Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петрушевски: СДС е во паника, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1d66mlplscu28z0cyvQ

Бране Петрушевски (ВМРО-ДПМНЕ) во емисијата „Анализа“ на ТВ24 изјави дека институциите треба независно да постапуваат во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби и дека обвинителството и судството треба да ја завршат работата. Тој тврди дека СДС стравува од тоа што Груби би можел да изнесе пред обвинителство и дека неговите сознанија можат да повлечат поширока одговорност за наводни злоупотреби во поранешната влада.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на телевизија 24, каде се осврна на темата за поранешниот вицепремиер од владата на СДС, и истакна дека институциите треба независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителство, и кој би седнал до него на обвинителната клупа доколку она што тој би го изнел иницира поширока одговорност за наводни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

,,Многу е важно како постапуваат институциите и тоа е пример како треба да постапуваат институциите особено во делот на извршната власт. Нормално си е обезбеден бегалецов Груби и оставаме судската власт, јавно обвинителската власт да си ја заврши работата онака како што е во секоја европска држава“, рече Петрушевски.

— реклама —

Тој истакна дека неспорен факт е дека Артан Груби ја извршувал функцијата вицепремиер во владата на СДС, при што денес стравот на партијата произлегува од можните сознанија кои тој би можел да ги открие.

,,Но од фактите ние не можеме да избегаме. Факт е дека вицепремиер беше Артан Груби во време на СДС, факт е дека криминалите ги правеше во време додека беше вицепремиер, факт е дека СДС молчеше и не смееше ниту името да му го спомене, а камо ли да му поднесе кривична пријава, како што направила оваа Влада или па да го стави во обвинителни клупи“, истакна Петрушевски и додаде:

— реклама —

,,Најголемиот проблем за СДС е што знае Груби. И што ќе каже Груби во обвинителството, и кој од нив, сите кои што биле со него во владата, ќе седне до него на обвинителна клупа. Тука им е на нив стравот и тука им е на нив паниката и хистеријата и јавувањето на Заев после 5 години, и се она кое што се случува. Затоа што Артан Груби, како прв вицепремиер, ги има сите информации за криминалите кои што ги правела претходната влада на СДС“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: СДСМ и Филипче наместо критики, шират лаги и демагогија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarya8tbjjkn7geo2sQip2v

Петрушевски: СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr8te6f5bkdll7uCtr6y

Петрушевски: СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово

Македонија | пред 2 седмици

media-library2d97kd1enaisdV2LLtS

Петрушевски: Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања