Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петрушевски: Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library2d97kd1enaisdV2LLtS

Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„На местото на ШИК Јелак во Тетово, Заев и Ахмети му договорија на прорускиот бизнисмен Дака да гради 2.000 станбени единици, деловни простории и трговски центри, чија вредност надминуваше над 200 милиони евра.

— реклама —

Фирмата „Јелак Градба’’ го купува просторот на поранешниот гигант ШИК Јелак, која е во сопственост на прорускиот бизнисмен Дака.

СДС и ДУИ, овој имот којшто е државен, го ставиле на продажба за Дака по дури четири пати пониска цена.

— реклама —

На пример, објект од 198 квадрати на Фондот за здравствено осигурување бил процент на 122 илјади евра, а бил продаден за 34 илјади евра.

За друг објект на фондот од 2359 квадрати, проценет на речиси милион и пол евра, продаден за 400 илјади.

Министерството за финансии имало објект од 5021 квадрат. Иако проценет на над 3 милион евра, Дака станал сопственик за околу 730 илјади евра.

Агенцијата за вработување за објект од 165 квадрати наплатила околу 24 илјади евра, иако вредел 100 илјади.

За да не дојде до бетонска џунгла во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше овој криминален проект на Дака, одобрен од страна на СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело во интерес на граѓаните. СДС и ДУИ работат во интерес на бизнисите, тендерите и процентите. Затоа се во длабока опозиција“, додава Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: СДСМ и Филипче наместо критики, шират лаги и демагогија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarya8tbjjkn7geo2sQip2v

Петрушевски: СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr8te6f5bkdll7uCtr6y

Петрушевски: СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc48pvjof0cnjeXq64Zt

Петрушевски: На само ден по составување на Владата во 2020 година, власта на СДС и ДУИ во Тетово донесе нов ДУП поради бизнис интересите на Дака кои Заев му ги ветил

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања