Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петрушевски: Филипче предлага мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во 2022 година, Владата работи да имаме најевтини енергенси во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7qqlfqprapbcfjYVQZA

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагираше на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека предлага мерки кои, според него, ВМРО-ДПМНЕ ги предложила уште во 2022 година.

„Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне“, напиша Петрушевски.

— реклама —

Тој посочи дека мерките кои денес ги бара Филипче, според него, биле воведени уште во 2022 година со измена на член 92 од Законот за акцизите.

„Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Законот за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат“, наведе Петрушевски.

— реклама —

Според него, тогашната влада на СДСМ планирала и нова „еколошка“ такса која дополнително ќе ја зголемела цената на горивата, но, како што тврди, ВМРО-ДПМНЕ како опозиција успеала да го блокира тој закон.

„Врвот на лицемерието на Филипче и СДСМ е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување“, додава Петрушевски.

Тој оцени дека актуелната влада работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот и да се ублажи ценовниот шок и покрај притисоците од глобалните движења на цените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС избра статус кво, Заев и натаму ги држи конците

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library4r2ei7icocg038e47y2

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни средби на Димитријевиќ во Скопје со српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ за формирање на опозициски фронт по инструкции на Заев и Башановиќ

Македонија | пред 1 час

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 19 часа

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања