Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Петрушевски: Реформите, новите закони и кадровските решенија ќе го зајакнат правосудството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Бране Петрушевски во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер рече дека реформите во правосудството се насочени кон поголема независност и ефикасност, оценувајќи дека Судскиот совет досега слабо постапувал по разрешувања и покрај проблематични процеси. Најави дека новите закони, повисоките критериуми за членство во Судскиот совет и зголемените финансии треба да донесат подобрувања. За тужбата за клевета против него, информира дека поднел приговор за надлежност до судот во Струмица и очекува предметот да се префрли во Скопје, бидејќи изјавата била дадена таму, за „неутрално“ соочување на аргументите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во емисијата „Утринско еспресо“ на Радио Лидер гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека реформите во правосудниот систем се насочени кон обезбедување поголема независност и ефикасност. Тој нагласи дека судството во Република Македонија мора да функционира согласно Уставот и меѓународните стандарди и дека досегашната работа на Судскиот совет била недоволно ефикасна, особено во делот на разрешување судии, притоа потенцираше дека очекува новите критериуми за избор и зголемените финансиски средства да придонесат за подобрување на состојбите во правосудството.

„Мора да го имаме во предвид фактот дека правосудниот систем во Република Македонија и согласно Устав и согласно меѓународните стандарди и организации каде што и ние членуваме или сакаме да членуваме мора да биде независно и оние првични предлози коишто ние како ВМРО-ДПМНЕ ги предложивме од аспект на комплетно разрешување на Судскиот совет којшто е надлежен да избира и разрешува судии, иако читајќи ги извештаите во Собранието кои ги доставува Судскиот совет, многу ретко или скоро никогаш не ја искористиле надлежноста да разрешат судија, иако сме имале катастрофални судски процеси, а многу често ја користеле можноста да именуваат судии“, изјави Петрушевски и додаде:

„Тогаш тоа беше пречекано условно кажано на нож и од меѓународните партнери на Р. Македонија коишто бараа еден друг механизам, затоа ние пристапивме кон нов начин на решавање на овој реален проблем, политичка узурпација на судството, пред се на една елита во Македонија или едно семејство коешто владеело, и од аспект на тоа направивме нов Закон за јавно обвинителство, нов Закон за судски совет, кадровски преместувања, веќе имаме нов јавен обвинител, избираме нови членови на Судски совет. Меѓутоа со новиот закон којшто значи едни различни и многу повисоки критериуми од аспект кој може да биде член на Судски совет, што очекувам многу наскоро да даде позитивни ефекти во делот на независноста на судството, пропратено со она што значи зголемени финансии“

— реклама —

Во однос на тужбата за клевета поднесена против него, Петрушевски информираше дека веќе поднел приговор за надлежност до Основниот суд во Струмица и очекува предметот да биде префрлен во Скопје, каде, како што истакна, ќе може „на неутрален терен“ да се соочат аргументите на двете страни.

„Согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во член 22 стои дека надлежен суд за водење на постапка за надоместување на штета е надлежен суд според местото на извршување на навредата или клеветата и судот чие подрачје настапила штетната последица. Со оглед на тоа што во самата тужба адвокатот претпоставувам роднина на Зоран Заев, кој се вика Горан Заев, навел дека условно кажано таа клеветничка изјава сум ја дал на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во седиштето во Скопје, по законот и по правото, апсолутно треба да биде во граѓанскиот суд во Скопје. Врз основа на ова што го наведов јас доставив и одговор на тужба и приговор за надлежност до Основниот суд во Струмица и очекувам судијата да процени согласно законските прописи и овој предмет да го достави до граѓанскиот суд во Скопје, па да речеме условно кажано на неутрален терен да се соочиме со фактите и аргументите“, вели Петрушевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: СДСМ и Филипче наместо критики, шират лаги и демагогија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarya8tbjjkn7geo2sQip2v

Петрушевски: СДС и Филипче наместо да ликуваат на резултати од избори во други држави, нека си се посветат на партијата која е распадната на парчиња

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr8te6f5bkdll7uCtr6y

Петрушевски: СДС и Филипче должат одговори дали нивниот врховен лидер Заев земал 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП во Тетово

Македонија | пред 2 седмици

media-library2d97kd1enaisdV2LLtS

Петрушевски: Отпорот на ВМРО-ДПМНЕ не ја дозволи изградбата на бетонската џунгла на Дака во Тетово

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања