек е подготовка и на нова зона за паркирање во Ново Лисиче, која ќе обезбеди 2.719 нови паркинг-места.„Посветено работиме на воведување ред во паркирањето, намалување на сообраќајниот хаос и создавање фер и функционален систем кој ќе им служи на граѓаните“, истакнува Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 дена

media-libraryaeec4oug58ejdU82Khd

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје.Младите лидери најпрво се заблагодарија на приемот и искажаа благодарност за можноста да разменат ставови за демократијата, безбедноста и европската иднина на Западен Балкан, како тема на панелот.Сиљановска-Давкова укажа на кризата на демократијата во светот и Европа, како и на демократскиот дефицит на ЕУ, на сериозните безбедносни закани, како и на неодржливоста на исклученоста на државите од т.н. Западен Балкан од членството на ЕУ.Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија.Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.Осврнувајќи се на компаративните историски искуства на проширувањето на Европската Унија, претседателката укажа на примерите на вклучување во членство на кандидатки коишто не исполнувале некои од критериумите за членство во ЕУ, како доказ за двојни стандарди и нарушен кредибилитет.За неа, Западниот Балкан не е товар за апсорпциониот капацитет на ЕУ и неговиот прием ќе означи крај на вештачката поделба на Запад и Исток, ќе стави крај на балканизацијата и ќе обезбеди поголема безбедност на ЕУ, но и на Европа.Исто така, според претседателката, иако во моментов е тешко да се зборува за реформи на ЕУ, тие се неопходни.Претседателката очекува ЕУ итно да го преиспита својот однос и политика кон Западниот Балкан, со оглед на растечките безбедносни закани и дилеми во воен и несигурен меѓународен амбиент, нарушена, драматичната промена на меѓународниот поредок, минимизиран мултилатерализам и сериозната криза на лидерство.За неа, војните се плодна почва за авторитаризам, републикански монархизам, од типот на бонапартизам, но и опасност од нови мигрантски бранови.Сепак, Сиљановска-Давкова, сè уште верува во шансите за преговори за враќање на мирот, безбедноста и демократијата.Во панел-дискусијата, европските демократски студенти се вклучија со низа прашања и коментари, меѓу кои и следниве: „Како прва жена претседателка, како би нè советувала, нас, критички настроените млади да влијаеме врз зголемувањето на бројот и учеството на жените во креирањето на политики на сите нивоа? Кои се македонските приоритети во безбедносната политика и како ќе ги остварите? Колку е тешко да се промовира и одржи граѓанското единство во мултиетничко општество, како македонското?“.

Македонија | пред 3 дена

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Променливо облачно време со врнежи, најмногу дожд во источните делови

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето во земјава е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, поизразени во источните делови, додека во Повардарјето е забележана и појава на грмежи. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец, кој на места повремено се засилува.Во текот на денот највисоката температура е измерена во Гевгелија и Кавадарци со 16 степени, додека најстудено било на Попова Шапка со само 2 степени. Во Скопје се измерени 14 степени на Зајчев Рид и 15 степени во Петровец.Во изминатите девет часа најмногу врнежи се регистрирани во Виница (21 литар на метар квадратен) и Берово (19), а значителни количества има и во Струмица, Крива Паланка и Лазарополе. На Попова Шапка снежната покривка достигнува 62 сантиметри.До крајот на денот се очекува да продолжи променливото облачно време со локални врнежи од дожд, особено во источните делови, проследено со умерен јужен ветер, кој долж Повардарието ќе биде засилен.Утре времето ќе биде променливо облачно со послаби врнежи од дожд и услови за изолирани грмежи. На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температури од -1 до 5 степени наутро и од 8 до 16 степени во текот на денот.Во Скопје утре се очекува слично време – променливо облачно со повремен дожд и можност за ретки грмежи, со температура од 3 до 12 степени.Според УХМР, за време на викендот и на почетокот на следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи со слаб интензитет, додека пообилни врнежи повторно се најавуваат од ноќта кон среда и во среда. Во недела и среда се очекува и засилен северен ветер долж Повардарието.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Кремљ: Владимир Путин не барал донации од бизнисмени за војната во Украина

Кремљ денеска ги демантираше информациите дека рускиот претседател Владимир Путин побарал од водечките бизнисмени да донираат средства за стабилизација на руските финансии додека продолжува војната во Украина.Наводите првично ги објавија The Bell и Financial Times, повикувајќи се на неименувани извори, по затворениот состанок што Путин го одржал со деловни лидери. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „не е точно“ оти претседателот упатил такво барање.Сепак, Песков посочи дека еден од присутните бизнисмени сам понудил да донира „многу голема сума“ на државата. Според него, станува збор за лична иницијатива, а не за барање од страна на претседателот, иако, како што додаде, Путин ја поздравил таквата намера.Рускиот милијардер Сулејман Керимов, според извештаите, на состанокот ветил донација од 100 милијарди рубљи. Оваа информација засега не е официјално потврдена.Песков истакна и дека не е точно оти средствата би биле наменети за финансирање на војната. Сепак, The Bell објави дека на состанокот се разговарало и за воени трошоци, како и за продолжување на операциите во источниот дел од Украина.Русија се соочува со буџетски дефицит и економска стагнација во услови на долготрајниот конфликт, но властите се надеваат дека растот на цените на нафтата ќе помогне во стабилизирање на финансиската состојба.

Свет | пред 3 дена

haker-724x406

Ирански хакери ја пробија е-поштата на шефот на Федералното истражно биро

Хакерска група поврзана со Иран објави дека успеала да упадне во приватната електронска пошта на директорот на ФБИ, Каш Пател, при што на интернет биле споделени негови фотографии и други документи.Претставник на американското Министерство за правда потврди дека електронската пошта на Пател била компромитирана и дека објавениот материјал делува автентично, пренесува Ројтерс.Хакерската група „Handala Hack Team“ на својата веб-страница наведе дека Пател „сега ќе го најде своето име на списокот на успешно хакирани жртви“. Од ФБИ засега нема официјален одговор, а хакерите исто така не одговориле на новинарските прашања.Групата „Handala“, која се претставува како пропалестинска хактивистичка организација, според западни истражители е една од неколкуте структури зад кои стојат единици на иранската влада за кибернетичко разузнавање.Таа неодамна, на 11 март, презеде одговорност за напад врз компанијата Stryker, добавувач на медицинска опрема и услуги од Мичиген, тврдејќи дека избришала голема количина податоци.Автентичноста на објавените материјали сè уште не е целосно потврдена. Ројтерс наведува дека не можел независно да ги верификува електронските пораки. Сепак, приватната Gmail-адреса што наводно била хакирана се совпаѓа со адреса која претходно била поврзувана со Пател во други протекувања на податоци, евидентирани од компанијата District 4 Labs. Прегледаниот дел од објавениот материјал покажува комбинација од лична и службена кореспонденција од периодот меѓу 2010 и 2019 година.

Свет | пред 3 дена

media-libraryv77jo2d1nloh5moX5YP

Градоначалникот Пецаков оствари средба со босанскиот амбасадор Јаќимовиќ

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.На средбата, градоначалникот Пецаков му додели Благодарница на амбасадорот Јаќимовиќ за неговиот посветен ангажман и значајниот придонес во продлабочувањето на соработката помеѓу Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија и Општина Охрид.Градоначалникот Пецаков особено ја истакна улогата на амбасадорот во отворањето на Почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во Охрид, како важен исчекор во унапредувањето на пријателските и билатералните односи помеѓу двете држави.На средбата градоначалникот и амбасадорот разговараа за заложбите за продлабочување на соработката во повеќе области, како и за промоција на потенцијалите на Охрид на туристичкиот пазар во Босна и Херцеговина.

ОО | пред 3 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Иран е речиси уништен, останатиот 1% е сериозна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на владина седница во Вашингтон дека американските сили речиси целосно ги уништиле иранските воени капацитети, но дека дури и минимална закана од Ормускиот теснец може да има сериозни последици. „Војно ги разбиваме. Немаат воздушни сили, немаат морнарица, останаа многу малку проектили. Тешко е да се произведат. Исто важи и за дроновите. Раководството им е елиминирано“, рече Трамп.Тој додаде дека дури и уништување од 99% не е доволно: „Тој 1% е неприфатлив, бидејќи е проектил кој може да погоди брод вреден милијарда долари. Значи, 99% не е доволно.“Претседателот истакна дека Иран сака да постигне договор. „Имам чувство дека ќе се реши брзо. Тие сакаат договор. Можеби со овие зборови го влошивме процесот, но вчера тврдеа дека не преговараме, а сега признаваат дека преговараме. Причината е што го убивме бога во нив“, заклучи Трамп.Конфликтот започна на 28 февруари со заеднички американско-израелски воздушни напади врз ирански воени и нуклеарни цели, при што беше убиено и високо иранско раководство, вклучувајќи го врховниот лидер Али Хамнеи. Иран возврати со напади со проектили и дронови врз американски бази и сојузници во регионот, вклучувајќи цели во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Ирак, со штета на енергетски објекти и воена инфраструктура.По почетокот на конфликтот, Иран практично го ограничи поминувањето низ Ормускиот теснец, една од клучните морски рути за глобалната трговија со нафта, низ која минува околу петтина од светските резерви. Иако Техеран тврди дека теснецот не е целосно затворен, воведени се строги услови и ограничувања за бродовите, особено оние поврзани со САД и сојузниците, што предизвика нарушувања на енергетските пазари и раст на цените на нафтата.

Свет | пред 4 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп размислува за копнена офанзива врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп е сѐ поблиску до одлука за покренување голема копнена операција против Иран, уверен дека таков воен притисок би можел да го натера Техеран на капитулација, јавува Times of Israel.Според извори блиски до преговорите помеѓу Вашингтон и Техеран, САД веќе испратиле илјадници војници во регионот со цел да го заземат и контролираат островот Харг, клучен за извозот на иранската нафта. Островот има стратешка важност бидејќи преку него се одвива поголемиот дел од нафтениот извоз на Иран, што би ѝ дало значајна полуга на САД во понатамошниот притисок врз иранскиот режим.Сепак, експертите предупредуваат дека иако заземањето на Харг може да се изврши брзо, неговата долгорочна окупација би барала значително поголем број војници и подолг период на борби, далеку надминувајќи го првично предвидениот рок од четири до шест недели.И покрај тоа, изворите се согласуваат дека Иран веројатно нема да прифати капитулација дури и во случај на копнена инвазија, ниту пак ќе се согласи на условите кои ги одбиваше пред започнувањето на конфликтот.Во меѓувреме, Трамп го продолжи рокот за Иран до петок за прифаќање на американскиот предлог, предупредувајќи дека во спротивно ќе следи нова фаза на воздушни напади, вклучително и удари врз иранската енергетска инфраструктура. Дополнително, се очекува пристигнување на уште илјадници американски маринци во регионот, што укажува на можно интензивирање на конфликтот во следните денови.

Свет | пред 4 дена

media-libraryqf0q0i22vcvj4MP9u1u

Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ во врска со случајот на масовно труење на работници во РЕК Битола. Николова побара детално да се испита причината за инцидентот и да се утврди одговорноста за настанатата состојба.Во своето излагање, Николова посочи дека, според јавни информации, поголем број работници се жртви на труење што се случило во кујната на РЕК Битола. Надлежните инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и други институции, излегле на терен, наредено било вонредно чистење на кујната и спроведени се вонредни санитарни прегледи на вработените.Таа нагласи дека бројките на заболени работници постојано се менуваат – првично се зборувало за пет до шест случаи, потоа бројот се искачил на околу 80, а сега се споменува и троцифрена бројка. Николова го праша заменик-министерот кој е одговорен за инцидентот и дали ќе бидат преземени сите законски мерки за казнување на оние што ја довеле ситуацијата до ваков сериозен степен.Овој случај ја отвори дебатата за безбедноста и здравствените стандарди на работниците во РЕК Битола, како и за контролата на работните процеси во енергетскиот сектор.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryd31u2bmn6vvq6PoxYYh

Николова до Јаневска: Системот за унапредување на наставниците е административен лавиринт за партиски подобните

Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, на денешната седница за пратенички прашања го постави прашањето до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, за процесот на стекнување на звањата наставник ментор и наставник советник во основното и средното образование, оценувајќи го како административен лавиринт дизајниран за партиски награди или елиминација и системско понижување на македонскиот наставник.Николова во своето излагање објасни дека Министерството за образование на 30 јуни 2025 година донело правилник за следење и вреднување на работата на наставниците, врз основа на кој во летото 2025 година беше објавен јавен повик за аплицирање. Наставниците почнале да ги подготвуваат своите досиеја и сертификати, но на 26 декември 2025 година правилникот бил изменет, со што рокот за комисиите бил дуплиран од 30 на 60 дена, а наставниците можеле да бидат оценувани и во други училишта.Пратеничката критикуваше што во комисиите се вклучуваат и претставници на локалните самоуправи и синдикати, кои, според неа, не можат професионално да ги оценуваат наставниците, а дел од синдикалните претставници дури се откажале поради притисоци. Николова истакна и примери на апсурди, како што се неприфаќањето на сертификати од обуки и меѓународни натпревари што наставниците ги добиле, и дискриминаторско оценување на наставниците, со тоа што дел од нив можеле да ги видат бодовите на сајтот, а други не.Таа го праша министерката дали ќе изврши ревизија на целиот процес на оценување, за сите наставници да имаат еднакви права и навистина да биде ценет нивниот труд.Ова прашање ја отвори дебатата за транспарентноста и професионалноста во системот за напредување на наставниците во земјата.

Македонија | пред 4 дена

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Детали од повтореното судење во Србија: Коста Кецмановиќ го обвини таткото за оружјето

Во повторениот казнен процес против Владимир Кецмановиќ и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кој изврши масакр во Основното училиште „Владислав Рибникар“, вчера пред Посебниот суд во Белград се одржа петчасовно сослушување на малолетниот сторител.Момчето, кој во моментот на злосторството имал помалку од 14 години и нема кривична одговорност, под строги мерки на обезбедување го изнесе својот исказ зад затворени врати. Тој директно го обвини таткото за достапноста на оружјето, наведувајќи дека без острите пушки на таткото, немало да го изврши злосторството.Во текот на исказот, момчето откри дека идејата ја добил гледајќи документарен филм за масовно убиство во американско училиште, а своето ладнокрвно однесување го објасни како „вродена вредност – да се биде без емоции“.Спротивно на претходните изјави, тој сега се обиде да ја ослободи мајката од одговорност, наведувајќи дека нејзините барања не влијаеле на одлуката за злосторството.Адвокатката на оштетените семејства, Зора Добричанин Никодиновиќ, изјави дека исказот обезбедил „бетонски докази“ кои ја потврдуваат обвинителната линија.Повтореното судење следува по укинувањето на дел од пресудата од Апелацискиот суд, при што таткото се товари за тешко дело против општата безбедност и неадекватно чување оружје, а мајката за занемарување и злоставување на детето.

Свет | пред 4 дена

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седницата наменета за пратенички прашања, а партијата си пушта соопштенија што кажал Мицкоски на седницата, вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на денешното однесување на СДС, посочувајќи дека нивниот претседател, Венко Филипче, ја напуштил седницата на која се поставуваа пратенички прашања, додека партијата објавувала соопштенија со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „клеветнички содржини“ за тоа што се зборувало на седницата и за изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. Денес покажаа дека се кукавици – Филипче бега од седница, а од партијата објавуваат соопштенија“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата истакнува дека СДС има тенденција да напаѓа сè што се прави за граѓаните, а во однос на правосудството, порачуваат дека наредбите од минатото не ја одредуваат сегашната работа на институциите. „Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, кога станува збор за оваа трета самостојна власт, сака и прави што е во негова надлежност за истата да делува професионално спроведувајќи ги законите. Ако вие контролиравте сѐ, немојте да мислите дека и другите се како вас“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.Денешниот настан, според партијата, само ја покажал „кукавичлукот“ на СДС.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryff0mj6p1ihjndb1YP4s

Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

„Оние политики коишто ги спроведуваше СДС во изминатиот период резултираа до тоа СДС да падне на овој број на гласови којшто го има и да се случуваат овие процеси коишто се случуваат сега коишто иако се нивна внатрешна работа, за жал јас не препознавам дека во СДС има, не само некоја свежина од аспект на кадровските промени, нема некоја свежина и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Гледаме дека прават реминисценција на одредени политики од минатото, политики коишто докажано веќе на избори биле губитнички“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски нагласи дека процесите коишто се случуваат во СДС, иако се нивна внатрешна работа, сепак не препознава дека има свежина од аспект на кадровските промени и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Тој нагласи дека во интерес на државата потребно е да имаме конзистентни ставови во делот на меѓународната политика, потенцирајќи дека од другата страна не само што нема поддршка во овој дел, туку напротив, постои одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС која штети на националните инетереси на државата и граѓаните.„Сметам дека е неопходно, особено што се наоѓаме во еден сериозен историски момент, во светски рамки гледано, сега имаме криза и на Блискиот Исток, меѓутоа и во историски момент за Македонија, сметам дека треба да заеднички, во интерес на државата, во интерес на граѓаните да имаме некои конзистентни ставови, да имаме и усогласени ставови, барем во делот на меѓународната политика и она коишто се наши стратешки интереси како држава. За жал, од другата страна не гледам соговорник на ваквите теми, не гледам поддршка во делот на ова, туку напротив, гледам дека одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС дури и штети на националните интереси на Република Македонија и на граѓаните“, дециден е пратеникот Петрушевски.

Македонија | пред 4 дена

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Владата на Хрватска го одобри пристигнувањето на американски воен брод во Јадранско Море

Владата на Хрватска денеска на затворена седница донела одлука за дозвола за премин на американски нуклеарен воен брод во внатрешните морски води и негов престој во хрватско пристаниште. Детали за точното пловило, датумот на пристигнување и траењето на престојот сè уште не се објавени.Пристигнувањето на бродот бара посебни безбедносни протоколи, вклучувајќи контрола на нуклеарниот погон, надзор за време на престојот и обезбедување на пристаништето и околниот акваториум во соработка со домашните безбедносни служби.Американски воени бродови и претходно ја посетувале Хрватска, што се гледа како знак на блиско партнерство со САД и соработка во рамките на НАТО. Најпознат е нуклеарниот носач на авиони USS Gerald R. Ford, кој го посети Сплит во јуни 2023 и повторно во октомври 2023 година, како дел од редовни воени операции и вежби, но и како симбол на билатералната и безбедносна соработка меѓу Хрватска и САД.Владата засега не соопшти дали овој престој е поврзан со тековните глобални безбедносни предизвици, особено со војната во Украина.

Свет | пред 4 дена

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Во Велес се поставува опрема за реализација на „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Велес, деновиве започна со поставување камери на главните улици во Велес. Во тек е монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и самите камери, како дел од проектот „Безбеден град“.Според првичните информации од претставник на СВР Велес, стартот на проектот се очекува кон крајот на јули годинава. Приоритетот за поставување на камерите ќе се одредува според прецизни критериуми за безбедност, со фокус на главните сообраќајни артерии, клучните крстосници и „црните точки“ каде што се случуваат најмногу сообраќајни незгоди. Точниот број и специфичните локации ќе бидат дефинирани по завршувањето на техничкото планирање.Граѓаните на Велес имаат различни очекувања од проектот. Дел од нив сметаат дека „Безбеден град“ ќе придонесе за поголема дисциплина во сообраќајот, почитување на пешачките премини и намалување на брзината на возилата, додека друг дел предупредува дека камерите можат да ја забават фреквенцијата на сообраќајот, особено во утринските и попладневните часови, кога се создаваат колони низ централното градско подрачје.Целта на проектот е да се овозможи целосна и ефикасна покриеност на критичните зони со камери, со што се очекува да се зголеми општата безбедност на граѓаните и сообраќајот во Велес.

Македонија | пред 4 дена

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 95-та седница на Собранието на Република Македонија, во одговор на пратеничко прашање даде пошироко објаснување за еДМС, систем кој подразбира целосно електронско управување со документи.„Овој систем е единствениот што гарантира дека преку електронската архива не може да имате загубени предмети, ниту, пак, предмети во фиока. Распределувањето на предметите се врши до последното лице во институцијата, а со подобрувањата што ги направивме имате целосна контрола на тој предмет, односно во секој момент знаете дали е во фаза на изработка, контрола или потпишување“, изјави Андоновски во своето обраќање.Во делот на сајбер-безбедноста на системот, министерот одговори дека кога го наследиле, постоеле безбедносни слабости, но преку конкретен акциски план истите биле отстранети, така што денес неговата безбедност е загарантирана.„Во првите два месеци направивме сериозни и темелни тестирања на безбедноста на системот и сите недостатоци, преку акциски план, беа надминати, за денес да бидам сигурен и да зборувам пред вас дека системот не може да биде пробиен во состојбата во која се наоѓа. Податоците што ги имам во моментов се дека е удвоена бројката на документи што се чуваат во системот, а Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини веќе има околу 20 илјади заведени предмети, за краткиот период од користењето на системот“, додаде министерот Андоновски.Во Реформската агенда, во делот на целосното архивско работење на државата, предвидени се три чекори кои, доколку се исполнат, ќе ѝ донесат на државата повеќе од 8 милиони евра, а половина од задачата е веќе завршена.„Владата имаше обврска да донесе предлог за измена и дополнување на Законот за архивско работење во 2025 година. Во јуни ние доставивме измени кои вие во Собранието ги изгласавте и со тоа ја обезбедивме првата транша достапни средства за Македонија, во износ од 4,2 милиони евра, во делот на Реформската агенда што се однесува на архивското работење“, заврши Андоновски.Министерот изрази жалење што одредени пратеници од опозицијата не дале поддршка на законите за дигитализација што се однесуваат на Реформската агенда, иако дале ветување дека ќе ги поддржат.

Македонија | пред 4 дена

media-librarym8uil049h8gj8DcweIs

Василевска: Крај на чување предмети во фиока, со воведување на електронска архива и дигитализација ќе завршат ваквите практики

Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната собраниска седница за пратенички прашања постави две прашања до министерот за дигитална трансформација. Како што кажа таа, Владата му нуди на ЈО преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите. Василевска посочи и дека со воведување на електронска архива и дигитално управување со предметите, според неа, се најавува суштинска промена во работењето на институциите и крај на практиките на чување на предмети во фиока.,,Колку институции досега се вклучени во системот за електронско управување со документи ЕДМС и кој е конкретниот план и рок за неговото проширување на ниво на целата јавна администрација. Како е обезбедена безбедноста на системот, особено во контекст на сајбер заканите, заштитата на чувствителни податоци и континуитетот на работењето, имајќи ги предвид претходните предизвици со ИКТ системите во институциите“,  праша Василевска.Василевска потсети дека Европската комисија предложи отворање на преговори за воведување роаминг ,,како дома“ меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, што како што вели таа, претставува значаен чекор кон намалувањето на трошоците за граѓаните и стопанството.,,Во која фаза се наоѓа процесот на отворање и водење на преговорите за роаминг ,,како дома“, и кои се следните институционални чекори на ниво на ЕУ и на национално ниво. Кои законски и регулаторни усогласувања се веќе направени, особено во рамки на измените на Законот за електронски комуникации и дали тие се целосно усогласени со Европскиот кодекс за електронски комуникации и која е реалната временска рамка во која граѓаните на Македонија би можеле да ги почувствуваат придобивките од ромаинг како дома во односите со земјите членки на ЕУ“, прецизираше Василевска.

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања