Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

media-libraryec06qmi5ulc96CM8Ih1

Ѓорѓиевски: Започнуваме со одбележувањето на еден век Зоолошка градина Скопје

Во Скопје започна одбележувањето на еден век постоење на Зоолошка градина Скопје, при што градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави низа активности, инвестиции и модернизација со цел унапредување на условите за животните и подигнување на образовната и едукативната улога на институцијата.Од градот истакнуваат дека оваа година има посебно значење бидејќи се одбележуваат 100 години од постоењето на Зоолошката градина, период кој е опишан како исполнет со спомени, детска радост и вредности што траат. Според најавите, јубилејот истовремено претставува и обврска за создавање подобри услови и посигурна иднина за објектот.Во рамки на најавените активности, се планира соработка со стручни експерти и воведување нова организациска и развојна динамика, со цел враќање на Зоолошката градина во Европска асоцијација на зоолошки градини и аквариуми и подигнување на европските стандарди за грижа за животните, едукација и доверба кај посетителите.Покрај инвестиции и модернизација, најавени се и нови содржини, со кои Зоолошката градина треба да прерасне во простор за учење, доживување и градење еколошка свест. Дел од иницијативите опфаќаат и кампањи за поддршка и грижа за животните, во кои граѓаните ќе можат директно да учествуваат.Од градските власти порачуваат дека со овие активности се отвора нова фаза во развојот на Зоолошката градина, со визија таа да се модернизира и да го зацврсти своето значење како една од клучните јавни институции во Скопје.

Скопје | пред 3 дена

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започнал процесот на одгасување на депонијата Вардариште, по изработена физибилити студија.Тој истакна дека се мапирани 22 точки, односно бунари за собирање на отпадни гасови кои со години се акумулирале на оваа локација. Од сите бушотини ќе се земаат примероци кои ќе бидат анализирани во сертифицирани лаборатории, со цел точно утврдување на количеството и составот на гасовите.Паралелно со тоа се спроведува и темелно површинско чистење на депонијата.Ѓорѓиевски порача дека Вардариште ќе биде целосно трансформирано и дека просторот, кој со децении бил симбол на запоставеност и еколошки ризик, ќе добие нова намена.На оваа локација е најавена изградба на современ мега парк со површина од околу 300.000 квадратни метри, наменет за рекреација, спорт и зеленило.Дополнително, е најавена и изградба на мост што ќе ги поврзува општините Гази Баба и Аеродром, со цел намалување на сообраќајниот метеж и подобра градска поврзаност.Од Град Скопје порачуваат дека проектот претставува почеток на долгорочна еколошка и урбана трансформација на овој дел од градот.

Скопје | пред 6 дена

media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

По повод Велики Четврток, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски упати порака за хуманост и солидарност, нагласувајќи дека празникот е време кога поддршката е најпотребна за најранливите категории граѓани.Тој истакна дека грижата за бездомните лица е показател за човечноста на едно општество, особено во услови кога дел од нив се соочуваат со недостиг на основни услови за живот.Во рамки на денешните активности, заедно со претседателот на здружението за помош на бездомни и социјално загрозени лица, Тони Станковски, биле поделени повеќе од 300 оброци за лица во социјален ризик.Градоначалникот посочи дека поддршката нема да застане тука и потсети дека од почетокот на неговиот мандат се вработени десетина бездомни лица, на кои им е обезбедено сместување и можност за нов почеток.Тој порача дека ќе продолжи со активностите насочени кон подобрување на условите за живот и намалување на бројот на лица кои живеат без основни средства за егзистенција, потенцирајќи дека секој човек заслужува достоинствен живот и празници исполнети со грижа и внимание.

Скопје | пред 1 седмица

park

(Видео) Ѓорѓиевски: Ги уредуваме патеките и поставуваме нова опрема во Градскиот парк

Градскиот парк во Скопје добива освежен изглед преку тековните активности за уредување на пешачките патеки и обновување на инфраструктурата. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека во моментов се поставува бела ризла на патеките, а просторот се опремува со нови клупи и канти за отпадоци.Градскиот парк е срцето на Скопје, каде градот дише, а луѓето уживаат во природата. Во овој момент ги уредуваме пешачките патеки со поставување на бела ризла и ја обновуваме урбаната опрема со нови клупи и канти за отпадоци, напиша градоначалникот.Покрај техничкото уредување, паркот се оплеменува и со нови садници со цел да се создаде позелена и похумана средина за посетителите.Да го чуваме и да уживаме во него, затоа што ова е наше заедничко богатство кое треба да го оставиме и на идните генерации – потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 седмици

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

„Од критични 130, денеска секојдневно од гаражите на ЈСП излегуваат по 180 автобуси“, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека состојбата со јавниот градски превоз значително се подобрила во споредба со претходниот период. Одговарајќи на советнички прашања, тој истакна дека бројот на функционални возила на ЈСП Скопје постојано расте.Според него, од критични 130 возила, денеска секојдневно од гаражите на претпријатието излегуваат по 180 автобуси.„Имаме зголемување од 50 функционални автобуси во изминатиот период. Дали состојбата е идеална? Далеку е од тоа, но даваме максимум“, нагласи Ѓорѓиевски.Тој додаде дека проблемите со приватните превозници се решаваат преку исплата на заостанатите долгови кои со години се таложеле, со што се зголемува бројот на возила и кај нив.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека денеска се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, во рамки на реконструкцијата на булеварот „Македонија“ во Скопје.Според него, во првата фаза од проектот е извршена реконструкција и рехабилитација на постојниот коловоз, како и проширување на дел од сообраќајните ленти на булеварот „Борис Трајковски“, улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“.Ѓорѓиевски истакна дека улицата „Пролет“ е проширена со дополнителна коловозна лента на потегот од полициската станица „Пролет“ до Тутунскиот комбинат, а раскрсниците се уредени со нови сообраќајни острови.Во текот на вечерта ќе биде извршено и целосно обележување на коловозот, по што сообраќајницата ќе биде подготвена за користење.Тој најави дека во следните фази ќе се градат кружен тек кај „Нова Македонија“, уште два кружни тека меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“, како и проширување на булеварот „Св. Кирил и Методиј“.Паралелно, се работи и на атмосферската канализација, при што се поставуваат повеќе од 60 шахти и сливници.Подземната сообраќајница, која е дел од третата фаза, ќе има шест ленти – четири за автомобилски сообраќај и две за јавен превоз, како и пешачки патеки. Според проценките на градските власти, со нејзиното пуштање во употреба се очекува намалување на метежот за 33 проценти.

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

„Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо! Со особено задоволство, денес се одржува ‘Скопје Опен Рамус 2026 Г1’, најголемиот спортски настан во Македонија кој ги обединува најдобрите“, објави Орце Ѓорѓиевски.На турнирот учествуваат над 1000 спортисти од 41 држава, кои се борат за олимписки бодови водечки кон Летните олимписки игри. „Скопје денес е симбол на спортскиот дух, заедништвото и победничката енергија“, додаде тој, изразувајќи благодарност до организаторите и до премиерот Христјан Мицкоски за поддршката на спортот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryho2e8d01qfp74MIokAz

Ѓорѓиевски: Нова зона со над 1.300 паркинг-места и дигитални услуги за „Градски паркинг“ во Аеродром

Орце Ѓорѓиевски, информира дека е означен почетокот на нова зона за паркирање и воведување дигитални услуги за корисниците на ЈП „Градски паркинг“ во Општина Аеродром.Како што објави Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, и директорот на претпријатието, Владимир Кроневски, бил означен стартот на зоната Д12, која се наоѓа во Реонскиот центар во Аеродром.„Станува збор за простор кој се уредуваше во повеќе фази, поради неговата големина и значење. По добивањето на сообраќајното решение, пристапивме кон целосно уредување на јавната површина со поставување вертикална и хоризонтална сигнализација“, наведува Ѓорѓиевски.Во рамки на зоната се обезбедени 1.302 паркинг-места, од кои 32 се наменети за лица со попреченост, односно вкупно 1.334 уредени позиции. Зоната ги опфаќа улиците 1612 и 1613, односно целиот Реонски центар.Од 1 април, станарите и правните и физичките лица со дозвола ќе можат да паркираат исклучиво во зоната за која ја поседуваат дозволата. Станарите ќе имаат можност за две бесплатни дозволи за возила, додека за останатите корисници цената ќе изнесува 25 денари за час.Канцеларијата за аплицирање ќе се наоѓа во зградата на Рударскиот институт на булеварот „Јане Сандански“.Паралелно, како што посочува Ѓорѓиевски, се воведуваат и нови дигитални услуги. Од 1 април 2026 година, граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, како и да вршат онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи.Дополнително, во тек е подготовка и на нова зона за паркирање во Ново Лисиче, која ќе обезбеди 2.719 нови паркинг-места.„Посветено работиме на воведување ред во паркирањето, намалување на сообраќајниот хаос и создавање фер и функционален систем кој ќе им служи на граѓаните“, истакнува Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 седмици

Screenshot-2025-08-24-at-11.14.20

Град Скопје со поддршка за онколошките пациенти: Како до еднократна парична помош?

Град Скопје продолжува со конкретни мерки за поддршка на најранливите граѓани, соопшти Орце Ѓорѓиевски. Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2026 година, ќе се обезбедува еднократна парична помош за онколошки пациенти, како мал, но значаен чекор за олеснување на нивното секојдневие и борба со болеста.Право на помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на Град Скопје, вклучувајќи ги општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари.За да се оствари правото, потребно е да се достави барање за еднократна финансиска помош, копија од важечка лична карта, документ од надлежен орган што ја потврдува состојбата (дијагноза или отпусна листа), копија од трансакциска сметка, потврда дека лицето е онколошки пациент, а документацијата да не е постара од шест месеци од поставувањето на дијагнозата. Барањето и целокупната документација се поднесуваат преку Архивата на Град Скопје, во затворен плик со назнака: „Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти“.Орце Ѓорѓиевски нагласува: „Ова, почитувани, е порака дека никој не е сам. Дека зад секоја борба стои некој кој верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови, постои рака што ќе ве поддржи и надеж што не згаснува. Заедно сме посилни.“Оваа мерка е дел од заложбата на Град Скопје за грижа кон граѓаните и поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Македонија | пред 4 седмици

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Со подземната сообраќајница метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека булеварот Македонија е еден од најсериозните капитални проекти за градот којшто било кога во минатото е започнат да се реализира„Започната е првата фаза и припремите на она што би значело влез во подземната сообраќајница. Во меѓу време, за да не губиме време, распишана е постапка и за втората фаза, којашто би значела пополнување на подвожњак којшто е кон Министерството за внатрешни работи од страната од кај Рамстор и нивелација на цел тој простор, два кружни тека и 7 метра влез.До почеток од некаде на наредна година, нашиот план на динамика е, еве нека биде до средината на наредна година, да овој дел од Кисела Вода биде целосно завршен и ни остануваат двете последни фази.Тоа е четврта лента наспроти Рамстор, каде што има три ленти во моментов, и завршување на излезот практично од Лимак, и спојување на цел потег со Католичка црква, до крајот на мојот мандат. Јас убеден сум искрено дека и порано ќе биде завршен проектот, но тоа е, повторно ќе кажам, прв проект од ваков тип обемен, којшто се работи во градот Скопје, којшто по сите студии за најмалку 33% ќе го намали со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryu3oc6m0brbrdc36Jw0A

Ѓорѓиевски: Завршува изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави: „Делата говорат! Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива – посветено и со визија. Во завршна фаза е изградбата на улицата ‘Фрањо Клуз’ во Аеродром, која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот. Се работи со полна динамика, и дење и ноќе, затоа што скопјани заслужуваат модерен, функционален и безбеден град.“Тој додава дека во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација. „Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите. Секој сегмент се изведува по сите пропишани стандарди. Од наредната недела, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица“, напиша Ѓорѓиевски.Тој истакнува: „За само три месеци од преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, покажавме дека кога се работи со срце, визија и чесна намера – резултатите се очигледни. Не ветивме чуда, туку работа. И работиме. Ова е само почеток. Следува најголемата инфраструктурна обнова досега. Ќе се работи рамномерно, во секој дел на Скопје, затоа што секој заслужува исти услови, исти шанси и ист квалитет на живот. Мојот народ го заслужува најдоброто!“

Скопје | пред 1 месец

media-libraryesc166ius7ee6bDPcdr

Орце планира во јуни наредната година да сече лента за новиот Луна парк

Градоначалникот на Скопје најави дека новиот Луна парк во Градскиот парк во Скопје ќе биде отворен во јуни наредната година. Тој истакна дека паркот ќе претставува модерна и забавна дестинација за младите, која ќе биде гордост не само за Скопје, туку и за целата држава.„Луна паркот наредната година до јуни месец, мислам дека ќе биде погоден месец да сечеме лента да и конечно новата генерација млади граѓани не растат како ние во минатото да немаме можност да посетиме Луна парк туку една нова приказна на градскиот парк да дадеме со тој нов Луна парк. мене ми е жал што ете неколкумина не ја препознаваат потребата да имаме вакво нешто во градскиот парк, па негодуваат изминатиов период, но тоа се поединци кои не се согласуваат да има Луна парк. Таму ќе има Луна парк тоа ќе биде нешто со кое ќе се гордее не само градот, туку и државата, тоа ќе биде еден најубав забавен парк во целиот регион, не само во Македонија“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-librarys2h0eh7nlkrb7lZJ06o

Ѓорѓиевски најавува строги контроли за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилени контроли и конкретни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во главниот град. Тој истакна дека, иако не е директно надлежност на градот, ќе соработува со Министерството за животна средина за спроведување строги контроли врз индустриските и потенцијално загадувачки објекти, со цел заштита на амбиенталниот воздух и јавното здравје.„Чекорите наши се во насока да има строги контроли. На долг рок, ние мораме да работиме кон тоа да сите потенцијални загадувачи, цела потешка индустрија на некој начин, ние да ја отстраниме од Централното градско подрачје.Знам дека тоа е приватна сопственост, знам дека имаат и од другите страни аргументи, не е само, УСЈЕ единствен којшто би требало да се споменува на ова тема, има уште неколку такви во градот Скопје, но многу е важно што сега, за разлика од минатото, не се молчи. Јас како градоначалник дадов поддршка на таа иницијатива и не престанав да давам поддршка и понатаму, и ќе давам до крајот на мојот мандат, но не само да давам декларативна поддршка, туку и ќе се борам во целиот процес.Она што е освен контроли, а треба да биде јасна регулатива, е да си најдат алтернативен начин на загревање таму и алтернативен начин на производство. Затоа што и она што го посочуваат граѓаните како проблем, а тоа е сите оние работи кои излегуваат во јавност и коишто се согоруваат дел од нив таму, е сериозен проблем и треба да стане минато. Зборам ако треба ние да се грижиме за животната средина и тие декларативно не го прават тоа, декларативно се грижат со садење на дрвца по општините, тогаш треба барем системот на загревање и преработка на материјали таму да се сведе на еколошки горива.И тоа е нешто од коешто не отстапуваме, драго ми е што повторно ќе кажам, и владата е на иста линија, и со мене, со градот Скопје, со советниците, но и со граѓаните, и тука по нас на тоа прашање ќе правиме сериозен притисок, институционален, нормално во рамките на законот. Сето она што би значело отпор поврзан со тоа прашање, би значело и друг пристап кон вршење на активностите таму, и тоа е прашање на коешто понатаму нема да се повлечеме ни јас, како градоначалник на градот Скопје, ниту советот на градот Скопје, ниту па кој било од службите на Министерството за животна средина“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-librarykplf96e8mim9bvsfGjy

Ѓорѓиевски најавува промена на возниот ред на ЈСП

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во гостувањето на Сител изјави дека во периодот којшто следи неопходно е да се спроведе промена на возниот ред на ЈСП„Повеќе децении возниот ред во Скопје не е променат. При тоа, во моментите кога е правен во минатото, не се предвидени некои нови населби коишто во меѓувреме се прошириле или пак никнале на територија на градот Скопје, некаде каде што имало засилени потреби од автобуси, веќе е намалена потребата од автобуси, што значи дека тоа ќе биде еден процес којшто ќе го водиме во наредниот период, но не сакам јас тоа да биде процес којшто ќе го направиме преку ноќ, брзоплето, и повторно да имаме пропусти во системот. Затоа, кога велам дека тоа ќе го правиме прецизно, подразбира, и да ги вклучиме максимално и граѓаните со своите забелешки“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

СДСМ со иронично „извинување“ до Орце Ѓорѓиевски за тендерите

СДСМ со иронична реакција упати „извинување“ до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откако тој ги демантираше дека чантата на неговата сопруга чини илјадници евра.„Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп.За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник.20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година.76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година.Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56те тендери на Пирамид билдинг, каде е татко му на шефот на Кабинет на Мицкоски, Нелоски?Или да се извинуваме и 74-те тендери на Ленди груп вредни 17.5 милиони евра?Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе?А што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е.Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8or03dufbgj969sVn5x

Ѓорѓиевски и даде рок од 24 часа на СДСМ да се извини: Нема да отворам теми за златни визи, станови и згради во Дубаи и Козле

По објавата на СДСМ дека чантата на сопругата на градоначалникот на Скопје чини 30.000 евра, на социјалните мрежи се огласи Орце Ѓорѓиевски. Тој побара од партијата во рок од 24 часа да се извинат на нивниот официјален фејсбук профил каде беше објавена информацијата.„СДС, ташната не е реалност, ама златните визи и зградите во Дубаи и Козле, се!СДС повторно докажа дека нема ден без сопствено „лизгање“. Очигледно, тоа им е последната преостаната дисциплина. Во обид да привлечат внимание и барем накратко да го прикријат политичкиот дебакл во кој се наоѓаат, повторно пуштаат лажни вести кои се нивен заштитен знак, стара навика и очајнички обид да останат релевантни.Сето ова можеби ќе беше само уште една евтина манипулација, доколку не продолжија по најниската можна линија, а тоа е мешање на моето семејство.Истата матрица ја гледавме и за време на кампањата, кога мета на анонимни и нереализирани ботови беше мојот син.Денес, без срам и без граници, ја продолжија приказната преку мојата сопруга.Во своето соопштение тврдат дека на вчерашната промоција на отчетот за 100 дена од сработеното таа носела чанта од „луксузен бренд“. Очигледно заборавиле дека денес сè е проверливо и дека граѓаните одамна не се наивни. И, удрија во ѕид. Повторно.Фактите се едноставни и кристално јасни, чантата што ја носи мојата сопруга чини 945 денари купена од македонска продавница. Не 30.000 евра. Туку 945 денари. Толку од нивната сензација и „ексклузива“.Кога не можат да најдат ниту една сериозна замерка за работата на Скопје, кога гледаат дека градот повторно се исправува на нозе и дека резултатите се видливи, тогаш се служат со вакви лаги. Со ниски удари, со фабрикувани приказни и со напади врз семејството, затоа што политика и аргументи одамна немаат.Јас нема да паѓам на нивното ниво и да потсетувам во какви луксузи живеат семејствата на нивните челници и функционери.Нема да отворам теми за златни визи, за станови и згради во Дубаи, во Козле „подарени“ луксузни Q8-ци и слични симболи на нивната лажна скромност.Ќе го задржам нивото на комуникација, иако јавноста многу добро знае кој како живее и од што.За разлика од нив, јас водам скромен живот. Живеам во стан.Возам сопствен автомобил. Ништо повеќе и ништо помалку. И мојот народ тоа го знае.Јас ќе продолжам да работам за моите скопјани. Секој ден и секоја ноќ. Беспоштедно. А тие нека тонат во сопствената мизерија и во лагите со кои со години се обидуваат да опстанат.Барам јавно извинување од СДС во рок од 24 часа, објавено на истата Фејсбук-страница каде што ја пласираа лажната вест, како и во медиумите.Доколку тоа не се случи, ќе поднесам пријава и ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на мојот и угледот и честа на моето семејство.Политиката може да биде жестока, но не смее да се води преку лаги, подметнувања и лични дискредитации.Времето на валкани игри, завршува“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски вечерва во Филхармонија ќе го презентира отчетот за првите 100 дена од мандатот

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.На настанот ќе бидат презентирани реализираните проекти, тековните активности и приоритетите во насока на развој и модернизација на градот, информираат од Град Скопје.„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните.Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното.Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ.Она што го постигнавме е само почеток.Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните.Ова не е само мој успех.Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку.Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат.И да, пред нас има уште многу работа.Ќе има и предизвици.Но ние не се откажуваме!Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно.За секој еден од вас.За достоинствен град“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarybi0odh8prsb2eFEdEfP

(Видео) Со три гребалки и 30 камиони интензивно се работи на улицата „Перо Наков“, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вчеравечер објави фотографии и видеа од работните активности на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба.„Се работи и навечер, за наше Скопје!Додека градот мирува, машините не запираат.Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба - за првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери.Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање.По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува.Делница што секојдневно ја користат илјадници жители, а со години беше во катастрофална состојба и претставуваше сериозен предизвик за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.Тоа време завршува.За Гази Баба започнува нова ера на уредна општина, безбедност и достоинствено секојдневие.Реконструкцијата е темелна и сеопфатна и опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, целосна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, поставување современо улично осветлување и подземно поставување на операторските мрежи.Дополнително, просторот се оплеменува со џебови за паркирање и уредени позиции за контејнери.Со овие зафати, целосно се менува ликот на овој дел од населбата и се создава современ, функционален и безбеден урбан простор, по мерка на граѓаните.Продолжуваме со силно темпо и со целосна посветеност, затоа што секој реализиран проект е чекор поблиску до подобар, поуреден и посовремен град.Скопјани заслужуваат улици по кои се движат со сигурност, со гордост и со чувство дека градот навистина се грижи за нив.Најдоброто, доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-library606cc1unvdqu1634jJM

Се деблокира експропријацијата, 850 метри „голгота“ заминуваат во минатото - до крајот на годината четири ленти и нова патека на „Борис Трајковски“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е постигнат договор за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најфреквентните сообраќајни правци во градот, кој секојдневно го користат повеќе од 100.000 жители.Ѓорѓиевски информира дека одржал средба со стопанствениците долж трасата, при што бил постигнат договор за забрзано спроведување на експропријацијата – процес што, како што наведе, во минатото останал недовршен. Со тоа, според него, се отвора патот за реализација на проектот кој со години бил најавуван, но не и реализиран.Булеварот „Борис Трајковски“ е еден од приоритетите во рамки на капиталните инфраструктурни зафати, а градоначалникот оцени дека неговата недовршеност претставувала сериозен проблем за жителите на овој дел од градот.Во најскоро време се очекува објавување на јавната набавка, а проекциите, според најавата, се дека изградбата ќе биде завршена до крајот на оваа календарска година.Станува збор за делницата од околу 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, која треба да добие современо решение со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека.Градоначалникот апелираше за трпение од граѓаните за време на градежните активности, оценувајќи дека привремената непријатност ќе резултира со трајно и безбедно сообраќајно решение.

Скопје | пред 2 месеци

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски: Интензивна инфраструктурна офанзива во Скопје, продолжува реконструкцијата на „Фрањо Клуз“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градежните активности во главниот град се одвиваат со засилена динамика, оценувајќи дека реализацијата на проектите е доказ дека ветувањата се претвораат во конкретни дела.Тој посочи дека во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, една од клучните сообраќајници во општина Аеродром. По, како што наведе, децениска запоставеност, улицата добива нов двослоен асфалт, нови рабници и целосно уредени тротоари, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста за сите учесници во сообраќајот.Паралелно, интензивни градежни зафати се реализираат и на улицата „Никола Парапунов“, каде се поставуваат нови, пошироки и побезбедни тротоари, со подобрена пешачка пристапност и современо урбано уредување. Според Ѓорѓиевски, со овие интервенции просторот добива нов лик, а жителите – поквалитетни услови за секојдневно функционирање.Тој најави дека со подобрување на временските услови, од пролет ќе започне реализацијата на повеќе капитални проекти кои, како што истакна, ќе придонесат за засилена инфраструктурна трансформација на градот.„Ова е новото време за Скопје. Време на работа, резултати и одговорност“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека активностите ќе продолжат со засилено темпо во наредниот период.

Скопје | пред 2 месеци

media-library10rh3ijr5hi83TLtPSG

Четири ленти, нови тротоари и заштитно зеленило – стартува проектот за „Македонско-косовска бригада“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на реализацијата на основниот проект за изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.Според него, станува збор за значајна сообраќајна артерија што ќе ја подобри поврзаноста и проточноста во овој дел од градот. Проектот предвидува четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки во двете насоки, како и нови тротоари со ширина од по два метри.Во рамки на изградбата е планирано и поставување заштитно зеленило од двете страни на булеварот, како и проширување на просторот кај автобуските стојалишта, со цел подобрување на јавниот превоз и зголемување на безбедноста на патниците.„Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура. Секоја инвестиција треба да значи подобар квалитет на живот, поголема безбедност и почиста урбана средина“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека со овој проект се создава нов, позелен и поорганизиран урбан простор.Тој најави дека со подобрувањето на временските услови напролет ќе започне поинтензивна реализација на инфраструктурни проекти низ градот, со цел, како што посочи, рамномерен развој во сите општини.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarya1d5ulkd5lsgdFLmOqC

Ѓорѓиевски: Депонијата кај гробиштата Бутел се чисти по третпат, ќе бараме повисоки казни

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека депонијата во близина на гробиштата Бутел се чисти по третпат откако тој ја извршува функцијата и најави зголемување на казните со цел да се воведе ред.Тој посочи дека просторот со години бил запуштен и дека станува збор за место кое треба да биде уредено и достоинствено, особено во пресрет на верските празници кога граѓаните ги посетуваат гробиштата. Според него, во изминатите четири дена повторно се спроведува акција за расчистување, во координација со Општина Бутел.Ѓорѓиевски нагласи дека градот повеќепати троши ресурси за истата намена, ангажирајќи вработени, камиони и механизација, наместо тие средства да се насочат кон изградба и развој. Најави дека во наредниот период ќе следува посериозно постапување против несовесните граѓани.Како претседател на ЗЕЛС, тој побара што поскоро да се донесат законските измени поврзани со комуналната полиција, во кои е предвидено и зголемување на глобите, со цел, како што рече, конечно да се воспостави ред и во овој сегмент.

Скопје | пред 2 месеци

media-library6cin2kbp0uh497FNC3b

Орце тврди дека ќе воведува ред: На Бит Пазар ќе го урива „Али тобако“ оти е на велосипедска и пешачка патека

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите истакна дека мора да се воведе ред со дивопоставените објекти низ градот.„Дивопоставените објекти насекаде низ градот граѓаните бараа ред, бараа 30 години наназад, јас кажав дека ред ќе има. Јас знам дека во одредени процеси некој нема да го прими тоа позитивно, затоа што му го нарушувам комодитетот којшто 30 години некој му го дозволил да го има на сметка и на грбот на граѓаните и на градот Скопје и општините. Тоа се луѓе коишто немаат никаков документ за поставеноста таму. Тоа се генерално објекти коишто узурпираат велосипедски, пешачки зони но и многу градски зелени површини. Има неколку примери во одредени општини. Пример општината од кај што доаѓам јас, во сред амбуланта има поставено времени објекти без никаков документ. Тоа е редот и достоинството кое граѓаните го заслужуваат? Не. Ред мора да има. На Бит Пазар има едно тобако коешто невозможно е да се функционира од тоа тобако, на сред велосипедска и пешачка патека, ќе биде отстрането. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор и невозможно функционирање на граѓаните. Таму ќе постапуваме. Мораме да градиме систем во кој ќе има ред. Вие како новинар и вашите родители, во овие 30 години и повеќе независност на државата, ви дозволил некој да поставите во сред градски парк објект? Не ви дозволил. На некого му го дозволиле тоа. Е сега треба да го направиме редот“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryp6p9kt237kud8gtSvsy

Ѓорѓиевски по изборот во Извршниот комитет: Должност што се прифаќа со исправен грб и целосна посветеност

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со јавно обраќање ја изрази својата благодарност за укажаната доверба да биде избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека станува збор за должност што се прифаќа со целосна одговорност, исправен грб и подготвеност за пожртвувана работа во интерес на државата и граѓаните.Ѓорѓиевски нагласи дека довербата добиена од претседателот Христијан Мицкоски за него претставува чест, но и обврска за уште поголема посветеност кон визијата за подобро Скопје и посилна Македонија. Тој потсети дека патот до овој момент не бил лесен и дека политичките победи не биле подарени, туку освоени со истрајност, жртва и верба, што, според него, ја зацврстило и ја обединило партијата.Во своето обраќање, Ѓорѓиевски се наврати и на својата лична политичка биографија, посочувајќи дека неговата приказна со ВМРО започнала уште на 16-годишна возраст, кога бил претседател на местен комитет, по што чекор по чекор минувал низ сите партиски нивоа до членство во највисокото партиско тело. Тој истакна дека токму тешките периоди го градат карактерот, а лидерството се докажува кога условите се најпредизвикувачки.Ѓорѓиевски порача дека актуелното раководство, рамо до рамо со претседателот на партијата, има јасна намера да остави траен белег и да ја испише историјата, потенцирајќи дека периодот што следи ќе биде обележан со интензивна работа заедно со општинските комитети, партиските ветерани, Унијата на млади сили и Унијата на жени. Според него, фокусот ќе биде ставен на мотивирана, обединета и цврста политичка акција во интерес на граѓаните, идните генерации и развојот на државата, со уверување дека Македонија ја очекува убава иднина.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7sujn196t63d8lAgr1J

(Видео) Мустафаоглу контра Ѓорѓиевски: Во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позиции

Советничката во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, од редовите на опозициската Левица, по седницата на град Скопје, од која градоначалникот се пофали дека спречил непотребно вработување во градската администрација, излезе со сосема спротивен став.- Добро сум проценила дека ќе си извади рил градоначалникот за “храбриот потег” да не дозволи 21 вработување во Градската администрација по распишан јавен оглас од претходното раководство.Но, реалноста е поинаква, а согласно годишниот план за 2026 (предложен од актуелниот градоначалник) во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позицииПиарот навлегува во лага кога ги имаме фактите… - пишува во објавата на Мустафаоглу.Tаа сподели и видео во кое се обраќа од градското собрание и истакнува дека во планот за вработување во градот за оваа година се планираат многу позиции, од кои дел биле пополнети со преземање луѓе од општина Кисела вода, но посочи и на позиции кои нејзе и звучат како непотребни.„Од овие вработувања коишто се предвидени во ова предлог одлука, делумно ги имате исполнатo со на преземање од Kисела Вода. Значи, на некоја позиција нема да бидат според јавниот оглас.Морам да напоменам дека годишниот план за вработување во град Скопје за 2026 година го имавме поддржано, исклучиво поради пожарникарите коишто беа предвидени дека ќе се вработуваат во 2026 година, меѓутоа, овдека е убаво да се истакне фактот што имаме 42 позиции коишто предвидуваме дека треба да се пополнат.На пример, ева градоначалникот нека ми објасни дали е потребно и колку е потребно помлад соработник за превод на англиски јазик во годишната програма за 2026 година, раководител на одделение за управување со квалитет, советник за давање на информации за градоначалникот, раководител на одделение за координација на активностите на градоначалникот, советник за подготовка на материјали и документација за заштита од бучава., раководител на одделение за техничко регулирање на сообраќај, советник за контрола над работите во доменот на изведба на одржувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, виш, соработник за категоризација и менување на улици, самостоен референт за документација, помлад соработник во занаетчиство и трговија, самостоен референт за документација, самостоен референт за административна поддршка, самостоен референт за персонална евиденција“, изјави Мустафаоглу.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања