Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ПЕТРУШЕВСКИ

media-library9affsvn4b1192w1ZDYG

Петрушевски: ПР-от на Заев, ги насочи СДС и Филипче да се фокусираат на избори во друга држава, наместо да прават реформи во партијата

ВМРО-ДПМНЕ преку изјава на пратеникот Петрушевски обвини дека, како што велат, ПР-тимот поврзан со Зоран Заев го насочува СДСМ и Венко Филипче кон теми поврзани со избори во други држави, наместо кон внатрешни партиски реформи.Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека СДСМ се соочува со слаб рејтинг и внатрешни поделби, при што дел од поранешни функционери се дистанцираат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека ваквото однесување претставува „антидржавна политика“ и обид за политички дефокус.Петрушевски додава дека наместо да се занимава со состојбите во сопствените редови, СДСМ се фокусира на надворешни политички процеси, што според него нема да им донесе изборен успех.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: СДСМ и Филипче наместо критики, шират лаги и демагогија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски, реагираше дека СДСМ и претседателот Венко Филипче наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта, се занимаваат со изборни процеси во други држави, на кои, како што рече, нивните сестрински партии освојуваат минимална поддршка.Тој оцени дека наместо реформи, аргументирани критики и предлози, од СДСМ доаѓаат „лаги, демагогии и празни флоскули“, обвинувајќи дека партијата се фокусира на надворешни политички процеси.„СДС и Филипче наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта, се занимаваат со избори во друга држава на кои сестринските партии им освојуваат 1% од гласовите“, стои во реакцијата.Петрушевски додаде дека СДСМ треба да се фокусира на сопствената внатрешна состојба, прашувајќи зошто дел од поранешните и сегашните функционери се дистанцираат од партијата.Тој исто така наведе дека СДСМ и Филипче треба да одговорат зошто нивните сестрински партии имаат слаб изборен резултат, оценувајќи дека тоа е показател за нивната политика.Во завршницата на реакцијата се наведува дека, како што тврди, со ваквите политики СДСМ се движи кон маргинализација на политичката сцена.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarya8tbjjkn7geo2sQip2v

Петрушевски: СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња

СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„СДС којашто некогаш беше релевантна и кредибилна, Филипче ја доведе во комбинација со Заев, да тоне се повеќе и повеќе во жива кал и да нема како да излезе од неа.СДС којашто треба да биде главна опозиција и коректив на власта, се занимава со се, само со себе не. Се занимаваат со избори во други држави, а не си ги гледаат своите редови кои им се рушат се повеќе како кула од карти.СДС ликува на победа на партија која е член на Европската народна партија или попозната како ЕПП, партијата Тиса, каде што е член и ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна пак, сестринската партија на СДС и член на Партијата на Европски Социјалисти од Унгарија освои 1,18% од гласовите. Тоа е нешто слично со рејтингот кој СДС го има во Македонија, и е многу близок до рејтингот на Филипче.СДС и Филипче прават се, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од политиките на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои ги доведоа до ова дереџе, тие продолжуваат по неговите стапки и го величаат како да е најголем светец.Ако СДС продолжи да се однесува вака, им се заканува бришење од политичката сцена.Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ја честита победата на партијата Тиса и господинот Петер Маѓар, со кои очекуваме да ја продолжиме нашата билатерална соработкаи на државно ниво да работиме на нашата интеграција во ЕУ“, вели Петрушевски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr8te6f5bkdll7uCtr6y

Петрушевски: СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово

СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово за изградба на станбени единици во вредност од 200 милиони евра, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Додека СДС и Филипче молчат, на јавноста се повеќе и станува јасно како Заев менуваше детални урбанистички планови само за да удоволат на проруски бизнисмени како Дака.Дака јасно кажува дека спремен бил да му даде на Заев 4 милиони евра за парцелата во ШИК Јелак кој тој ја купува по багателна цена, за да прерасне во бетонска џунгла од над 2 илјади станбени единици.Овие 2 илјади станбени единици на Дака ќе му донесеа 200 милиони евра, а на Заев уште на старт би му припаднале 4 милиони евра.СДС, Заев и Филипче на јавноста и должат одговори, каде завршиле овие 4 милиони евра? Дали се инвестирани во недвижнини во Дубаи, акции во индиски авиокомпании или пак за вложување во бизниси во Бугарија?ЈО ова мора да го истражи за правдата да биде задоволена“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library2d97kd1enaisdV2LLtS

Петрушевски: Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово

Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„На местото на ШИК Јелак во Тетово, Заев и Ахмети му договорија на прорускиот бизнисмен Дака да гради 2.000 станбени единици, деловни простории и трговски центри, чија вредност надминуваше над 200 милиони евра.Фирмата „Јелак Градба’’ го купува просторот на поранешниот гигант ШИК Јелак, која е во сопственост на прорускиот бизнисмен Дака.СДС и ДУИ, овој имот којшто е државен, го ставиле на продажба за Дака по дури четири пати пониска цена.На пример, објект од 198 квадрати на Фондот за здравствено осигурување бил процент на 122 илјади евра, а бил продаден за 34 илјади евра.За друг објект на фондот од 2359 квадрати, проценет на речиси милион и пол евра, продаден за 400 илјади.Министерството за финансии имало објект од 5021 квадрат. Иако проценет на над 3 милион евра, Дака станал сопственик за околу 730 илјади евра.Агенцијата за вработување за објект од 165 квадрати наплатила околу 24 илјади евра, иако вредел 100 илјади.За да не дојде до бетонска џунгла во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше овој криминален проект на Дака, одобрен од страна на СДС и ДУИ.ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело во интерес на граѓаните. СДС и ДУИ работат во интерес на бизнисите, тендерите и процентите. Затоа се во длабока опозиција“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc48pvjof0cnjeXq64Zt

Петрушевски: На само ден по составување на Владата во 2020 година, власта на СДС и ДУИ во Тетово донесе нов ДУП поради бизнис интересите на Дака кои Заев му ги ветил

Кога станува збор за тендери, набавки, менување на ДУП-ови, криминал или корупција, СДС и ДУИ не мируваат ниту еден ден, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„На само ден по составување на Владата во 2020 година, власта на СДС и ДУИ во Тетово донесе нов ДУП поради бизнис интересите на Дака кои Заев му ги ветил.СДС и ДУИ за лични бизнис интереси, го дадоа просторот на ШИК Јелак во Тетово на фирмата „Јелак Градба“ во сопственост на Дака, за тој таму да гради над 2.000 станбени единици, со тогашна вредност од над 200 милиони евра.СДС и ДУИ за да можат да лапнат што повеќе од колачот, овозможија на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа, Миодраг Давидовиќ Дака да гради бетонска џунгла во Тетово.ЈО никогаш не го истражи овој случај, а и случајот за тоа каде завршиле тие 300.000 евра кои Дака вели дека му ги дал на Заев, преку Кичеец.Го повикуваме ЈО да ги истражи овие случаи, затоа што каде има чад има и оган, а каде го има СДС, има и криминал“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library18hh3sd60oh9ck1WVfx

Петрушевски: Јавното обвинителство треба да работи во интерес на граѓаните, а не на поединци

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека обвинителката Ленче Ристоска требала да даде оставка многу порано, поради скандалот на СЈО со бонусите и поради политичкиот прогон врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ.„Не гледам политички притисок од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон Ленче Ристоска, меѓутоа во изминатите години гледав и те како еден политички прогон од страна на Ленче Ристоска врз ВМРО-ДПМНЕ и врз функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Јас лично очекував оваа оставка да ја дадеше многу порано, веднаш по скандалите со СЈО, кога беше една од најистакнатите обвинители, кога во јавноста се обелоденија оние суми коишто како бонус си ги зимале од Буџетот на Република Македонија, особено после изјавата на поранешен јавен обвинител којшто истакна дека таму Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски биле редовни гости и заедно со Ленче Ристоска и со останатите обвинители утврдувале кој функционер треба да биде под политички прогон, кој треба да биде ослободен, кој треба да биде притворен, со цел да се создаде еден политички инженеринг во рамките на процесите коишто ги водела тогашната влада“, рече Петрушевски.Петрушевски истакна дека Јавното обвинителство со вакви обвинители се покажало како неефикасно поради неспроведувањето на задачите за кое истото е формирано.„Сметам дека оваа оставка требаше да дојде многу порано од страна на еден ваков јавен обвинител. Се укажува дека имаме едно неефикасно Јавно обвинителство коешто не ја спроведува онаа задача за којашто е формирано и за којашто тие обвинители земале плата. Имала можност да се истакне во делот на реформа на тоа Јавно обвинителство, а не денеска откако согласно позитивните законски прописи е тргната да работи предмети коишто не се во доменот на нејзиното Јавно обвинителство“, посочи Петрушевски и додаде:„Нас ни е битно да функционира системот односно Јавното обвинителство, а не поединци да бидат таму задоволени, граѓаните бараат резултати а не политички интерес на поединци“.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjgif4ssimd2f9n7Jk6E

Петрушевски: Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга, тој ги искористил парите за инженеринг на референдумот за името

Прорускиот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, е човек со контроверзно минато, и е човек кој е на црната листа на САД, поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Дака стана познат за македонската јавност во времето на Заев, кога во 2020-тата година, излегоа аудио снимки за тоа како Зоран Заев земал пари за да се види со Дака и да направат некаков бизнис.Во аудио снимката која пред неколку години излезе на социјалните мрежи, Дака вели дека дал 300 илјади евра и 2.000 квадрати земјиште на Заев за возврат да добие услуга. Понатаму во снимката, Дака вели дека Заев овие пари ги искористил за инженеринг на референдумот за името.Освен Заев, во аудио снимката на која разговараат Дака и Зоки Милески Кичеец, кој инаку е главен посредник на Заев во случајот, се споменува и името на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата на Заев, што значи дека тогашната власт на СДС и те како добро била поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен Дака, па дури и го рекетирале за да можат да спроведат инженеринг на референдумот за името.Почитувани граѓани,Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на СДС, кои многу добро ги знаат сите фирми на Дака, со кои нивниот шеф Заев веројатно има соработувано и заработувано, за укажувањето за фирмата Хронос Сум дека била во сопственост на прорускиот бизнисмен Дака.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да прави како што правеше власта на СДС и Заев, туку напротив, веднаш ќе ги преземе сите законски можности за оваа фирма да не гради и инвестира во енергетски објекти, иако фирмата ги има исполнето сите услови и законски критериуми, нешто што во времето на СДС и Заев беше мисловна именка“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryff0mj6p1ihjndb1YP4s

Петрушевски: Во СДС нема свежина од аспект на кадровските промени и политиките коишто ги нуди

„Оние политики коишто ги спроведуваше СДС во изминатиот период резултираа до тоа СДС да падне на овој број на гласови којшто го има и да се случуваат овие процеси коишто се случуваат сега коишто иако се нивна внатрешна работа, за жал јас не препознавам дека во СДС има, не само некоја свежина од аспект на кадровските промени, нема некоја свежина и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Гледаме дека прават реминисценција на одредени политики од минатото, политики коишто докажано веќе на избори биле губитнички“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски нагласи дека процесите коишто се случуваат во СДС, иако се нивна внатрешна работа, сепак не препознава дека има свежина од аспект на кадровските промени и од аспект на политиките коишто СДС ги нуди. Тој нагласи дека во интерес на државата потребно е да имаме конзистентни ставови во делот на меѓународната политика, потенцирајќи дека од другата страна не само што нема поддршка во овој дел, туку напротив, постои одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС која штети на националните инетереси на државата и граѓаните.„Сметам дека е неопходно, особено што се наоѓаме во еден сериозен историски момент, во светски рамки гледано, сега имаме криза и на Блискиот Исток, меѓутоа и во историски момент за Македонија, сметам дека треба да заеднички, во интерес на државата, во интерес на граѓаните да имаме некои конзистентни ставови, да имаме и усогласени ставови, барем во делот на меѓународната политика и она коишто се наши стратешки интереси како држава. За жал, од другата страна не гледам соговорник на ваквите теми, не гледам поддршка во делот на ова, туку напротив, гледам дека одредена реторика од страна на актуелното раководство на СДС дури и штети на националните интереси на Република Македонија и на граѓаните“, дециден е пратеникот Петрушевски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: Реформите, новите закони и кадровските решенија ќе го зајакнат правосудството

Во емисијата „Утринско еспресо“ на Радио Лидер гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека реформите во правосудниот систем се насочени кон обезбедување поголема независност и ефикасност. Тој нагласи дека судството во Република Македонија мора да функционира согласно Уставот и меѓународните стандарди и дека досегашната работа на Судскиот совет била недоволно ефикасна, особено во делот на разрешување судии, притоа потенцираше дека очекува новите критериуми за избор и зголемените финансиски средства да придонесат за подобрување на состојбите во правосудството.„Мора да го имаме во предвид фактот дека правосудниот систем во Република Македонија и согласно Устав и согласно меѓународните стандарди и организации каде што и ние членуваме или сакаме да членуваме мора да биде независно и оние првични предлози коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ ги предложивме од аспект на комплетно разрешување на Судскиот совет којшто е надлежен да избира и разрешува судии, иако читајќи ги извештаите во Собранието кои ги доставува Судскиот совет, многу ретко или скоро никогаш не ја искористиле надлежноста да разрешат судија, иако сме имале катастрофални судски процеси, а многу често ја користеле можноста да именуваат судии“, изјави Петрушевски и додаде:„Тогаш тоа беше пречекано условно кажано на нож и од меѓународните партнери на Р. Македонија коишто бараа еден друг механизам, затоа ние пристапивме кон нов начин на решавање на овој реален проблем, политичка узурпација на судството, пред се на една елита во Македонија или едно семејство коешто владеело, и од аспект на тоа направивме нов Закон за јавно обвинителство, нов Закон за судски совет, кадровски преместувања, веќе имаме нов јавен обвинител, избираме нови членови на Судски совет. Меѓутоа со новиот закон којшто значи едни различни и многу повисоки критериуми од аспект кој може да биде член на Судски совет, што очекувам многу наскоро да даде позитивни ефекти во делот на независноста на судството, пропратено со она што значи зголемени финансии“Во однос на тужбата за клевета поднесена против него, Петрушевски информираше дека веќе поднел приговор за надлежност до Основниот суд во Струмица и очекува предметот да биде префрлен во Скопје, каде, како што истакна, ќе може „на неутрален терен“ да се соочат аргументите на двете страни.„Согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во член 22 стои дека надлежен суд за водење на постапка за надоместување на штета е надлежен суд според местото на извршување на навредата или клеветата и судот чие подрачје настапила штетната последица. Со оглед на тоа што во самата тужба адвокатот претпоставувам роднина на Зоран Заев, кој се вика Горан Заев, навел дека условно кажано таа клеветничка изјава сум ја дал на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во седиштето во Скопје, по законот и по правото, апсолутно треба да биде во граѓанскиот суд во Скопје. Врз основа на ова што го наведов јас доставив и одговор на тужба и приговор за надлежност до Основниот суд во Струмица и очекувам судијата да процени согласно законските прописи и овој предмет да го достави до граѓанскиот суд во Скопје, па да речеме условно кажано на неутрален терен да се соочиме со фактите и аргументите“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryuh63v00cfjfcfXRPgTC

Петрушевски: 0 колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС

Политичкиот театар на СДС и ССМ заврши во еден чин. Фијаското на протестот викендов, покажа дека вистинските работници не се дел од ССМ, таму се луѓе кои СДС ги облече во синдикални, а некои и во партиски маички, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Дистанцирањето од вистинските предизвици со кои се соочуваат работниците, на Трендафилов и ССМ добро им прилега и затоа шуруваат со СДС.Трендафилов и ССМ бараат се што СДС ќе им напише на ливче. Затоа молчеа и не ги поздравија колективните договори на Владата со други синдикати со кои се зголемија платите на работниците во јавниот сектор.0 колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС.Се додека Трендафилов одработува за СДС, работникот ќе си оди од ССМ“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryorhpae3spf6p0MoqrWB

Петрушевски: Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните

Дебаклот на протестот организиран од СДС и ССМ докажа кој реално мисли и помага на граѓаните, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Таканаречениот синдикален протест организиран од ССМ, а технички и логистички од СДС, граѓаните не го поддржаа затоа што на сите им е јасно дека ова е само еден очаен обид за спас на СДС и политичко профилирање на Трендафилов.Протестот во саботата кој беше организиран од страна на кадрите на СДС облечени во синдикални маички, доживеа дебакл и ги делегитимира ССМ уште повеќе.Ниту СДС, ниту ССМ, а уште помалку Трендафилов и неговата дружина се интересираат за работничките права, нив ги интересираат своите цели и интереси, кои ги добиваат по заслуга на работниците.Работниците и нивните права се злоупотребени од СДС и ССМ, само за истите да дојдат до медиумско внимание.Каде е ССМ, таму е СДС. Каде е СДС, таму е и ССМ. Меѓу овие две организации веќе нема разлика.ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДС ќе продолжи и натаму да ги зголемува платите и да го подобрува стандардот на граѓаните“, вели тој.

Македонија | пред 1 месец

media-library6ah3gk8ietqnaDVId9o

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека зад денешните работнички протести стои СДСМ, а не Сојуз на синдикатите на Македонија, тврдејќи дека партиски луѓе ја организирале мобилизацијата на работниците од повеќе градови низ државата.Според Петрушевски, јавноста можела јасно да види дека наместо синдикатот, зад организацијата на протестите стојат структури поврзани со СДСМ, кои ги организирале работниците да дојдат на протест во Скопје.Тој наведе дека во Тетово и поширокиот регион работниците ги организирал Мирослав Павловски, за кого рече дека е истакнат член на СДСМ. Според него, работниците од Струмица и околината ги организирал Бранко Георгиев, поранешен раководител во струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ во период кога на власт била СДСМ.Петрушевски тврди дека работниците од Куманово и кумановскиот регион ги организирал Оливер Трајковски, за кого рече дека води штаб на СДСМ во Куманово и е вработен во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.„И сите овие, како и други од СДСМ кои се во организацијата на денешниот протест, наместо да ја зајакнуваат партијата која се движи кон пропаст, решиле да организираат протести на ССМ“, рече Петрушевски.Тој додаде дека барањата на работниците се легитимни и дека тие имаат право да бараат нивно исполнување, но оцени дека начинот на кој се организирани протестите не претставува синдикална активност и вистинска борба за работничките права.Според него, примерите од организацијата на протестот покажуваат дека постои „знак на равенство“ меѓу ССМ и СДСМ.Петрушевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните, но оцени дека, како што рече, „она што го прават СДСМ и ССМ е измама“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarymtlpdshdocsk4NHMgWx

(Фото) Петрушевски: Одговорен за организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е шеф на штаб на СДС

СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво. Во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДС, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДС, вели  Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Одговорен за логистика и организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е Оливер Трајковски - Шеф на штаб на СДС во населбата Зелен рид, како и вработен во ЈП Чистота и Зеленило во Куманово.На фотографијата го гледаме Оливер Трајковски, кој е сликан со кандидатот за градоначалник на Куманово од СДС Оливер Илиевски и носителот на листа Атина Мургашанска, за локалните избори 2021 година.Од СДС и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таа цел не е барање за зголемување на платите, туку целта им е да и наштетат на владата.ССМ и во Куманово и во другите општини е раководено од општинските организации на СДС.ССМ и СДС се веќе едно исто“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl10aphbn60s1fdRLU9s

Петрушевски: ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички

ССМ е координирано и управувано од СДС. Целата логистика за таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите.Ова е тој документ.Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев.Ова е Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС.Бранко Георгиев како главен теренаш на СДС сега е главен теренаш на ССМ.Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион - сега е ССМ.ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички.Во наредните денови ќе продолжиме со објавување на сите лица од СДС кои го имаат преземено ССМ“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuu2v5jq2erb22Hk2JT9

Петрушевски: СДС и Филипче без извинување за дезинформациите за мигрантите, продолжуваат со истата реторика

И покрај демантите и јасните факти, СДС и Филипче наместо да се извинат за невистините што ги пласираа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, продолжуваат со истата реторика и обвинувања, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Дури и по реакцијата и демантот од британскиот амбасадор во врска со наводите за мигрантски кампови во Македонија, СДС останува на истите позиции, повторувајќи ги истите тврдења како да очекува дека со нивното постојано повторување тие ќе станат вистина.Во меѓувреме, од СДС се обидуваат да ги убедат граѓаните дека никогаш не зборувале за мигрантски кампови, иако токму тие претходно тврдеа дека Македонија се претвора во голем мигрантски камп и црна точка на Европа. И за ова извинување нема.Почитувани,Наместо одговорност и извинување за неточните информации, јавноста повторно е сведок на манипулации и политичка деструкција.Очигледно е дека ваквиот пристап не им носи резултати, поради тоа што СДС денес е третопласирана партија со околу 130.000 освоени гласови“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

media-library7qqlfqprapbcfjYVQZA

Петрушевски: Филипче предлага мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во 2022 година, Владата работи да имаме најевтини енергенси во регионот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагираше на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека предлага мерки кои, според него, ВМРО-ДПМНЕ ги предложила уште во 2022 година.„Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне“, напиша Петрушевски.Тој посочи дека мерките кои денес ги бара Филипче, според него, биле воведени уште во 2022 година со измена на член 92 од Законот за акцизите.„Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Законот за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат“, наведе Петрушевски.Според него, тогашната влада на СДСМ планирала и нова „еколошка“ такса која дополнително ќе ја зголемела цената на горивата, но, како што тврди, ВМРО-ДПМНЕ како опозиција успеала да го блокира тој закон.„Врвот на лицемерието на Филипче и СДСМ е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување“, додава Петрушевски.Тој оцени дека актуелната влада работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот и да се ублажи ценовниот шок и покрај притисоците од глобалните движења на цените.

Македонија | пред 1 месец

media-library1d66mlplscu28z0cyvQ

Петрушевски: СДС е во паника, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на телевизија 24, каде се осврна на темата за поранешниот вицепремиер од владата на СДС, и истакна дека институциите треба независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителство, и кој би седнал до него на обвинителната клупа доколку она што тој би го изнел иницира поширока одговорност за наводни злоупотреби во рамки на поранешната влада.,,Многу е важно како постапуваат институциите и тоа е пример како треба да постапуваат институциите особено во делот на извршната власт. Нормално си е обезбеден бегалецов Груби и оставаме судската власт, јавно обвинителската власт да си ја заврши работата онака како што е во секоја европска држава“, рече Петрушевски.Тој истакна дека неспорен факт е дека Артан Груби ја извршувал функцијата вицепремиер во владата на СДС, при што денес стравот на партијата произлегува од можните сознанија кои тој би можел да ги открие.,,Но од фактите ние не можеме да избегаме. Факт е дека вицепремиер беше Артан Груби во време на СДС, факт е дека криминалите ги правеше во време додека беше вицепремиер, факт е дека СДС молчеше и не смееше ниту името да му го спомене, а камо ли да му поднесе кривична пријава, како што направила оваа Влада или па да го стави во обвинителни клупи“, истакна Петрушевски и додаде:,,Најголемиот проблем за СДС е што знае Груби. И што ќе каже Груби во обвинителството, и кој од нив, сите кои што биле со него во владата, ќе седне до него на обвинителна клупа. Тука им е на нив стравот и тука им е на нив паниката и хистеријата и јавувањето на Заев после 5 години, и се она кое што се случува. Затоа што Артан Груби, како прв вицепремиер, ги има сите информации за криминалите кои што ги правела претходната влада на СДС“.

Македонија | пред 1 месец

media-library7qqlfqprapbcfjYVQZA

Петрушевски: СДС – безрбетна покажа дека знае само да мести тендери и да ја продава државата

Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро и оди кога нешто треба да се продава, распродава, и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата, вели  Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„СДС – безрбетна наместо да поздрави чин на справување со незконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата, тие се занимаваат со приказни.Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале.Оттука, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Јон Фрчкоски кажуваат секојдневно некакви приказни за театар, циркузи, а бегаат од суштината на приказната  борба со корупцијата.Но, вистината е една.Професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува на дело дека сега борбата со корупцијата и криминалот е решителна.А, СДС – безрбетна како сака нека нарекува и што сака нека збори. За нив од досегашната пракса може да се извлече еден заклучок, а тоа е дека „она што го зборуваат за другите, најмногу зборува за нив самите“.За ВМРО-ДПМНЕ, за што говорат и секојдневните активности, клучна е борбата со корупцијата и криминалот и поставувањето на здрави темели на начелото на владеење на правото“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска обвини дека СДСМ бил „сојузник на криминалот“ на поранешниот вицепремиер Артан Груби и затоа, како што рече, партијата силно го брани.Според Петрушевски, опозициската партија не поставила ниту едно пратеничко прашање до Владата поврзано со Груби, а пратениците од СДСМ, како што тврди, ја напуштиле собраниската сала кога било спомнато неговото име. Тој оцени дека поранешни високи функционери на СДСМ се во „паника и хистерија“ поради можни искази што Груби би можел да ги даде во Обвинителството.Петрушевски изјави дека во СДСМ се свесни за потенцијалните последици од евентуалното сведочење на Груби и затоа го бранат, додавајќи дека доколку тој „прозбори“, дел од поранешните функционери би можеле да се соочат со обвиненија.Тој го повика Јавното обвинителство да ги истражи, како што рече, сите индиции и сомнежи што ВМРО-ДПМНЕ досега ги изнесувала во јавноста.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryatoqg8ni7ld59x9DQEw

Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува.Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина.Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДС и ДУИ очигледно го притисна паник тастерот во Бихаќка.Дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму, посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.Толку многу ли знае Груби што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат? Дали паник тастерот во СДС го притисна кланот Заеви? Дали стравот кај Вице и Зоран Заев навистина толку е голем, па затоа СДС со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ делуваат видно вознемирени?За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата“, вели Петрушевски

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp9d0adlu8jahds4IdIa

Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче. Свесни за тоа што се може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на првиот вицепремиер на владата на СДС и ДУИ, па дури и се спремни да се жртвуваат за него. Имено, потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, за која меѓудругото се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Дали дел од функционерите на СДС се спремни да се жртвуваат за овој криминал, само за Груби да не сведочи и за други криминали? Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДС се огромни? Зошто СДС со години молчеше, а со тоа и го одобруваше криминалот на Груби? Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?СДС беше спремна на се, само за да бидат ден повеќе на власт. Соработуваа, местеа и молчеа за голем број на криминали и тоа ги доведе до околу 130.000 гласови.Истрагата мора да оди до крај. Одговорност за криминалот направен од СДС и ДУИ мора да има“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryec3ph4d3rgjqfYKpDh2

Петрушевски за тужбата од Заев: Стојам зад секој јавно изнесен збор

Поранешниот премиер Зоран Заев на социјалните мрежи ја објави тужбата за клевета што ја поднел против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, како и против кардиохирургот Жан Митрев. По објавата, Петрушевски возврати со јавна реакција, наведувајќи дека останува на своите ставови и дека е подготвен за судско соочување.„Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината.Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон.Јас стојам зад секој јавно изнесен збор и подготвен сум аргументите со Заев да ги соочиме пред судот и пред јавноста. Судницата не е средство за заплашување, туку место каде се утврдува вистината.Денес никој не е над законот. Ниту поранешен премиер, ниту актуелен пратеник. Но, наместо Заев да се обидува преку тужби да ја замолчи критиката, нека одговори на суштинските прашања што кои ја интересираат јавноста.А вистината секогаш излегува на виделина“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi2c2r98upi1eaZgzk25

Заев бара еден милион од Жан Митрев и Петрушевски, ги тужи му го нарушиле угледот со клеветење

Експремиерот Зоран Заев соопшти дека поднел тужби за клевета и нарушување на чест и углед против Бране Петрушевски и Жан Митрев.Тужбите се поднесени до Основен суд Струмица, а вредноста на секоја од нив изнесува 500.000 денари.Според наводите во поднесоците, Заев смета дека со јавни изјави и настапи му биле изнесени невистинити факти со кои се нарушува неговата чест и углед. Во едниот предмет, тужбата се однесува на изјави дадени на прес-конференција, а во другиот – на телевизиско гостување, при што, според тужителот, изнесените тврдења биле пренесени и од медиуми и интернет-портали.„Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, изјави Заев, додавајќи дека евентуалниот надоместок од добиените тужби ќе биде дониран за деца без родители и лица со посебни потреби.Во тужбите се повикува на одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со барање за утврдување одговорност и надомест на нематеријална штета поради повреда на угледот.Се очекува судот да одлучи по поднесените тужби во редовна постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynp21li3797sf1qLqw5Z

Петрушевски: Дали Тренчевска и СДС го бранат Груби и дали доброволно се пријавуваат заедно со сите свои колеги да седнат до Груби на обвинителната клупа

Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина. Откако со години замижуваа и го одобруваа милионскиот криминал на тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, сега кога треба да се соочи со правдата, се ставаат во негова заштита, па дури и ќе се жртвуваат и ќе тонат заедно со него, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Имено, потпретседателката на СДС и поранешна министерка, Јованка Тренческа во однос на кривичната пријава за Груби вели дека одлуките на Владата биле колективни и дека ако се докаже дека има вина во случајот, треба сите заедно да одговараат.Еве ја целосната изјава.Почитувани,Дали потпретседателката на СДС го брани Груби за криминалот со кој државниот буџет го оштети за над 8 милиони евра? Или, пак, доброволно се пријавува заедно со сите свои колеги од тогашната влада да седнат на обвинителна клупа заедно со Артан Груби? Дали затоа нервозата во СДС и ДУИ е голема? Дали стравот им е толку голем од тоа што дополнително има да каже Груби?СДС и ДУИ во паника и страв сменија 10 тези откако Груби беше уапсен. Како тргнале до крајот ќе си признаат се“, додава тој.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања