Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryff0mj6p1ihjndb1YP4s

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски оцени дека политиките на СДС во изминатиот период довеле до пад на поддршката и до внатрешни процеси, без „свежина“ ниту во кадри ниту во понудените политики. Според него, СДС се навраќа на стари, веќе губитнички политики. Тој истакна дека во актуелниот историски и безбедносен контекст е важно партиите да имаат конзистентни и усогласени ставови во меѓународната политика и стратешките интереси, но тврди дека од раководството на СДС нема поддршка и дека нивната реторика може да штети на националните интереси.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Оние политики коишто ги спроведуваше СДС во изминатиот период резултираа до тоа СДС да падне на овој број на гласови којшто го има и да се случуваат овие процеси коишто се случуваат сега коишто иако се нивна внатрешна работа, за жал јас не препознавам дека во СДС има, не само некоја свежина од аспект на кадровските промени, нема некоја свежина и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Гледаме дека прават реминисценција на одредени политики од минатото, политики коишто докажано веќе на избори биле губитнички“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Пратеникот Петрушевски нагласи дека процесите коишто се случуваат во СДС, иако се нивна внатрешна работа, сепак не препознава дека има свежина од аспект на кадровските промени и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Тој нагласи дека во интерес на државата потребно е да имаме конзистентни ставови во делот на меѓународната политика, потенцирајќи дека од другата страна не само што нема поддршка во овој дел, туку напротив, постои одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС која штети на националните инетереси на државата и граѓаните.

„Сметам дека е неопходно, особено што се наоѓаме во еден сериозен историски момент, во светски рамки гледано, сега имаме криза и на Блискиот Исток, меѓутоа и во историски момент за Македонија, сметам дека треба да заеднички, во интерес на државата, во интерес на граѓаните да имаме некои конзистентни ставови, да имаме и усогласени ставови, барем во делот на меѓународната политика и она коишто се наши стратешки интереси како држава. За жал, од другата страна не гледам соговорник на ваквите теми, не гледам поддршка во делот на ова, туку напротив, гледам дека одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС дури и штети на националните интереси на Република Македонија и на граѓаните“, дециден е пратеникот Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: СДСМ и Филипче наместо критики, шират лаги и демагогија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarya8tbjjkn7geo2sQip2v

Петрушевски: СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr8te6f5bkdll7uCtr6y

Петрушевски: СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово

Македонија | пред 2 седмици

media-library2d97kd1enaisdV2LLtS

Петрушевски: Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања