Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петрушевски: СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarya8tbjjkn7geo2sQip2v

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ ја критикува СДС и Венко Филипче дека наместо да коментираат избори во други држави, треба да се посветат на „распаднатата“ партија и падот на нејзиниот рејтинг. Тој вели дека СДС, наместо опозиција и коректив, се занимава со друго и не се дистанцира од политиките на Зоран Заев. Петрушевски посочува дека СДС слави победа на унгарската партија Тиса (членка на ЕПП), каде членува и ВМРО-ДПМНЕ, додека сестринската партија на СДС во Унгарија добила 1,18%. Тој предупредува дека со вакво однесување СДС ризикува исчезнување од сцената, а ВМРО-ДПМНЕ ја честита победата на Тиса и најавува продолжување на соработката за ЕУ интеграција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС којашто некогаш беше релевантна и кредибилна, Филипче ја доведе во комбинација со Заев, да тоне се повеќе и повеќе во жива кал и да нема како да излезе од неа.

— реклама —

СДС којашто треба да биде главна опозиција и коректив на власта, се занимава со се, само со себе не. Се занимаваат со избори во други држави, а не си ги гледаат своите редови кои им се рушат се повеќе како кула од карти.

СДС ликува на победа на партија која е член на Европската народна партија или попозната како ЕПП, партијата Тиса, каде што е член и ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна пак, сестринската партија на СДС и член на Партијата на Европски Социјалисти од Унгарија освои 1,18% од гласовите. Тоа е нешто слично со рејтингот кој СДС го има во Македонија, и е многу близок до рејтингот на Филипче.

— реклама —

СДС и Филипче прават се, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од политиките на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои ги доведоа до ова дереџе, тие продолжуваат по неговите стапки и го величаат како да е најголем светец.

Ако СДС продолжи да се однесува вака, им се заканува бришење од политичката сцена.

Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ја честита победата на партијата Тиса и господинот Петер Маѓар, со кои очекуваме да ја продолжиме нашата билатерална соработкаи на државно ниво да работиме на нашата интеграција во ЕУ“, вели Петрушевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: СДСМ и Филипче наместо критики, шират лаги и демагогија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryr8te6f5bkdll7uCtr6y

Петрушевски: СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово

Македонија | пред 2 седмици

media-library2d97kd1enaisdV2LLtS

Петрушевски: Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc48pvjof0cnjeXq64Zt

Петрушевски: На само ден по составување на Владата во 2020 година, власта на СДС и ДУИ во Тетово донесе нов ДУП поради бизнис интересите на Дака кои Заев му ги ветил

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања