Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петрушевски: Јавното обвинителство треба да работи во интерес на граѓаните, а не на поединци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library18hh3sd60oh9ck1WVfx

Во „Само Вистина“ на Канал 5, пратеникот Бране Петрушевски (ВМРО-ДПМНЕ) изјави дека обвинителката Ленче Ристоска требало многу порано да поднесе оставка, по скандалот со бонусите во СЈО и наводен политички прогон врз функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тврди дека немало притисок од ВМРО-ДПМНЕ кон неа, туку дека СЈО било инструментализирано, со спомнати средби со високи функционери. Петрушевски оцени дека Јавното обвинителство е неефикасно и дека граѓаните бараат резултати, не политички интереси.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека обвинителката Ленче Ристоска требала да даде оставка многу порано, поради скандалот на СЈО со бонусите и поради политичкиот прогон врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не гледам политички притисок од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон Ленче Ристоска, меѓутоа во изминатите години гледав и те како еден политички прогон од страна на Ленче Ристоска врз ВМРО-ДПМНЕ и врз функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Јас лично очекував оваа оставка да ја дадеше многу порано, веднаш по скандалите со СЈО, кога беше една од најистакнатите обвинители, кога во јавноста се обелоденија оние суми коишто како бонус си ги зимале од Буџетот на Република Македонија, особено после изјавата на поранешен јавен обвинител којшто истакна дека таму Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски биле редовни гости и заедно со Ленче Ристоска и со останатите обвинители утврдувале кој функционер треба да биде под политички прогон, кој треба да биде ослободен, кој треба да биде притворен, со цел да се создаде еден политички инженеринг во рамките на процесите коишто ги водела тогашната влада“, рече Петрушевски.

— реклама —

Петрушевски истакна дека Јавното обвинителство со вакви обвинители се покажало како неефикасно поради неспроведувањето на задачите за кое истото е формирано.

„Сметам дека оваа оставка требаше да дојде многу порано од страна на еден ваков јавен обвинител. Се укажува дека имаме едно неефикасно Јавно обвинителство коешто не ја спроведува онаа задача за којашто е формирано и за којашто тие обвинители земале плата. Имала можност да се истакне во делот на реформа на тоа Јавно обвинителство, а не денеска откако согласно позитивните законски прописи е тргната да работи предмети коишто не се во доменот на нејзиното Јавно обвинителство“, посочи Петрушевски и додаде:

— реклама —

„Нас ни е битно да функционира системот односно Јавното обвинителство, а не поединци да бидат таму задоволени, граѓаните бараат резултати а не политички интерес на поединци“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 16 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 21 час

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања