Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓиевски по изборот во Извршниот комитет: Должност што се прифаќа со исправен грб и целосна посветеност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryp6p9kt237kud8gtSvsy

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со јавно обраќање ја изрази својата благодарност за укажаната доверба да биде избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека станува збор за должност што се прифаќа со целосна одговорност, исправен грб и подготвеност за пожртвувана работа во интерес на државата и граѓаните.

Ѓорѓиевски нагласи дека довербата добиена од претседателот Христијан Мицкоски за него претставува чест, но и обврска за уште поголема посветеност кон визијата за подобро Скопје и посилна Македонија. Тој потсети дека патот до овој момент не бил лесен и дека политичките победи не биле подарени, туку освоени со истрајност, жртва и верба, што, според него, ја зацврстило и ја обединило партијата.

— реклама —

Во своето обраќање, Ѓорѓиевски се наврати и на својата лична политичка биографија, посочувајќи дека неговата приказна со ВМРО започнала уште на 16-годишна возраст, кога бил претседател на местен комитет, по што чекор по чекор минувал низ сите партиски нивоа до членство во највисокото партиско тело. Тој истакна дека токму тешките периоди го градат карактерот, а лидерството се докажува кога условите се најпредизвикувачки.

Ѓорѓиевски порача дека актуелното раководство, рамо до рамо со претседателот на партијата, има јасна намера да остави траен белег и да ја испише историјата, потенцирајќи дека периодот што следи ќе биде обележан со интензивна работа заедно со општинските комитети, партиските ветерани, Унијата на млади сили и Унијата на жени. Според него, фокусот ќе биде ставен на мотивирана, обединета и цврста политичка акција во интерес на граѓаните, идните генерации и развојот на државата, со уверување дека Македонија ја очекува убава иднина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања