Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓиевски: Нова зона со над 1.300 паркинг-места и дигитални услуги за „Градски паркинг“ во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-libraryho2e8d01qfp74MIokAz

Орце Ѓорѓиевски најави старт на новата паркинг-зона Д12 во Реонскиот центар во Аеродром, со целосно уредување и сигнализација. Обезбедени се 1.302 места (32 за лица со попреченост), односно вкупно 1.334 позиции, на улиците 1612 и 1613. Од 1 април паркирањето ќе биде само во зоната за која се поседува дозвола; станарите добиваат две бесплатни дозволи, а за други корисници цената е 25 ден/час. Канцеларијата е во Рударскиот институт на бул. „Јане Сандански“. Од 1 април 2026 се воведува е-аплицирање и онлајн плаќање преку moj.parking.mk, а се подготвува и зона во Ново Лисиче со 2.719 места.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Орце Ѓорѓиевски, информира дека е означен почетокот на нова зона за паркирање и воведување дигитални услуги за корисниците на ЈП „Градски паркинг“ во Општина Аеродром.

Како што објави Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, и директорот на претпријатието, Владимир Кроневски, бил означен стартот на зоната Д12, која се наоѓа во Реонскиот центар во Аеродром.

— реклама —

„Станува збор за простор кој се уредуваше во повеќе фази, поради неговата големина и значење. По добивањето на сообраќајното решение, пристапивме кон целосно уредување на јавната површина со поставување вертикална и хоризонтална сигнализација“, наведува Ѓорѓиевски.

media-library8ioopal7fshk9FKT2bU

Во рамки на зоната се обезбедени 1.302 паркинг-места, од кои 32 се наменети за лица со попреченост, односно вкупно 1.334 уредени позиции. Зоната ги опфаќа улиците 1612 и 1613, односно целиот Реонски центар.

— реклама —

Од 1 април, станарите и правните и физичките лица со дозвола ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која ја поседуваат дозволата. Станарите ќе имаат можност за две бесплатни дозволи за возила, додека за останатите корисници цената ќе изнесува 25 денари за час.

Канцеларијата за аплицирање ќе се наоѓа во зградата на Рударскиот институт на булеварот „Јане Сандански“.

Паралелно, како што посочува Ѓорѓиевски, се воведуваат и нови дигитални услуги. Од 1 април 2026 година, граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, како и да вршат онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи.

media-libraryjs2radi3f3p52vHG4hB

Дополнително, во тек е подготовка и на нова зона за паркирање во Ново Лисиче, која ќе обезбеди 2.719 нови паркинг-места.

„Посветено работиме на воведување ред во паркирањето, намалување на сообраќајниот хаос и создавање фер и функционален систем кој ќе им служи на граѓаните“, истакнува Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања